Децата суројчари ја продолжија традицијата во Дебар - Канал 5

Децата суројчари ја продолжија традицијата во Дебар

По повод Православна Нова година, иако во многу мал број, деца суројчари во Дебар ја продолжија вековната традиција карактеристична за овој крај.

Децата суројчари ја продолжија традицијата во Дебар

Тие ги посетија православните домови, пеејќи „сура, сура година, до година повесели“, а за убавите и искрени детски желби домаќините ги даруваа со пари и слатки.

Некогаш, кога во градот живееле голем број православни, имало повеќе групи по десеттина деца, но последните години традицијата ја продолжуваат само неколку дечиња.

Едно од нив годинава беше Иван Љубиновски, кој живее во Скопје, а зимскиот распуст го поминува кај баба му и дедо му.

- Многу се радувам на посетата на децата суројчари, кои кога доаѓаат на врата, го развеселуваат домот. Фала му на Бога што продолжува традицијата - вели Десанка Секуловска.

Објаснува дека суројцата, која главно ја прават бабите, но и мајките, направена е од страк од лозница, гранчиња од леска, дрен, даб и босилек заврзани со црвен конец.

Традицијата утврдена пред повеќе од три децении на кршење василичарска погача ја продолжија и дебранките. Погачата ја подготви Доста Штерјовска, кај која лани се падна паричката, а синоќа најсреќна беше Марија Василевска, која посака здравје, среќа, благосостојба, мир во светот и продолжување на традицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Од март следната година нова авиолинија Дубаи -Скопје

Од почетокот на месец март следната година, ќе се лета директно од Дубаи за Скопје.

Николоски: Од март следната година нова авиолинија Дубаи -Скопје

Преговараме и за поврзување на Охрид со еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати. Ова поврзување ќе донесе многу за туризмот и за бизнисот, одговори денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на пратеничко прашање во Собранието.

Тој потенцира дека ова е договорено на средбата со амбасадорот на ОАЕ во Македонија, што се одржа токму денеска во Собранието.

"Она што сакам да го објавам после денешната средба со амбасадорот е дека имавме конкретна работа за која што зборувавме, а тоа е директно авионско поврзување помеѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати, што многу ќе придонесе за развојот на туризмот и на бизнисот помеѓу двете држави.

​Се договоривме дека со почетокот на новата сезона на летање, односно од март месец 2027 година, ќе се лета директно од Дубаи за Скопје. Значи ќе имаме директен авионски лет којшто ќе лета Дубаи - Скопје. Тоа е веќе договорено и Flydubai ќе почне во март 2027 година, значи за некои 6 месеци од денес, да лета директно од Дубаи до Скопје, што многу ќе придонесе за зголемување на туризмот и тоа во оној период којшто во Македонија е вонсезонски, односно во период којшто е надвор од летото.

​И втората работа којашто можам да кажам дека е сè уште во дискусија, би рекол дека е многу извесно дека ќе ја договориме, тоа е директен лет помеѓу еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати, дали ќе е Абу Даби, дали ќе е Шарџа, до Охрид, што многу ќе придонесе за развојот на туризмот. Така што тоа се двете конкретни работи коишто ги договоривме денес" -потенцира Николоски.

Како што истакна, овие конкретни договори се резултат на владината посета на ОАЕ предводена од премиерот Мицкоски.

​„.На тие средби со премиерот Мицкоски и шеикот Мохамед бин Зајед, договоривме неколку значајни работи за меѓусебната соработка.

​Првата е веќе реализирана, тоа е безвизен режим, односно веќе помеѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати се патува без визи, што е многу значајно, особено во делот на туризмот и размена на бизнисот.

​Исто така разговараме за потенцијални инвестиции. Доста македонски компании веќе почнуваат да извзуваат во Обединетите Арапски Емирати како место коешто станува центар во моментов на она што се вика претставување, пред сè во делот на саемите, коишто се селат од Западна Европа кон Обединетите Арапски Емирати. Скоро и да немате поголема индустрија којашто својот годишен саем не го има веќе префрлено во Обединетите Арапски Емирати, без разлика дали е Абу Даби, дали е Шарџа, дали е Дубаи или некое друго место" -одговори Николоски.

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Напад во манастир: Еден свештеник загина, повредени се пет лица (ВИДЕО)

Напад со нож се случил во бенедиктински манастир во полскиот град Јарослав. 

Напад во манастир: Еден свештеник загина, повредени се пет лица (ВИДЕО)

Пет лица се повредени, меѓу кои тројца свештеници и една жена. Еден свештеник почина, додека напаѓачот е уапсен, објавува порталот Rmf24.pl.

Како што дознава новинарот на RMF FM, Мацеј Палачицки, полицијата во Јарослав околу 9:30 часот била информирана дека маж со нож нападнал едно лице во бенедиктинскиот манастирски комплекс на улицата Бенедиктинска број 5.

Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, било утврдено дека пет лица - жена и четири мажи, меѓу кои тројца свештеници, се повредени. Сите се однесени во болница. Еден од свештениците починал. Состојбата на две лица е многу сериозна.

Полицијата го уапси напаѓачот. Станува збор за 31-годишен Украинец. Кај него е пронајден нож.

Нападот се случил во рамките на центарот за духовна обнова. Како што една од калуѓерките од манастирот изјави за новинар на RMF FM, напаѓачот го искористил моментот кога портата на комплексот била отворена по посетата на група млади луѓе и влегол внатре. Тој нападнал случајно избрани луѓе.

Нема повредени деца кои го посетиле манастирот или деца кои ја посетувале градинката во рамките на комплексот.

Мотивот за нападот сè уште не е познат, а полицијата и обвинителството се на местото на настанот.

Поради нападот во бенедиктинскиот манастир, околу 11 часот во зградата на градската администрација на Јарослава започна кризен штаб свикан од градоначалникот. На состанокот присуствува и поткарпатската војвотка Тереза ​​Кубас-Хул.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Упаднале во банка без маски и со пиштоли- верувале дека сок од лимон ќе ги направи невидливи за камерите

Пред единаесет години, Макартур Вилер и Клифтон Ерл Џонсон извршија серија грабежи на банки во пошироката област на Питсбург во Соединетите Американски Држави.

Упаднале во банка без маски и со пиштоли- верувале дека сок од лимон ќе ги направи невидливи за камерите

Она што го разликуваше овој случај од вообичаените грабежи не беше начинот на кој беа извршени, туку неверојатниот факт дека сторителите веруваа дека пронашле начин да станат „невидливи“ за камерите.

Клучната состојка во „Невидливото мастило“

Вилер и Џонсон упаднаа во банката Мелон во Свисвејл и во банките Парквејл и Фиделити во Брајтон Хајтс вооружени со пиштоли и со целосно откриени лица.

Тие не се обидоа да ги исклучат камерите за надзор или да го сокријат својот идентитет на кој било начин. Наместо тоа, тие намачкаа сок од лимон на своите лица, убедени дека тоа ќе ги направи „невидливи“ на снимката.

Според Вилер, Џонсон му рекол дека сокот од лимон е една од клучните состојки во „невидливото мастило“, па заклучиле дека нанесувањето на сокот директно на нивната кожа ќе ги направи нивните лица „невидливи“ за камерите?!

Сепак, тие не сакаа да се потпираат само на теорија. Придружниците решиле сè да тестираат. Го намачкале лицето на Вилер со сок од лимон, а потоа тој ја фотографирал со полароидна камера.

Фотографијата била развиена за неколку минути, а на неа го немало лицето на Вилер, објавува Дејли Стар.

„Но, ставив сок од лимон на неа“

Тие биле толку убедени дека нивната тактика ќе функционира. Полицијата подоцна претпоставила дека Вилер едноставно не ја насочил камерата кон неговото лице кога ја фотографирал, или дека филмот бил неисправен.

По грабежите на банките, на полицијата не ѝ требало долго време да ги идентификува и уапси сторителите.

За време на испрашувањето и откако ги видел фотографиите од банките, Вилер во неверица рекол: „Но, ставив сок од лимон на неа. Ставив сок од лимон на неа“.

Џонсон бил осуден на пет години затвор, откако сведочел против својот партнер. Од друга страна, Вилер добил 24 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер