3На денешен ден пред 19 години загина македонскиот славеј Тоше Проески, неговите песни живеат и денес
ФудбалДебитант ќе го замени Нејмар во нападот на Бразил против Германија и Русија Селекторот на Бразил, Тите го објави проширениот состав за претстојните контролни натпревари со Русија (23 март) и Германија (27 март) и го вклучи, по првпат напаѓачот на Реал Сосиедад Вилиан Жозе, кој треба да го замени повредениот Нејмар. Во нападот на Селесао се повикани уште Фирмино (Ливерпул), Габриел Жезус (Манчестер Сити) и Тајсон (Шахтјор Доњецк). Голманот на Валенсија, Нето, ќе се врати во тимот првпат од 2015 година. Проширен состав на Бразил за пријателските мечеви со Русија и Германија: Голмани: Алисон, Едерсон, Нето Одбрана: Даниел Алвеш, Вагнер, Марсело, Филипе Луис, Миранда, Маркињос, Тиаго Силва, Жеромел, Родриго Кајо Среден ред: Каземиро, Фернандињо, Паулињо, Фред, Ренато Аугусто, Кутињо, Талиска, Вилиан Напаѓачи: Фирмино, Габриел Жезус, Тајсон, Вилиан Жозе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска на Пленарната сесија од Годишните средби на ММФ и Светска банкаВо услови на глобална неизвесност фискалната дисциплина и структурните реформи се клучни за одржлив раст.Фискалната дисциплина, ефикасното управување со јавните расходи и забрзувањето на структурните реформи се клучни за зачувување на економската стабилност и обезбедување одржлив раст во услови на зголемена глобална неизвесност. Глобалната економија и натаму покажува отпорност, но повторените економски шокови ги намалуваат расположливите фискални и енергетски резерви, додека инфлациските притисоци остануваат предизвик за голем број земји. Во вакви услови, внимателното водење на макроекономските политики е од суштинско значење за зачувување на ценовната стабилност и спречување на дополнително засилување на инфлацијата. Ова беа клучните пораки на Пленарната сесија од Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка, на кои учествуваше министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. На Пленарната завршна сесија на Годишните средби во Бангкок се обратија генералната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева, претседателот на Групацијата на Светската банка, Аџај Банга, и претседателот на Годишните средби и гувернер на Централната банка на Парагвај, Карлос Карваљо Спалдинг. „Во услови на глобална неизвесност и повторени економски шокови, одговорното управување со јавните финансии е основа за стабилна економија. Нашиот фокус е на фискална консолидација, поефикасно користење на јавните средства и спроведување структурни реформи што ќе ја зголемат продуктивноста, ќе ги поттикнат инвестициите и ќе ја зајакнат конкурентноста на домашната економија. Целта е да обезбедиме одржлив раст и подобри перспективи за граѓаните и компаниите“, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Во рамки на Годишните средби кои се одржуваа во Бангкок изминатата недела, министерката Димитриеска-Кочоска оствари средби со регионалната потпретседателка на Светската банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, потпретседателот на ИФЦ за Европа, Латинска Америка и Карибите, Алфонсо Гарсија Мора, и извршниот директор на Светската банка за Конституенцата во која членува нашата земја, Јуџин Ругенат. На средбите беше истакната важноста на забрзувањето на реформите, реализацијата на стратешките инвестиции и поддршката на приватниот сектор како двигател на економскиот раст. Министерката исто така оствари средби и со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, директорот на ММФ за Европа, Матеуш Шчурек, извршниот директор на ММФ, Јерун Клик, и заменикот на извршниот директор, Марникс ван Рај. Во фокусот на средбите беа фискалната консолидација на среден рок, одржувањето на фискалната дисциплина и спроведувањето реформи за зајакнување на отпорноста на јавните финансии, со истовремена поддршка на инвестициите и економскиот раст. Учеството на Годишните средби овозможува размена на мислења и искуства со претставници на меѓународните финансиски институции и носители на економските политики, како и согледување на глобалните економски трендови и нивното влијание врз националните економии. Пораките од средбите ја потврдуваат важноста на доследни и одговорни економски политики, одржливи јавни финансии и континуирани реформи како основа за долгорочна стабилност, конкурентност и економски раст.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Живот„6 години Лајка – Не славиме бројка, славиме промена"ЈП „Лајка" – Скопје оваа година одбележува шест години од своето постоење, а по тој повод, во сабота, 17 октомври 2026 година, од 12:00 до 15:00 часот, во Мамбо – Авионче, организира роденденски настан под мотото: „6 години Лајка – Не славиме бројка,Настанот има за цел да ги истакне резултатите од шестгодишната работа на претпријатието, но и да ја отвори пошироката тема за одговорноста на поединците и заедницата во справувањето со проблемот со бездомните кучиња. Во рамки на програмата, која официјално започнува во 12:30 часот, ќе бидат реализирани неколку активности: „Десет кучиња. Десет погрешни човечки одлуки." – претставување на десет кучиња од прифатилиштето, преку чии индивидуални приказни ќе се укаже на последиците од напуштањето, неодговорното сопствеништво и негрижата за животните. Ревија на вдомени кучиња – настан на кој вдомените миленици ќе бидат претставени преку нивните животни приказни, наместо според изгледот, расата или потеклото. За учесниците се обезбедени признанија и награди со поддршка од нашите спонзори. Креативна работилница со Luna Pet Shop – интерактивни активности во кои децата и нивните миленици ќе имаат можност за заедничко творење и дружење. Изложба на детски цртежи – учениците од ООУ „Блаже Конески" и ООУ „Кузман Јосифовски – Питу" преку своите цртежи ги претставија кучињата од Лајка, испраќајќи порака за одговорно сопствеништво и ветување дека никогаш нема да ги напуштат своите миленици.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - ШишаркиВо петок (09.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Соња Манасиевска КоневскаСостојки за денешниот рецепт: 250 гр. корнфлекс од какао 250 гр. маргарин 200 гр. чоколадо за готвење 150 гр. шеќер во прав 150 гр. сусам 150 гр. сецкани ореви 8 големи лажици мед Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter