3Продолжува судењето за екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов, вештакот тврди дека нема контаминација на доказите
СветДедото на новата шефица на британското МИ6 бил нацистички шпион, познат како „Касапот“Дедото на Блез Метревели, новата шефица на британската тајна разузнавачка служба МИ6, бил нацистички шпион познат како „Касапот“, според британските медиуми.Дејли меил, кој прв ја откри семејната врска, објавува дека пронашол стотици страници документи во архива во Фрајбург, Германија, кои покажуваат дека нејзиниот дедо бил познат како „Касапот“ или „Агент број 30“, пренесе Би-Би-Си. Тој наводно ги потпишувал своите писма до своите нацистички претпоставени со „Хајл Хитлер“ и рекол дека „лично“ учествувал во „истребувањето на Евреите“. Заедно со малку познатата поширока позадина на нејзиното минато, документите покажуваат дека нејзиниот дедо бил Константин Доброволски, кој пребегнал од Советската Црвена армија и станал главен нацистички информатор во Чернигов, Украина. Метревели се приклучил на разузнавачката служба во 1999 година Сепак, Министерството за надворешни работи, зборувајќи во име на МИ6, рече дека Метревели „не го познавала ниту го запознала нејзиниот дедо по таткова линија“. „Неговото потекло се карактеризира со конфликт и поделби и, како што е случајот со многумина со источноевропско наследство, само делумно е разбрано“, додаде портпаролот на министерството. Порано овој месец, британската влада ја назначи Блез Метревели за шеф на МИ6, што ја прави првата жена на чело на шпионската агенција. 47-годишната Метревели моментално е главен технолошки директор на МИ6, позната како „Кју“, и се приклучила на разузнавачката служба во 1999 година и поголемиот дел од својата кариера го поминала на оперативни позиции на Блискиот Исток и Европа. Ричард Мур, сегашниот шеф на МИ6, ќе се повлече на есен по петгодишен мандат. Премиерот Кир Стармер нагласи дека назначувањето на Метревели доаѓа во време кога Велика Британија „се соочува со закани од невидени размери“. „Знам дека Блез ќе продолжи да обезбедува одлично лидерство потребно за одбрана на нашата земја“, рече тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУставен одговори на протестот на ДУИ за преименуваните улици во ТетовоГруба политизација со апрсурдни и бесмислени напади упатени кон Уставниот суд...Вака првиот човек на Уставен Дарко Костадиновски го оцени протестот организиран од ДУИ поради преименувањето на улиците во Тетово, кои беа укинати со одлука на судот. Порача дека ваквите протести се насочени против владеењето на правото, а нападите од партиите за работата на судот кои како што посочи Костадиновски траат од почетокот на неговиот мандат ги смета за комплименти и смета дека тие се доказ дека Уставен добро си ја врши работата. Порача дека судот ја донел одлуката во во законски пропишана постапка. Уставниот суд како што најави Костадиновски наскоро ќе постапува по иницијативата за намалените плати на јавните обвинители. Според него нивните примања треба да бидат усогласени со нивниот статус, обврски и должности. За ниската доверба во правосудството Костадиновски прстот го впери во дел од обвинителите и судиите но и во извршната власт и нејзината супериорна надмоќ на над другите власти, како и во ниската политичка култура. За начините на зајакнување на довербата во правосудството ќе се разовара и на меѓународна конференција на Балканскиот форум на уставни судии со кој во измнатата година претседава македонскиот уставен суд, а на која ќе бидат споделени искуствата авта од над 30 уставни судови. Конференцијата ќе се одржи од 12 до 14 ноември во Охрид. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРокас: Се надевам дека многу работи за македонските евроинтеграции се прават зад радаротОчекувам Македонија да го следи примерот на четирите земји кандидатки кои денеска вОчекувам Македонија да го следи примерот на четирите земји кандидатки кои денеска во Брисел отворија или затворија пглавја и кластери и да го искористи расположението за пропирување во унијата – рече ЕУ амбасадорот во земјава Михалис Рокас прашан која е неговата порака за Македонија чии почеток на преговори е усовен со носењето на утавните измени.... „ Значи веќе имаме притиснато, згазено на гас. Значи веќе има четири земји со коишто процесот на проширување оди многу брзо. Ние искрено се надеваме дека и Македонија ќе може наскоро може да ги почне пристапните преговори и кога ова ќе се случи целиот моментум ќе се промени и убеден сум дека ќе го зграпчи тој моментум брзо. “- Михалис Рокас – ЕУ амбасадор. По денешниот исчекор во преговите на Украина, Молдавија, Црна Гора и Алабнија, лидерот на опозцииската СДСМ Венко Филипче повторно упати низа критики до Владата за нејзните политки поврзани со европскиот напредок на државата. „Вчера имаше средба во Париз по повод националниот ден на Франција и таму на местото каде се собрани сите европски лидери ние сме претставувани од вицепремеирот Беким Сали. Немам забелешка на протоколарниот дел но да не биде присутен на местото каде се сите европски лидери и може да ги искористи за да се бори за државата но избира да не оди таму. Само уште еден показател дека овој премиер за Македонија не се бори.“ - Венко Филипче – претседател на СДСМ. Во однос на исполнувањето на реформаската агенда чии рок истекува утре а изборниот законик и натаму е во ќорсокак – Рокас е оптимист дека и последната реформа може да се донесе во последен момент. Тој рече дека има инфомрација оти координаторите разговараат на дневна основа и дека се надева дека ќе постигнат консензус. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжува судењето за екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов, вештакот тврди дека нема контаминација на доказитеНемало контаминација при утврдувањето на ДНК анализата на биолошките траги пронајдени на алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350.000 евра во дупка во ѕид во семејниот дом на поранешен апелациски судија Ѓоко Ристов.Немало контаминација при утврдувањето на ДНК анализата на биолошките траги пронајдени на алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350.000 евра во дупка во ѕид во семејниот дом на поранешен апелациски судија Ѓоко Ристов и покажува совпаѓање со ДНК-профилот на обвинетиот. Ова денеска пред судот го истакна вештакот од МВР, Ана Лалевска, оценувајќи дека анализата е изработена согласно сите пропишани процедури и дека резултатите се веродостојни. Со ова практично и падна одбраната на обвинетите кои тврдеа дека додека се прибирале материјалните докази на вештаците им била скината ракавицата и со тоа бил контаминиран доказот, односно ДНК на Ѓоко Рисотв. -Добиваме брисеви подигнати од друго одделение, означени со баркодови и ги ставаме на ДНК анализата и на крајот исклучиво според ДНК профилот донесуваме стручно мислење. Заклучокот кој го добесовме е дека обезбедените траги го имаат профилот на Ѓоко Ристов- изјави Ана Лалевска, вешто лице за биолошки траги вработено во МВР. Расправата ја одбележаа и тензии меѓу обвинителката Искра Хаџи-Василева и бранителот на Ристов, Звонко Давидовиќ, поради честите приговори, по што судот ги предупреди дека ќе бидат отстранети од судницата доколку продолжат со меѓусебните расправии Одбраната пак, уште еднаш го оспори начинот на прибирањето, чувањето и вештачењето на доказите посочувајќи дека дополнително е спорно што се анализирани парчиња од алуминиумска фолија, а не самите пари, што како што истакна одбраната можно е да имало контаминација од трето лице на доказите. Обвинителството продолжи со изведување докази од вештачење на телефон одземен од затворската полиција од Ардит Арифи за која Обвинителството водело постапка против повеќе лица за проституција, продажба на дрога и перење пари, а Арифи е меѓу прво обвинетите. Ѓоко Ристов е обвинет за перење пари и прикривање имот, откако при претрес во семејната куќа во Неготино биле пронајдени 350.000 евра скриени зад кујнски плочки. Тагови: Ѓоко Ристов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook