КултураДецата на „Мал битолски Монмартр“ ќе цртаат пред Офицерски дом во БитолаДецата од светот, учесници на меѓународната ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ денеска ќе цртаат пред Офицерски дом, најголемото архитектонско здание во Битола.Организаторот и домаќин на колонијата, детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“-Битола информира дека на предпоследниот ден, над 150 учесници од 17 држави во светот ќе цртаат мотиви од Офицерскиот дом, како и од објектите што го окружуваат овој историски важен објект за градот. -Претпладнево од 10 часот, учесниците од скоро сите континенти на планетата ќе цртаат пред Офицерски дом, на локации кои сами ќе ги изберат, на запад кон Пелистер, на север кон Широк Сокак или на југ кон Тумбе Кафе. Во вечерната програма ќе има изложба на дела од минатата година, но и завршна изложба на отворено со сите дела изработени оваа година во Битола, Охрид и бигорскиот манастир, информираа од ДЛС „Св. Кирил и Методиј“-Битола. Новото издание на меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ завршува утре претпладне со прогласување на 12 најдобри млади уметници, прогласување на најдоброто училиште и прогласување на најдобриот учесник поединец на годинешниот фестивал на ликовната уметност во Битола. Тагови: битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар Новиот министер за здравство Сашо Клековски попладнево ќе ја посети Општата болница - Гостивар откако повеќе граѓани во последните два дена со симптоми на повраќање, дијареа и температура побараа лекарска помош. По извршениот надзор било утврдено дека во главниот цевковод на водоводната мрежа, без одобрение поставена била пумпа која директно вбризгува вода од реката Вардар во овој водоснабдувачки систем. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека водата е загадена и небезбедна за употреба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалАстрономски цени за финалето на Светското првенство, се бараат и повеќе од 60.000 евра за билет!Интересот за финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија ги подигна цените на билетите до неверојатни височини, па само најбогатите навивачи ќе можат да присуствуваат на спектаклот на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси.Побарувачката за билети е огромна уште од завршувањето на полуфиналните натпревари, а цените на пазарот растат секојдневно. Според податоците од платформата за продажба и препродажба на билети, моментално најевтиниот достапен билет чини околу 7.400 евра, за место во горните редови на стадионот. За оние што сакаат најдобар поглед на теренот, цената достигнува и до 61.000 евра – сума што се бара за места веднаш до теренот, во најатрактивните сектори. Пред само неколку дена, најевтините билети можеа да се најдат за околу 2.000 евра, но поради огромниот интерес, цената оттогаш е повеќекратно зголемена. Билетите сè уште можат да се купат преку официјалниот систем на ФИФА, со претходна регистрација на веб-страницата на организаторот, а ФИФА нуди и официјална платформа за безбедна препродажба и размена на билети. Покрај стандардните седишта, во понудата се вклучени и луксузни ВИП-пакети. Најпрестижните зони „Pitchside Lounge“ и „Trophy Lounge“ се веќе распродадени, додека понудата „Champions Club“, која вклучува седишта веднаш до теренот, е сè уште достапна по цена од околу 20.000 долари.Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМинистерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Македонија„Само газење за Видиновски“ – нови закани за новинарот на Канал 5!На социјалните мрежи повторно се појавија закани за физичко насилство кон новинарот Александар Видиновски, овој пат со повик за „газење“ под видео објавено од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.„Ај бе преку таквото со тој Видиновски… Што направил корисно, што снимал ѓубре?! Да не земал да исчисти? За џаболебари кои немаат што да направат во животот, само газење.“ Ова е содржината на последната закана јавно објавена на социјалните мрежи. „Газењето“ се препорачува под видео објавено на профилот на скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Во последниот период зачестија заканите кон новинарот, а за овој и за сличните случаи поднесена е пријава до МВР. Досега неколку пати реагираа и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Македонската асоцијација на новинари (МАН).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook