Јаневска: Никој нема да биде отпуштен од работа, иако во претходните 7 години имаме 17 илјади ученици помалку
Екоактивистите од струмичко по одлуката на Вишиот управен суд – ја продолжуваме битката против рудникот Иловица
1Јаневска: Никој нема да биде отпуштен од работа, иако во претходните 7 години имаме 17 илјади ученици помалку
2Екоактивистите од струмичко по одлуката на Вишиот управен суд – ја продолжуваме битката против рудникот Иловица
Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
2Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
Други спортовиДебитантот Газели Волеј со триумф над шампионот Јанта Волеј Дебитантот во Првата лига жени, Газели Волеј синоќа приреди големо изненадување во последниот натпревар од шестото коло со победата од 3:1 (18:25, 25:23, 25:23, 25:20) над шампионот Јанта Волеј Кисела Вода.Бранителот на титулата влезе сигурен во натпреварот и поведе со 1:0 во сетови на гостувањето во СЦ "Форца". Во продолжението одбојкарките на Газели Волеј имаа помирна игра во полето, а особено на мрежата, каде до израз дојде и блокот. Делуваа посигурни во клучните моменти и се изборија за комплетен пресврт и голема победа. Во редовите на Јанта Волеј се чувствуваше и заморот од напорниот ритам кој екипата го има со паралелниот настап и во европските клупски купови, што резултатски се одразува и дома, со оглед на тоа дека ова е втор пораз во низа откако минатото коло загубија од Наковски Волеј. Кај Газели Волеј капитенот Теа Терзиевска беше лидер со 15 поени, следена од Даниела Горбок и Мила Дикова со по 14 поени. Во редовите на Јанта Волеј Ана Ѓоргиевска постигна 15, додека Мери Бошковска имаше 14 поени. Тагови: одбојкарките Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈаневска: Никој нема да биде отпуштен од работа, иако во претходните 7 години имаме 17 илјади ученици помалкуИако во изминатите седум години бројот на ученици е намален за дури 17 илјади, а со тоа е променет и соодносот меѓу наставниците и учениците, министерката за образование и наука Весна Јаневска уверува дека нема да има отпуштања на наставен кадар.На отчетот за сработеното во првите две години од мандатот, Јаневска оцени дека квалитетот на образованието е унапреден преку низа реформи насочени кон подобрување на условите и можностите за учениците, студентите и научната заедница. Како еден од позначајните процеси ги издвои токму оптимизацијата на училишната мрежа и воведувањето на едносменска настава во повеќе од 200 училишта низ државата. - На овој начин не само што се заштедуваат средства, тоа е помалку важно, туку децата повеќе се социјализираат, учат во подобри услови и постигнуваат подобри резултати. Свесна сум дека има реакции, но да повторам никој нема да биде отпуштен од работа, иако во претходните 7 години имаме 17.000 ученици помалку. - Весна Јаневска – министерка за образование и наука Откако обелодени дека само тројца ученици се запишале во земјоделската струка во средното училиште „Кузман Шапкарев“ во Битола и поради тоа ќе мора да бидат прераспределени во друга паралелка, Јаневска посочи дека поради долгогодишниот недостиг на интерес било предложено оваа струка да се префрли во регионалниот центар, но по реакциите од училиштето и локалната заедница, предлогот не бил реализиран. Според министерката, потребен е поголем ангажман на наставниците во промоцијата на струката и информирањето на деветтоодделенците за можностите што ги нуди таа професија. - Ние сме имале примери на училишта со многу низок рејтинг кои со тек на време, токму поради ангажманот на наставниците, станале реномирани училишта. Тоа го покажува искуството. Кога велам дека треба да покажат ангажман, јас не ги критикувам, јас само ги замолувам да направат нешто за да ги задржиме нашите деца на соодветните места. - Весна Јаневска – министерка за образование и наука Меѓу реализираните активности, Јаневска ги посочи и зголемените плати за наставниците, проширувањето на системот на стипендии, инвестициите во училишната инфраструктура и дигитализацијата на образовните услуги. Според неа, во изминатите две години биле вложени околу 70 милиони евра во образовни проекти, додека буџетот за високото образование и науката бил значително зголемен. Јаневска повтори и дека третa година по ред учебниците ќе бидат доставени до учениците на почетокот на учебната година, додека поддршката за инклузивното образование била зајакната со ангажирање на 1.350 образовни асистенти во основното и 150 во средното образование. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЕкоактивистите од струмичко по одлуката на Вишиот управен суд – ја продолжуваме битката против рудникот Иловица„Нема да копате, отворивте војна со народот, народот не заборава и народот не се предава“ – порачаа од еколошкото движење „Здрава Котлина“ „Нема да копате, отворивте војна со народот, народот не заборава и народот не се предава“ – порачаа од еколошкото движење „Здрава Котлина“ по одлуката на Вишиот управен суд да ја поништи одлуката со која беше запрено спојувањето на концесиите за експлоатација на рудникот кај Иловица – Штука. Од таму велат дека пресудата не значи „зелено светло“ за работа на концесионерот Еуромакс, туку, судот само утврдил процедурални пропусти во владината одлука од 2023 за поништување на спојувањето на концесиите. Според нив, Вишиот управен суд не се произнел по суштинското прашање, дали концесиите се законски оти одамна се истечени роковите според Законот за минерални суровини. Од еколошкото движење за Канал 5 велат дека втор дом немаат, и дека за единствениот жестоко ќе се борат. -Ние сме тука, ние ќе се бориме, а тие колку имаат желба да трошат енергија и ресурси за да се борат со нас, треба да им биде јасно. Треба да им биде јасно, ние втор дом немаме, тој е еден, па ако мислат дека туку така лесно ќе поминат преку нас мислам дека се лажат. Нас не ни е нешто ново, ние некогаш на мајтап си велиме ние се дома, тие доаѓаат кај нас, ние друга опција освен да се браниме и да штрајкуваме, и да вршиме притисок на властите бидејќи властите беа тие кои ни ветуваа. Ова што ни се случува од нашиве власти е играње – мачка и глушец- Цветанчо Ѓорѓиев – Еко-движење „Здрава Котлина“ Од „Здрава Котлина“ додаваат дека е симптоматично што државата не ја обжалила одлуката во предвидениот рок и дека Владата и натаму има механизми да го одбие спојувањето на концесиите на Еуромакс. Тие велат дека Струмица и 70тина села од околината ја користат подземната вода која при експлоатација би се загадила со сулфур и цијанид.Од владата пак, по одлуката порачаа дека станува збор за наследен процес од претходната влада и дека судската одлука мора да се почитува, но и еколошките стандарди. -Приоритет останува создавање на услови за економски раст, нови инвестиции и отварање работни места, но тоа никогаш нема да биде на сметка на здравјето на граѓаните, природните ресурси и животната средина. Заштитата на јавниот интерес, почирување на највисоките еколошки стандарди и целосната законитост на постапките остануваат принципи од кои Владата нема да отстапи. - Влада на Република Македонија Канал 5 се обиде да стапи во контакт со концесионерот „Еуромакс“ која го развива проектот Иловица – Штука и доби концесии во 2012 година за став, но до подготовка на прилогот не добивме одговор одговорија. Дел од медиумите пак пренесуваат дека од компанијата пресудата ја толкуваат како целосно враќање во сила на одобрението за спојување на концесиите „Иловица 6“ и „Иловица 11“, а воедно и дека очекуваат комуникација со властите за да го финализираат новиот договор, потребен за натамошен развој на проектот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжува амандманска расправа за предлог законот за правична застапеност во СобраниетоВо Собранието втор ден амандманска расправа за предлог законот за соодветна и правична застапеност.Власта и опозицијата се обвинуваа дали предлог законот, кој треба да го наследи укинатиот балансер, го регулира или злоупотребува вработувањата во администрацијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook