Децата до 10- годишна возраст, оздравени од корона, имаат повеќе антитела отколку возрасните - Канал 5

Децата до 10- годишна возраст, оздравени од корона, имаат повеќе антитела отколку возрасните

Децата под десетгодишна возраст имаат поголемо ниво на антитела отколку адолесцентите и возрасните откако биле заразени со коронавирус, според студијата чии резултати се објавени во научното списание Јама.

Децата до 10- годишна возраст, оздравени од корона, имаат повеќе антитела отколку возрасните

Овој стручен труд делумно може да даде одговор на прашањето што научниците сè уште активно го изучуваат: зошто децата се помалку погодени од симптоматските форми на ковид-19?

Телото природно произведува антитела во присуство на вирусот за да се бори против него и да го уништи.

Истражувачите анализирале повеќе од 31.000 серолошки тестови (мерење на присуството на антитела во крвта) спроведени во Њујорк помеѓу април и август 2020 година. Тие се фокусирале на позитивните резултати од тестовите што укажуваат на историјата на инфекцијата со ковид-19.

Според овие резултати, кај децата на возраст меѓу една и 10 години се развиле просечни нивоа на IgG антитела, кои биле значително поголеми отколку кај возрасните.

IgG е вид на антитела што се наоѓа во меѓуклеточниот простор и го штити од инфекција. Со докажување на присуството на ова антитело, може да се покаже дека имало претходно заболување или дека е извршена имунизација.

Во исто време, најниско ниво на IgG антитела е забележано кај помлади возрасни лица на возраст меѓу 19 и 30 години, пред да се зголеми со возраста, а причините за ова се уште не се јасни, велат авторите на студијата.

Анализите биле извршени на мал број примероци од крв земени од деца, адолесценти и млади возрасни лица, а имаа за цел да го споредат имунолошкиот одговор кај различни возрасни групи.

Се покажало дека просечните нивоа на IgG антитела се двојно повисоки кај деца на возраст од една до 10 години отколку кај адолесценти (од 11 до 18 години), а меѓу нив е двојно повисоко отколку кај помлади возрасни (од 19 до 24 годишна возраст).

„Резултатите од нашата студија сугерираат дека разликите во клиничките манифестации на ковид-19 кај педијатриски пациенти и деца, во споредба со оние кај возрасните пациенти може делумно да се должат на имунолошкиот одговор поврзан со пациентот“, објаснуваат авторите.

„Така, нашите податоци делумно можат да ги објаснат целокупните поблаги симптоми и потешки форми на болеста кај заразените деца“.

Тие додаваат дека е важно да се забележи уште една работа: откриено е дека серолошките тестови биле позитивни кај сличен процент на деца и адолесценти во споредба со возрасните. Ова укажува на можноста дека децата, дури и кога ќе развијат блага слика на болеста, „би можеле да претставуваат огромен извор на вирус и пренесување“ на ковид-19, забележуваат авторите.

Студија објавена минатиот месец во списанието „Nature“ открива дека децата се бранат многу подобро од вирусот благодарение на подобриот вроден имунолошки одговор, оној што постои дури и пред стекнатиот имунитет, што резултира со формирање на антитела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран се закани со ново оружје

Иран развил ново оружје со, како што тврдат тамошните претставници, изненадувачки можности, кое би можело да биде употребено во случај на нов воен судир.

Иран се закани со ново оружје

Ова го соопшти Сејед Зијаедин Агаџанпур, раководител на Организацијата за идеолошки и политички прашања при иранското Министерство за одбрана, испраќајќи директна порака до американскиот претседател Доналд Трамп.

Агаџанпур нагласи дека Иран нема намера да попушти пред притисоците од Вашингтон, ниту да прифати каква било форма на принуда од САД.

-Никогаш нема да им се покориме на вашите обиди за заплашување, порача иранскиот претставник.

Тој оцени дека главната цел на американската администрација е иранскиот народ да биде принуден да ги прифати барањата на Вашингтон и да капитулира. Сепак, според него, Техеран нема да отстапи од своите позиции, ниту ќе ги прифати, како што ги нарече, нелегитимните барања на противниците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Модриќ: Ќе играм додека чувствувам страст

Дури и на 41-годишна возраст, Лука Модриќ останува еден од клучните играчи на Милан под водство на Рубен Аморим. 

Модриќ: Ќе играм додека чувствувам страст

Неговиот квалитет и физичка подготвеност сè уште му овозможуваат да биде одлучувачки на највисоко ниво, што го покажа во неодамнешната победа од 3:1 против Интер. По градското дерби, неделниот рубрика на „Ла Газета дело Спорт“, „Спортвик“, му ја посвети својата насловна страница и ги објави неговите изјави за амбициите на клубот и продолжувањето на договорот.

Дерби и амбиции за титулата

По победата во дербито, Модриќ испрати јасна порака за целите на тимот.

„Беше фантастична победа, мислам дека беше нашата најдобра игра во сезоната. Ги заслуживме тие три бода, беа неопходни за нашиот морал и самодоверба. Растеме како тим и ако успееме да ги намалиме падовите во играта, кои се неизбежни во текот на сезоната, ќе имаме можност да се бориме за титулата. Тоа останува наша цел. Подобро ги спроведуваме идеите на тренерот и одиме во вистинската насока, а стадионот нè поддржува. Навивачите на Милан се неверојатни“, рече Модриќ.

Продолжување на договорот и планови за иднината

Тој се осврна и на летното продолжување на договорот со Милан и неговата иднина.

„Се чувствувам добро, сè уште имам страст, амбиција и сила. Додека се чувствувам така, сакам да играм. Ме сакаат во Милан, а јас сè уште го сакам фудбалот. Немав никакви сомнежи ова лето откако разговарав со Аморим и луѓето од клубот. Тие сакаа да останам и беше важно само да чувствувам дека сум посакуван. Милан е мојот тим и сакам да им помогнам на помладите играчи да се развиваат.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вооружен напад во Гватемала: Пратеник им подлегна на повредите, убиени се и тројца полицајци

Гватемалски пратеник и тројца полицајци беа убиени во вооружен напад во источниот град Рио Хондо, изјави во понеделник претседателот на Гватемала, Бернардо Аревало.

Вооружен напад во Гватемала: Пратеник им подлегна на повредите, убиени се и тројца полицајци

Тој го осуди насилството и им нареди на безбедносните сили да помогнат во идентификувањето на одговорните, објави Ројтерс. Пратеникот Хулио Сезар Портиљо Паз беше нападнат во петокот во градот Рио Хондо и првично беше однесен во болница со сериозни повреди.

Неговата партија Национално единство на надежта (UNE) подоцна соопшти дека тој починал.

Убиствата се случија околу три недели откако поранешниот антикорупциски обвинител на Гватемала, Хуан Франциско Солорзано Фопа, беше застрелан во Гватемала Сити.

Властите сè уште не утврдиле врска помеѓу двата напада.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер