Герасимовски: 16 нови липи и хортикултурно уредување на „Ленинова“, доасфалтиран последниот дел од улицата
1Герасимовски: 16 нови липи и хортикултурно уредување на „Ленинова“, доасфалтиран последниот дел од улицата
ЖивотДецата од ранливите семејства бесплатно ќе тренираат пливање и фудбал Министерството за труд и социјална политика и Фудбалската и Пливачката федерација денеска потпишаа меморандуми за соработка кои предвидуваат децата од ранливите категории семејства да можат бесплатно да тренираат фудбал и пливање.Со Меморандумот за соработка со Пиливачката Федерација се предвидува, децата на возраст од 6 до 12 години чии семејства се приматели на социјална парична помош, деца без родители и родителска грижа, и деца корисници на посебен додаток, да можат да ги користат бесплатно услугите на пливачката федерација и да посетуваат бесплатни часови по пливање на олимпискот базен. Меморандумот, пак, за соработка со Фудбалската Федерација им овозможува на децата од 8 до 16 години кои потекнуваат од семејства приматели на социјална парична помош како и децата без родители и родителска грижа да ја имаат можноста бесплатно да тренираат фудбал во младинските школи на фудбалските клубови од првата македонска фудбалска лига. - Со овој благороден проект заеднички им овозможуваме на децата од ранливите категории полесен пристап до спортот, бесплатни тренинзи и можност за сите кои немаат доволно средства а имаат спортски талент да го покажат на дело и да добијат шанса, истакна по потпишувањето министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. Бесплатните фудбалски тренинзи во младинските школи на клубовите од Првата Македонска лига и услугите кои ги нуди Олимпискиот базен и Пливачката Федерација во Скопје, ќе можат да ги уживаат сите деца, на кои Министерството за труд и социјална политика преку Центрите за социјална работа, ќе им издава потврди дека се корисници на некои од правата од социјалната заштита при што децата и нивните родители ќе траба со потврдите да се обратат во фудбалските клубови или пак во федерациите. Претседателот на Фудбалска федерација на Република Македонија, Илчо Ѓорѓиоски смета дека на ваков начин се дава можност и на оние деца чии родители немаат средства да им платат тренинзи, а тие сакаат да спортуваат и имаат талент и желба. Се надевам, рече тој, дека на ваков начин можеби и ќе добиеме фудбалери со кои во иднина ќе се гордееме. Иницијативата за потпишување меморандум како што истакна претседателот на Пливачката федерација Стефан Пулејковски е поттикната по повеќето претходни акции за помош за ранливите категории граѓани кои ги спровело МТСП. Тој апелираше овие две федерации да останат единствени и останатите да го следат овој пример и да обезбедат тренинзи и во други спортови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: 16 нови липи и хортикултурно уредување на „Ленинова“, доасфалтиран последниот дел од улицатаОпштина Центар го асфалтираше и последниот дел од улицата „Ленинова“, од „Илинденска“ до Министерството за земјоделство. Паралелно се уредуваат пешачките површини, рабниците и зеленилото, со што се привршува целосната реконструкција на улицата. Во изминатите три дена засадени се 16 нови липи, а хортикултурното уредување продолжува со садење украсни грмушки по должината на целиот потег. „Се работи за комплексен зафат, реконструкција на ,,Ленионова“ од „Партизански одреди“ до Паркот на Франкофонија. Со обновено осветлување, нови пешачки зони и коловоз, санирање на кружниот тек на кростосница со „Орце Николов“ и ново зеленило, „Ленинова“ го менува ликот, но уште поважно, станува побезбедна за сите што ја користат: пешаци, велосипедисти и возачи. Ова е улица со која центарци ќе се гордеат“, рече градоначалникот Горан Герасимовски. Во 2023 година беше реконструиран првиот дел од „Ленинова“, од булеварот „Партизански одреди“ до булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Тогаш беа поставени нов асфалт, водоводна и атмосферска канализација, реконструирани тротоарите, поставено ЛЕД-осветлување и воведен резидентен паркинг. Општина Центар - СкопјеТагови: Горан Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со министерката за надворешни работи на Унгарија, Анита ОрбанВо рамките на министерскиот состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“ во Атина, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерката за надворешни работи на Унгарија, Анита Орбан.На средбата беше изразено задоволство од континуираниот развој на односите и одличната соработка меѓу двете земји, како на билатерален план, така и во рамките на регионалните и мултилатералните формати. Соговорниците ја потврдија заедничката заложба за натамошно продлабочување на соработката во областите од заемен интерес. Посебен акцент беше ставен на европската перспектива на Западниот Балкан и на потребата од континуитет и кредибилитет на процесот на проширување на Европската Унија, како важен поттик за реформите, развојот и стабилноста на регионот. Министерот Муцунски ја поздрави силната и континуирана поддршка од Унгарија за европската интеграција на Западниот Балкан. Воедно, беа разменети мислења за актуелните регионални и безбедносни предизвици, при што беше нагласена заедничката определба за зачувување на мирот, стабилноста и натамошно унапредување на регионалната соработка.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Дамата со камелии“ – раскошна балетска приказна за љубовта на 28 ноемвриИзведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев.На 28 ноември со почеток во 19.30 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ – емотивна сценска приказна за љубовта, страста и жртвата, раскажана преку моќта на танцот и музиката на Џузепе Верди. Инспирирана од познатата приказна за Маргарита и Арман, претставата ја пренесува на балетската сцена љубовната судбина на двајцата главни ликови. Музиката на Верди, препознатлива по својата мелодиска убавина и силен емоционален набој, ја надополнува драматургијата и ја продлабочува приказната за љубовта, личните жртви и општествените ограничувања. Изведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев, еден од истакнатите руски кореографи, кој соработува со водечките балетски театри, меѓу кои „Бољшој“ во Москва и „Марински“ во Санкт Петербург. Сценографијата и костимографијата се дело на Павол Јураш од Словачка, а концерт-мајстор е Јане Бакевски. Во главните улоги на Маргарита и Арман ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз од Шпанија, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. Со раскошна сценографија, впечатливи костими, музиката на Верди и кореографијата на Василиј Медведев, „Дамата со камелии“ ја оживува безвременската љубовна приказна преку елеганцијата на балетскиот израз и силата на сценските емоции. Национална опера и балетТагови: балетска приказна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter