Дебата во Лекарска К: Пациентите со цироза на црниот дроб имаат голем ризик од КОВИД - Канал 5

Дебата во Лекарска К: Пациентите со цироза на црниот дроб имаат голем ризик од КОВИД

Пациентите со црнодробна цироза имаат за 32 отсто зголемен ризик од смртен исход од Ковид-19.

Дебата во Лекарска К: Пациентите со цироза на црниот дроб имаат голем ризик од КОВИД

„Eдна третина од пациентите со Ковид 19 имаат нарушена црнодробна функција, а оние кои имаат цироза на црниот дроб за 32 отсто имаат поголеми шанси за смртен исход од вирусот“, истакна д-р Бети Тодоровска од Клиниката за гастроентерохепатологија на редовните онлајн едукации кои секој недела ги организира Лекарската комора на РМ со цел да се оствари подобра комуникација и размена на искуства и сознанија меѓу лекарите од сите нивоа на здравствениот систем за унапредување на третманот на пациентите со Ковид-19.

Претседателот на Лекарската комора проф. д-р Калина Гривчева Старделова која беше модератор на настанот истакна дека имајќи во предвид дека Ковид-19 е системско заболување, тоa може да предизвика оштетувања и на црниот дроб и на гастроинтестиналниот систем, за што во почетокот на пандемијата постоеја помалку информации и податоци, но сега веќе лекарите овие манифестации полесно ги препознаваат и успешно ги лекуваат.

Оштетување на црниот дроб кај заболен од Ковид 19 може да настане поради директно токсично дејство на самиот вирус или преку имунолошки механизам познат како цитокинската бура. Црниот дроб страда и кога не добива доволно кислород (хипооксија) во случаите на нарушена работата на срцето и на белите дробови, но тој може да се оштети и од лековите кои се даваат во третманот на Ковид-19, како што се антипиретиците и антивирусните лекови. Вирусот кај пациентите со хронична болест на црниот дроб може да предизвика нејзина значителна прогресија и влошување.

„Ковид-19 најчесто предизвикува хепатоцелуларно оштетување на црниот дроб, при што се зголемуваат трансаминазите (AST, ALT), а поретко се работи за холангиоцелуларна оштета, при што се покачуваат холестатските ензими (GGT, ALP), но за среќа, ретки се случаите каде овие оштетувања доведуваат до акутна црнодробна слабост", истакна д-р Тодоровска.

Научните истражувања покажуваат дека пациентите кои имаат неалкохолно замастен црн дроб и кои се заразени со Ковид-19 имаат стабилен тек на болеста во 80 отсто од случаите, но оние кои имаат и покачен крвен притисок, дебелина или дијабетес мелитус тип 2 развиваат потешка клиничка слика на Ковид-19. Оваа категорија на пациенти се повеќе склони и кон појава на оштетување на црниот дроб предизвикано од лекови.

Пациентите со црнодробна цироза имаат за 32 отсто зголемен ризик од смртен исход од Ковид-19.

„Пациентите со цироза на црниот дроб кои се Ковид-19 позитивни задолжително треба да се хоспитализираат, потребно е активно мониторирање на влијанието на антивирусната терапија врз црнодробната функција, како и активен третман на компликациите поврзани со цирозата“, објаснува д-р Тодоровска.

Важно за исходот на лекувањето е пациентите со веќе дијагностицирана црнодробна болест строго да се придржуваат кон вообичаените правила за заштита од Ковид-19 и редовна да ја примаат препишаната терапија. Д-р Тодоровска препорачува дека лекарите треба задолжително да ги следат црнодробните тестови кај сите заболени пациенти од Ковид-19, со особен осврт кон пациентите со претходно дефинирана црнодробна болест, додека пак оние со цироза на црниот дроб веднаш да бидат испратени на болничко лекување поради ризикот од лош исход.

Се уште нема јасни препораки околу вакцинацијата на пациентите со хронично заболување на црниот дроб, но со оглед на ризикот од летален исход кај пациентите со црнодробна цироза сепак мора да мислиме на заштита на оваа вулнерабилна група на пациенти.

„Со оглед дека вакцините на Моderna, Pfizer/BioNTech и AstraZeneca не содржат ниту жив, ниту ослабен вирус, се чини малку веројатно дека имунизацијата претставува закана по безбедноста за пациентите со црнодробна цироза. Од друга страна, кај пациенти кои имаат имунокомпромитирана состојба или пак примаат имуносупресивна терапија, како што се оние со автоимуна болест на црниот дроб и со трансплантиран црн дроб, генерално не се препорачува да примаат вакцина заснована на т.н. mRNA технологија" порачува д-р Тодоровска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран објави снимка на воените тунели (ВИДЕО)

Државните медиуми на Иран објавија снимки за кои тврдат дека ги прикажуваат подземните тунели на морнарицата на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) на југот од земјата. 

Иран објави снимка на воените тунели (ВИДЕО)

Камиони со лансери и ракетни тенкови може да се видат во ходниците. Ирански извори наведуваат дека во комплексот се складирани противбродски ракети и моторни чамци.

Снимката, исто така, го прикажува Абдолах Хаџи-Садеги, претставникот на иранскиот врховен лидер во ИРГЦ, како го обиколува комплексот со воени претставници. Лансирање ракета беше прикажано во посебни кадри, но не е потврдено дека овие сцени се снимени за време на обиколката.

Точната локација на тунелот и датумот на снимањето не се независно потврдени.

Видеото објавено по американските напади

Видеото е објавено еден ден откако САД извршија ограничени напади на иранскиот остров Кешм во Ормутскиот теснец. Американски функционер ги опиша како одбранбени напади и рече дека тие не значат враќање на големи борбени операции против Иран.

Не е потврдено дека објавувањето на снимките е поврзано со нападите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судот му нанесе уште еден удар на Трамп- блокирана е изградбата на неговата Триумфална капија во Вашингтон

Федералната судијка на САД, Тања Чуткан, издаде привремена забрана за изградба на Триумфалната капија на претседателот Доналд Трамп во областа на Вашингтон.

Судот му нанесе уште еден удар на Трамп- блокирана е изградбата на неговата Триумфална капија во Вашингтон

Федералната судијка на САД, Тања Чуткан, издаде привремена забрана за изградба на Триумфалната капија на претседателот Доналд Трамп во областа на Вашингтон, кратко откако комисија за планирање предводена од членови на Комисијата за планирање на Трамп ја одобри нејзината изградба.

Привремената забрана ѝ забранува на администрацијата да „започне, изврши или на друг начин да изврши каква било изградба, ископ или други чекори“ во проектот Триумфална капија во период од 14 дена, објави NBC News.

Наредбата на судијата дојде еден час откако Националната комисија за планирање на капиталот го одобри огромниот и контроверзен проект за лакови, кој ќе биде сместен во Меморијалниот круг помеѓу Споменикот на Линколн и Националните гробишта Арлингтон.

Дистриктот Колумбија и американската држава Вирџинија поднесоа тужба со која бараат привремена забрана за Триумфалната капија.

Демократскиот конгресмен Дон Бејер од Вирџинија ја поздрави пресудата и го обвини Трамп дека се обидува да ги заобиколи законските пречки.

„Оваа борба не е завршена. Иако оваа одлука го спречува Доналд Трамп веднаш да ги спроведе своите планови за создавање споменик на неговото его, судовите и Конгресот мора да воспостават трајни заштитни мерки за да ја спречат администрацијата на Трамп да го прекрши законот и да продолжи со овој проект“, се вели во соопштението на Баер.

Администрацијата на Трамп ја пофали одлуката на комисијата да ја одобри Триумфалната капија и ја критикуваше пресудата со која беше блокирана.

„Белата куќа ја поздравува одлуката на Националната комисија за планирање на капиталот целосно да ја одобри историската визија на претседателот Трамп за многу потребната Триумфална капија во Вашингтон. Активистичкиот Окружен суд потоа го блокираше проектот“, изјави портпаролот на Белата куќа, Дејвис Ингл, во соопштението на платформата X.

Тој рече дека администрацијата е уверена дека барањата за Триумфалната капија ќе бидат „целосно оправдани додека продолжува овој судски спор“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБА шампион реши да ја прекине кариерата- објави загрижувачка порака

Кристапс Порзингис (31), латвиски кошаркар и центар на Голден Стејт Вориорс, објави дека се повлекува од кошарката за да се фокусира на здравјето. 

НБА шампион реши да ја прекине кариерата- објави загрижувачка порака

Веста ја објави вчера на социјалната мрежа X, без да открие какви здравствени проблеми имал. Исто така, не прецизираше дали планира да се врати на професионално играње во иднина.

„Оваа сезона навистина се радував повторно да играм со оваа група играчи, но како што постепено го зголемував интензитетот на тренингот, моето тело не реагираше онака како што очекував“, напиша Порзингис, четвртиот избор на драфтот во 2015 година и играч кој беше познат во НБА како Еднорогот поради неговата тогаш ретко видена способност да создава акции и да погодува тројки на 218 сантиметри висина.

„Добро сум, но знам што е потребно и во моментов не сум таму каде што сакам да бидам за да играм на нивото што го очекувам од себе. Во овој момент решив да го ставам здравјето на прво место и да се оддалечам од играта што ја сакам“, додаде латвискиот кошаркар.

Поради здравствени проблеми, тој ги пропушти подготовките за сезоната

Статусот на Порзингис е неизвесен од крајот на септември, кога Вориорс објавија дека ќе биде надвор од терените на неодредено време поради здравствени проблеми. Потоа беше потврдено дека нема да патува со тимот на Хаваи, каде што Голден Стејт се подготвуваше за новата НБА сезона.

Латвискиот центар не играше ниту еден натпревар оваа сезона, а сега одлучи да ги прекине кошаркарските активности за да се посвети на закрепнување. Во својата објава, тој истакна дека има намера да соработува со Вориорс за да најде решение кое ќе им одговара на двете страни.

Тој беше четвртиот избор на НБА драфтот и освои титула со Бостон

Порзингис пристигна во НБА во 2015 година, кога Њујорк Никс го избраа за четврти играч на драфтот. Во текот на 11 сезони, тој промени шест клубови. Покрај Њујорк, тој играше за Далас Маверикс, Вашингтон Визардс, Бостон Селтикс и Атланта Хокс, пред да се приклучи на Голден Стејт Вориорс.

Тој го постигна својот најголем успех во 2024 година, кога ја освои титулата во НБА со Бостон Селтикс.

За време на својата кариера, тој се профилираше како еден од најпознатите европски високи играчи во НБА, благодарение на неговата комбинација од висина, шут за три поени и способност да ја брани обрачот. Иако неговата објава го поставува прашањето за продолжување на кариерата, Порзингис сè уште официјално не потврди дека трајно завршил со професионалната кошарка.

Во својата кариера, тој одигра повеќе од 530 натпревари во регуларната сезона со просек од 19,5 поени и 7,6 скока.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер