Не е познато дали компанијата знае дека преку хакирање на профилот на играта тинејџерите заработуваат илјадни долари неделно . ББЦ стапи во контакт со неколку хакери , кои ги крадат профилите на другите играчи и ги продаваат онлајн.
Иако играта е бесплатна , заработката доаѓа од продажбата на козметички додатоци. само од нив , компанијата Епик Гејмс има заработено над милијарда долари.
Хакираните Фортнајт профили вредат и по неколку илјади евра , во зависност што содржат. пазарот е голем , бидејќи се проценува дека во целиот свет оваа игра секојдневно ја играат над 200 милиони корисници.
Најголемиот број хакери имаат околу 14 години, поради едноставниот начин за хакирање на туѓите кориснички профили.