МакедонијаДебата: Загадувањето произлегува од повеќе сегменти и треба да се преземаат поголеми меркиИ покрај тоа што овој декември се регистрирани најдобри вредности во однос на загадувањето, сепак мора да се преземат поголеми чекори за во иднина да се спречи истото. Загадувањето произлегува од повеќе сегменти, па така треба да се работи на промената на начинот на греење на домаќинствата, начинот на превоз на граѓаните, уништување на дивите депонии, контролирање на индустриските капацитети, неконтролираното градење, како и се она што го загрозува квалитетот на воздухот, беше заклучено на денешната дебата „Како да се намали загадувањето на воздухот?", организирана од страна на Граѓанскиот инспекциски совет (ГИС). Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска на дебатата го потенцираше успехот на Градот за чистење на дивите депонии. Активно за два месеци, како што рече, имаме исчистено над 120 депонии. Таа додека дека се мапираат дивите депонии, се следат и истовремено се затвораат за да не може повторно да се случи полнење на истите. – Инспекторатот презема сериозна акција кадешто покрај дневни контроли, се вршат и вонредни надзори на индустриските капацитети како би можеле да детектираме каде има индустриски капацитети кои што го загадуваат воздухот, водите, почвите и претставуваат опасност по здравјето на луѓето, рече Арсовска. Таа додаде дека активно се креираа сет на мерки за спречување на загадувањето и ги повика експертската јавност и граѓаните да дадат свои предлози со цел да се креираат најдобрите мерки. – Верувам дека по креирањето на оној Совет на Град Скопје, којшто е во план некаде во следните десет дена да биде неговото формирање, дека таму мерките коишто ќе произлезат, а коишто сакаме да ги воспоставиме како еден систем преку којшто сите релевантни организации и оние коишто се навистина најтесно поврзани од инситуциите во делот на овозможувањето на креирање на политики и мерки кои треба да се имплементираат во градот, не само во градот туку и пошироко, дека ќе профункционира со предлози коишто ќе можеме да ги имплементираме во следниот период затоа што нашата цел е загадувањето никако да не ги надминува оние граници на загадување на воздухот коишто би биле непрепорачливи за здравјето на граѓаните, нагласи градоначалничката на Град Скопје. Таа истакна дека тој систем на мерки треба да биде имплементарен. – Да се надополнуваат сите меѓусебно и да можеме во некој сериозен период во следните шест месеци до една година сите активно да бидат применети, како би можеле да направиме нешто посериозно и следната грејна сезона да ја дочекаме без надминување на овие граници што ги гледаме сега во овој период, рече Арсовска. Преземале обврска, како што додаде, да имаме по минимум 100.000 нови дрвја кои што ќе бидат практично една фаза на пошумување, односно на Скопје. – Тоа активно да се прави, почнувајќи од оваа година и секоја година понатаму како еден проект којшто верувам дека со ваквото ниво на градење кое што го имаме во изминатите години мора да се преземе нешто, рече Арсовска. Најави и дека ќе го отворат процесот на креирање на генералниот урбанистички план којшто ќе биде наменет за тоа во која насока ќе се развива Скопје во наредните 10 години. – Треба да се стави насока на тоа да се развиваат и инфреструктурно да се подобруваат сите оние населби кои што се надвор од централното градско подрачје, додека централното градско подрачје треба да се потрудиме да биде чисто, да се зазелени, едноставно оваа инфраструктура што ја има во моментов да се подобри, а никако во случај да се оди како што тоа било досега неплански да се гради и да се нарушува постојната инфраструктира којашто ја имаме, потенцираше градоначалничката. Татјана Стојановска од „Независните од Карпош", советничка во Општина Карпош, посочи дека самото загадување на воздух не можете да го дефинирате само со еден сегмент, односно греење или само индустриски загадувачи. Наведе дека во Општина Карпош има и диви депонии кои треба да се исчистат, на на тие места да се направат зелени површини. Укажа дека за сето тоа е потребен многу поголем број на луѓе што ќе ја вршат функцијата на инспекција и контрола во рамките на Општината, таа, како што рече, недостасува и мислам дека е најгорлив проблем со решавање на загадувањето. – Загадувањето во Скопје доаѓа од самото тоа што временските прилики не дозволуваат голема проветреност на воздухот. Со тоа ние мора да ги намалиме емисиите, ама емисиите не само во еден сегмет, туку во сите сигменти, рече Стојановска. Таа, во однос на работата на Општината, напомена дека мора да постои соработка меѓу останатите општини, барем со соседните бидејќи воздухот не стои, загадувањето се пренесува од една во друга општина. – Притисокот, пред мислам дека пред се треба да биде на институциите, на реално регистрирање на загадувачите во реално време и што побрзо санкционирање, на друг начин нема да имаме некои поголеми резултати, оцени Стојановска. Таа упати апел до Град Скопје за обезбедување на алтернативен превоз на граѓаните, бидејќи сегашниот влијае на загадувањето на воздухот. Јане Димески од „Шанса за Центар", советник во Општина Центар, нагласи дека освен што после 10 години дискусии за загадувањето, политичарите почнале да се осврнуваат на таа тема, не забележува поместување на декларативното ниво. – Општина Центар веќе го губи целиот простор кој евентуално може да се користи за да се апсорбира загадувањето на воздухот. Изгубивме огромни површини. Сетоа тоа е покриено со асфалт за паркинзи или со станбени згради. Тоа е насоката во која уште се движи општината, секоја празна површина се пополни со зграда и тука не гледам како тоа воопшто може да го сопреме, односно да збруваме за намалување на загадувањето ако постојано трупаме нови луѓе, нови автомобили и се намалува целата површина којашто потенцијално би можела да не штити од нешто, нагласи Димески. Тој посочи дека Општина Центар има доста добар документ од локален еколошки акциски план, но тој е во фаза на документ, ништо од него не е спроведено веќе со години. – Оваа година се обидовме да тргнеме од некоја точка, предложивме еден амандман за да се направи прво попис на сите оние димоводни канали во општината, односно да направиме попис од каде се во општина чади, што чади и што излегува од таму и врз основа на некои такви податоци да се мапираат сите реони во Центар па да видиме кои мерки потоа можеме да ги преземеме. За жал тој амандман ни беше одбиен, но ајде да видиме во теков на годинава можеби нешто ќе се менува, рече Димески. Тој нагласи дека во последните десет години, Центар добил 10 катни гаражи, а паркови нула и тоа, како што рече, е илустративно во која насока оди политиката и дејствувањето. – Значи, една од основните работи е дека мора да го запреме тоа безумно градење на сите површини. Политиката кон градењето мора да биде една основа во Центар, како да се спречи загадувањето, а потоа политики кон луѓето кон домашното греење, да биде начин како ќе намалиме сето она што исчадува од Центар, додаде Димески. Тој посочи дека според податоците околу 100 домаќинства во Центар се греат на јаглен, истакнувајќи дека тие домаќинства мора да се пренасочат кон друг начин на загревање. – Друго што треба да промениме е да се напушти онаа позиција на ненадлежни. Како на пример, имаме инсталации кои правно гледано навистина не спаѓаат во ингеренции на општината, како Институтот за рехабилитација кој користи мазут за загревање, но Општината туку не може да се апстрахира себе си од каква било одговорност бидејќи таа е прва власт до граѓаните. Затоа ние треба да бидеме тие кои ќе „тропаме на вратите" на надлежните институции и буквално да им досадуваме да се наметне тоа како приоритет во нивната работа односно замената на начинот на загревање, потенцираше Димески.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаПласичен хирург е убиен поради операција на задник- платен убиец го застрелал во глава пред сопругатаГерманскиот естетски хирург Александар Аслани (57) е убиен во неговата клиника во луксузното шпанско одморалиште Марбеља.Истражителите се сомневаат дека станува збор за професионално организирано убиство по договор, а истрагата е фокусирана на два можни мотиви, објави Пипл. Пред неколку дена, еден маж мирно влегол во ординацијата на естетскиот хирург и го убил Аслани со неколку истрели во главата. Неговата сопруга, Жанин, била сведок на нападот, по што истрчала врескајќи на улицата. Осомничениот, 18-годишен шведски државјанин, бил уапсен 24 часа по злосторството. Според шпанските медиуми, се верува дека е поврзан со озлогласената банда „Шотаз“. Полицијата наводно го пронашла благодарение на регистарската табличка на неговиот мотоцикл. Местото на злосторството била клиниката Цирумед во Марбеља, каде што Аслани извршувал пластични операции. Групата „Шотаз“ потекнува од проблематичната населба Ринкеби во близина на Стокхолм и сега е активна на Коста дел Сол, според извештаите на медиумите. Истражителите ја поврзале мрежата со сериозен организиран криминал. Според медиумските извештаи, групата наводно се занимава и со обезбедување на платени убијци, за што наплаќаат помеѓу 10.000 и 12.000 евра. Младиот Швеѓанец од африканско потекло е во притвор. Според извештаите, тој одбил да даде каква било изјава пред судијата за можните соучесници. По прегледувањето на медицинските картони на пациентите и интервјуирањето на вдовицата Жанин и вработените во клиниката, полицијата истражува два можни мотиви за убиството. Првиот можен мотив - Неуспешна операција на задникот Една од трагите води до богата Саудијка која сакала да го зголеми задникот или да се подложи на процедура позната како „бразилско подигнување на задникот“ (BBL), која чинела 40.000 евра. Александар Аслани извршил ваков вид операција илјадници пати. Меѓу неговите клиенти имало жени од светот на филмот и телевизијата, порно актерки, па дури и принцеза. Благодарение на ваквите процедури, тој стекнал голем углед во светот на естетската хирургија. Меѓу неговите пациенти била и интернет ѕвездата Никол Џулија, која ја изразила својата тага и благодарност за неговата работа по неговата смрт. „Ви благодарам, докторе, за вашите вешти раце и вашата грижа“, рече таа во прошталната порака. Според германскиот весник „Билд“, по првата операција на жена од Саудиска Арабија, за која наводно му биле платени 16.000 евра, Аслани одбил да изврши втора, претходно договорена интервенција. Наводно, тој сметал дека пациентката е психолошки неспособна да ја издржи следната фаза од операцијата. По неговата одлука, богатиот и, наводно, влијателен човек побарал да му бидат вратени парите. Наводно, Аслани одбил да ја врати првата уплата, по што добил сериозни закани. Истражителите сега се обидуваат да утврдат дали спор околу естетската хирургија можел да биде мотив за ангажирање на платен убиец. Според медиумските извештаи, двојката ја напуштила Шпанија и сè уште не се вратила во својата матична земја. Веста за смртта на хирургот ги потресе и бројни познати личности кои биле подложени на процедури во неговата клиника. Британската актерка Ајслин Хорган-Волас, која позираше со својот колега Двејн Џонсон на фотографија, се збогува со него со емотивна порака. „Скршено ми е срцето. Д-р Аслани беше прекрасна личност, со големо срце“, рече актерката. Друг можен мотив - Одмазда по смртта на пациентка Друга линија на истрага се однесува на смртта на колумбиска пациентка, која наводно починала по естетска операција во клиниката на Аслани. Според германските медиуми, семејството на починатата жена било ужаснато од објаснувањето што го добиле од клиниката по нејзината смрт. Истражителите сега истражуваат дали случајот можел да биде мотивиран од одмазда и дали е можно да е поврзан со убиството на хирургот. Сепак, сè уште не е потврдено дека ниту еден од случаите е директно поврзан со злосторството. Во тек е меѓународна истрага, а полицијата се обидува да утврди кој можеби го нарачал убиството и дали осомничениот имал соучесници. Меѓу познатите пациентки на Александар Аслани била Хана Елизабет Овен, ѕвезда на реалното шоу „Остров на љубовта“. За многумина кои го познавале Александар Аслани, неговото убиство е шок. Бројни жени кои биле подложени на естетска операција во неговата клиника се збогувале со него на социјалните мрежи. Покрај неговата професионална работа, Аслани беше почитуван и поради неговите хуманитарни активности. Неговата посветеност на бесплатните операции во Јужна Африка и Индија беше особено значајна. Тој и неговата сопруга патуваа во Калкута секоја година, каде што хирургот оперираше сиромашни деца родени со расцеп на усните и непцето. Додека полицијата продолжува да ги истражува можните мотиви и врски на осомничениот со организираниот криминал, останува прашањето кој го нарачал убиството и што навистина стои зад ликвидацијата на германскиот естетски хирург во Марбеља. Тагови: хирург задникот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаСвадбарска колона правела метеж во сообраќајот- свадбарите се казнети со 11.000 евра (ВИДЕО)Неодамнешната свадбена прослава се претвори во серија сообраќајни прекршоци, за кои свадбената поворка скапо плати.Во францускиот град Сен-Прје, полицијата издала 87 казни за несоодветно однесување за време на интервенција, додека вкупната вредност на казните достигнала неверојатни 10.945 евра. Според објавените податоци, од возачите биле одземени 242 казнени поени, објавува „Ле Паризиен“.. Градоначалникот на Сен-Прје, Жил Гаскоњ, објави во сабота, 26 септември, дека забележал „особено проблематично однесување“ за време на свадба. Тој, исто така, објави видео на Фејсбук, на кое се гледа колона автомобили со свадбари кои свират со сирените. Градоначалникот нагласи дека побарал вклучување на градската и националната полиција, со задача да интервенираат и да ги евидентираат забележаните прекршоци. „Резултатот е недвосмислен“, рече Гаскоњ, истакнувајќи дека се изречени 87 казни, дека казните вкупно изнесуваат 10.945 евра и дека на возачите им се одземени 242 казнени поени за прекршоци во сообраќајот. „Свадбите се добредојдени во Сен-Прие, но не и несоодветното однесување и опасните дејствија“, заклучи градоначалникот и им се заблагодари на полицајците кои учествуваа во интервенцијата. Сепак, ова не е единствениот случај во Франција во кој властите одлучија остро да реагираат на однесувањето на свадбените гости во сообраќајот. На неколку стотици километри оддалеченост, во Ница, кон средината на септември, градоначалникот Ерик Чоти објави дека откажал свадба закажана за тој ден, откако свадбената поворка, според него, го блокирала автопатот и направила низа прекршоци. „Побарав вклучување на градската полиција и откажување на свадбата закажана за 11 часот наутро во паркот Феникс“, објави Сиоти на социјалната мрежа X. Тој предупреди дека свадбената прослава не му дава право на никого да ја загрози безбедноста и да ги игнорира сообраќајните прописи. „Во Ница, свадбата не го оправдува дивото возење или непочитувањето на правилата. Секоја свадба што предизвикува нарушување на јавниот ред и мир автоматски ќе биде прекината“, рече градоначалникот.Тагови: свадбари сообраќај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаСе враќа ли Британија во ЕУ- Бернам најави важен самит (ВИДЕО)Британскиот премиер Енди Бернам изјави дека ќе се обиде да постигне договор за подобрување на трговските односи на самитот со Европската Унија следниот месец .Британскиот премиер Енди Бернам изјави дека ќе се обиде да постигне договор за подобрување на трговските односи на самитот со Европската Унија следниот месец и го повика парламентот да го поддржи во приближувањето кон блокот на долг рок. Зборувајќи пред парламентот по паузата, Бернам, кој водеше кампања за останување на Велика Британија во ЕУ на референдумот во 2016 година, потврди дека самитот ЕУ-Велика Британија ќе се одржи на 20 ноември. Самитот претходно беше одложен откако неговиот претходник, Кир Стармер, поднесе оставка. Бернам рече дека се надева дека ќе постигне договор за хармонизирање на стандардите за храна, поврзување на системот за тргување со емисии и овозможување на повеќе млади луѓе да живеат, работат и студираат во странство. Сите овие мерки, рече тој, ќе придонесат за економски раст. Сепак, неговиот став за долгорочно зближување со ЕУ предизвика критики од некои пратеници, бидејќи повтори дека Велика Британија треба да разгледа различни опции за своите идни односи со блокот, објави Ројтерс. Тој се залага за долгорочен пристап кон ЕУ „Во интерес на Велика Британија е да постигне договор во таа насока. Верувам дека нашите шанси за тоа ќе бидат подобри ако сме отворени да разговараме за нашиот однос со ЕУ на подолг рок. Ако сме сериозни во врска со зголемувањето на економскиот раст, контролата на имиграцијата и зачувувањето на нашите вредности и безбедност, треба да разговараме за тоа. Статус кво не е доволно добар за Велика Британија“, им рече Бернам на пратениците во Долниот дом. 🚨 WATCH: Andy Burnham says he wants to bring the UK closer to the EU to "control illegal immigration" He says deals on food and drink, emissions trading and a youth experience scheme are "on the table" "We should not turn our backs on this opportunity" https://t.co/hYN6tniX3d — Politics UK (@PolitlcsUK) October 12, 2026 Додека Стармер избегнуваше повторно разгорување на поделбите околу односите со ЕУ, Бернам тврдеше дека Велика Британија немала корист од напуштањето на ЕУ и треба „смирено и трезвено да го разгледа“ својот однос со блокот. Неговите зборови повторно ја отворија дебатата што ја подели Велика Британија од референдумот во 2016 година, на кој 52 проценти од гласачите гласаа за напуштање на ЕУ, додека 48 проценти го поддржаа останувањето. Конзервативниот лидер Камил Баденох рече дека е „заблуда“ да се верува дека враќањето во ЕУ ќе ги реши проблемите на Велика Британија. Од друга страна, лидерот на либералните демократи, Ед Дејви, изјави дека земјата треба повторно да стане полноправна членка на Унијата. Бернам повтори дека конечната одлука ќе ја донесат британските граѓани, кои ќе разгледаат различни опции за односите со ЕУ во иднина. Тој се осврна и на анкетите на јавното мислење кои, според него, покажуваат дека поддршката за повторно приклучување кон Унијата е зголемена по Брегзит. Сепак, поддршката често се намалува кога граѓаните се прашуваат дали би ја прифатиле обврската да придонесат во буџетот на ЕУ и да го воведат еврото. „Уверен сум дека јавното мислење во моментов го поддржува прагматичниот пристап што го предлагам. Ни треба ваков вид лидерство за да ставиме крај на деценијата талкање и поделби и да ја водиме земјата напред“, заклучи Бернам. Потсетете се дека пред неколку дена, британскиот премиер Бернам ја обвини Русија за мешање во референдумот за Брегзит.Тагови: Бернам Британија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32