3СДСМ: Резултати за градоначалник на Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%
ЗабаваДецата користат Интернет, да се едуцираат за безбедно користење Децата се технилошки писмени. Знаат што е Интеренет и го користат најмногу за и игри и забава, но опасностите што се појавуваат токму во овие содржини како поп-ап банери или други фори на рекламни содржини се причина за нивна едукација. Ова го порачува Катерина Георгиева еден од предавачите волонтери во едукативната програма „Интернетот не е само игра...кликај безбедно” што се реализираше во основни училишта на територија на град Скопје со ученици од 4-то одделение. Од февруари до јуни во учебната 2017/2018 година со Вип едукативната програма беа опфатени повеќе до 700 ученици од четврто одделение од 10 основни училишта во осум општини во Скопје. - Навистина е зачудувачки податокот колку децата се технолошки писмени. Сериозно! Разбираат и активно учествуваат, кажуваат ситуации и поставуваат прашања кои дополнително нè уверуваат во исправноста на оваа наша едукативна мисија, вели Наташа Бошковски една од предавачите волонтери. Од предавањето, како што посочува Катерина Георгиева, исто така предвач волонтер во проектот, се забележува дека 99 отсто од децата знаат што е интернет и во некаква форма и самостојно биле дел од светската мрежа. - Најголемиот број од нив, Интернетот го користат за игри и забава, што е и логична појдовна точка за едукација, бидејќи токму во тие содржини децата можат да се сретнат и со првите опасности како на пример поп-ап банери или пак други форми на рекламни содржини со скриени намери. Она што постојано ги советуваме е кога едноставно не знаат што да прават во одредена ситуација на интернет, задолжително да ги консултираат родителите, за тие да ги преземат потребните чекори за заштита, вели Георгиева, предавач волонтер во проектот. Преку програмата се сака да се научат најмладите како исправно и безбедно да користат интернет, како да ги заштитат своите лични податоци и да ги стекнат неопходните компетенции за вклучување во општественото живеење во ерата на дигитализацијата. - Среќни сме што како општествено одговорна компанија, заедно со нашите партнери на проектот, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието на РМ го поведуваме трендот за едукација на најмладите за тема која претставува неограничен ресурс за учење и надградба на идните генерации. Успешната реализација на предавањата се потврда за исправноста на нашата одлука, да испорачуваме дополнителна вредност за сите чинители на општеството, особено за најмладите во чии раце е иднината, а се надевам дека веќе во септември ќе продолжиме и ќе опфатиме уште поголем број ученици, изјави Елена Ристовска, раководител на одделот за Корпоративни комуникации на Вип. Во рамките на едукативната програма, се реализираат интерактивни предавања што се приспособени на возраста на децата, а кои се спроведуваат од страна на вработените во Вип. Преку креативен пристап и метод на учење, волонтерите го приближуваат интернетот до децата, неговото значење и големина, а особено внимание посветуваат на советите како децата да умеат да се заштитат себеси и своите лични податоци кога сурфаат на светската мрежа. Последното предавање со кое се заокружи првата фаза од програмата беше во О.О.У. Браќа Миладиновци во Аеродром каде беа опфатени 37 ученици од две паралелки од четврто одделение. Директорот на училиштето Тони Димов ја поздрави програмата и истакна дека проекти од ваков вид се особено важни за надополнување на формалното образование на децата, јакнење на нивните капацитети и подготовка за реалниот свет, притоа акцентирајќи ја важноста од постоењето на континуирана соработка помеѓу корпоративниот сектор и училиштата. Програмата се реализираше во соработка со Министерството за образование на Република Македонија, а со одобрение на Бирото за развој на образованието. Во првиот бран на активности програмата опфати 717 четвртоодделенци од 10 основни училишта на територијата на град Скопје и тоа ОУ „Гоце Делчев“, ОУ„11 Октомври“, ОУ„Коле Неделковски“, ОУ„Владо Тасевски”, “ОУ„Јоаким Крчовски“, ОУ„Вера Јоциќ“, ОУ„Ацо Шопов”, ОУ “Васил Главинов“, ОУ„ Браќа Миладиновци“ и ОУ„Кузман Јосифовски -Питу“. Проектот “Интернетот не е само игра. Кликај Безбедно” е дел од иницијативата “Интернет за сите” на Телеком Австрија Групацијата, која во Македонија започна во 2013 година со предавања за децата на вработените и нивните соученици на возраст од 9 до 12 години во просториите на Вип.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизБела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)Една од најпознатите манекенки, Бела Хадид (30), повторно го привлече вниманието со своите објави на социјалните мрежи.Овој пат, таа сподели фотографии од луксузен велнес-центар, при што особено се издвојува една на која се гледа како вежба во сауна, без горниот дел од облеката. На Инстаграм, манекенката даде увид во својата рутина за вежбање и релаксација. На една од фотографиите, таа е свртена со грб кон камерата, облечена само во црни шорцеви, додека изведува вежба со тег. Нејзината руса коса е собрана нагоре, подалеку од лицето. Вежбање, сауна и масажа Бела престојуваше во велнес-центар управуван од спортскиот бренд „Alo“, со кој таа соработува. За време на посетата, таа испроба неколку видови тренинзи, вклучувајќи пилатес на реформер, вежби со тегови и кардио вежби. На други фотографии, таа ги покажа спортските комбинации што ги носеше за време на тренингот, вклучувајќи розов комплет составен од спортски градник и шорцеви. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) По физичката активност, денот продолжи во порелаксиран ритам. Манекенката позираше во бордо бикини без прерамки додека беше во сауна, а подоцна направи „селфи“ пред огледало, завиткана во голем бел пешкир. Својот велнес-ден го заокружи со масажа. Неодамна го прослави својот 30-ти роденден Овие нови фотографии доаѓаат само неколку дена откако Бела го прослави својот 30-ти роденден на 9 октомври. По тој повод, таа исто така привлече внимание со објава на Инстаграм на која позираше во црвено бикини, изработено специјално за неа. На горниот дел од костимот за капење стоеше бројот 30, додека долниот дел беше украсен со нејзиното име. Изгледот го надополни со розево-бел фустан и каубојски чизми. Покрај фотографиите од роденденот, таа наведе дека наполнила 30 години, а нејзините следбеници – како и бројни пријатели од светот на славните – ѝ упатија честитки во коментарите. Ново поглавје во животот Во последните месеци, Бела повторно се најде во центарот на вниманието, делумно поради нејзиниот приватен живот. По разделбата со професионалниот јавач Адан Бануелос – со кого беше во врска од 2024 година – медиумите почнаа да ја поврзуваат со Нејтан Лејси од Колорадо. Таа јавно не ја потврди оваа нова врска. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) Покрај приватниот живот, таа привлекува внимание и со своите професионални ангажмани. Минатата година, таа ја замени својата препознатлива кафеава коса со платинесто-руса нијанса, а се испроба и во актерството, појавувајќи се во хорор-серијата „The Beauty“. Извор: Индекс.хрТагови: Бела Хадид топлес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблемиМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.Тагови: Брвеница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКрст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)Католички свештеник почина во црква во Еквадор откако врз него падна крст закачен на ѕидот, за време на миса која се пренесуваше во живо преку интернет, објави денеска порталот „InfoVaticana“.Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на Отецот за да ужива во Неговото присуство и слава“. Од Надбискупијата упатија молитви за покој на неговата душа и изразија солидарност и сочувство до заедницата, неговото семејство и пријателите. Во соопштението на Надбискупијата не беа наведени околностите под кои свештеникот починал. Според мексиканскиот весник „El Heraldo de Mexico“, свештеникот служел секојдневна миса – која се пренесувала во живо преку неговиот профил на социјалните мрежи – кога, околу 27-мата минута од преносот, крст закачен на ѕидот зад него се откачил и паднал врз него. Од истиот медиум на социјалните мрежи наведоа дека на снимката се слушаат извиците на верниците кои присуствувале на мисата. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА Terrible!! Tragedia en la iglesia Perpetuo Socorro, sur de Guayaquil. El sacerdote Patricio Sánchez falleció tras caerle encima una cruz mientras oficiaba una misa. El lamentable suceso causa gran conmoción entre los fieles y la comunidad católica. https://t.co/647JgyCrA5 — Emergencias Ec (@EmergenciasEc) October 18, 2026 Тагови: свештеник Крст Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook