Дебата: Основна цел на Предлог-законот за помилување е јасна и транспарентна постапка на помилувањето - Канал 5

Дебата: Основна цел на Предлог-законот за помилување е јасна и транспарентна постапка на помилувањето

Основна цел на Предлог-законот за помилување е јасна и транспарентна постапка на помилувањето, една од најзначајние измени е укинувањето на аболицијата.

Дебата: Основна цел на Предлог-законот за помилување е јасна и транспарентна постапка на помилувањето

Помилувањето никогаш не треба да се води од казната што е одредена и од природата на делото, туку да го мери и да го оценува процесот на ресоцијализација на институцијата. Сите луѓе, па и кога ќе направат големи грешки во животот и ќе се најдат изолирани, имаат право на втора шанса. Впрочем, денес трендот во ресоцијализацијата оди рака под рака со осовременувањето и очовечувањето на условите во затворите, истакна денеска претседателката Гордана Сиљановска - Давкова во воведното излагање на Научно-стручната расправа по предлог-законот за помилување на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

-Нашите затвори се уште не го исполнуваат овој услов, рече претседателката која потсети на укажувањата дека можеме да се најдеме на удар на Советот на Европа дури и за елементи на тортура за постапувањето кон луѓето во затворите.

Добро е што се седна да се изработи нов закон бидејќи, како што кажа, актуелниот „не личи на Закон особено ако мора да го читаме низ призма на она што го стори Уставниот суд менувајќи многу одредби“ и оти членовите на Комисијата не можат да имаат „истражни“ надлежности и да бараат информации од судовите или агенциите, и оти во нејзиниот состав не траба да бидат судии, адвокати...

Претседателката отвори неколку прашања поврзани со законот пред експертите од оваа област. Законските решенија, според неа, треба да се креираат имајќи предвид различни профили на претседатели, а меѓу прашањата што ги отвори е сведувањето на минимум на дискрециското право на одлучување, одредба за Комисијата за политички систем, досегашната и идната улога на Министерството за правда...

- Бидејќи во ова постапување има секогаш простор за дискреционо однесување, прашањето е како да се сведе на минимум или дури како да се анулира дискрецијата, оти во демократски систем не треба да има простор за вакво постапување. И јас затоа одговорно овде тврдам дека секогаш работата сум им ја оставала на Комисијата. Како што ќе одлучи Комисијата така се однесувам и јас, рече Сиљановска - Давкова додавајќи дека можеби тоа треба да се внесе во законот.

Во дебатата таа го отвори прашањето за тоа дали можеби не треба да се направи и закон за претседател.

- Еден ден треба да собереме сила и да донесеме закон за претседател, оти имаме закон за правата на претседателите кои не се претседатели, а немаме закон за претседател, рече Сиљановска - Давкова.

Зборувајќи за делата доживотен затвор и дилемата дали некои од лицата осудени на ваква казна не треба можеби крајот на животот да го дочекаат поинаку, со исклучок на случаи со тероризам и против човештвото, таа, меѓу другото, рече дека ние треба да ги следиме мислењата на Венецијанската комисија која им препорачува на државите од поранешна Југославија „да го тргнат автентичното толкување да го лоцираат таму каде што му е место во Уставниот суд и да го тргнат од Парламентот“.

- Ние сме држава со најмногу автентични толкувања. Образложението од Венецијанска е дека не може еден состав сегашен да толкува што мислел еден во деведесетите години и дека лесно преку автентично толкување да дадете сосема поинаква интерпретација на некоја законска одредба. Дури има забелешка и за општите мислења на Врховниот суд исто така врз поделбата на власта, рече Сиљановска - Давкова.

Претседателката наведе искуства од регионот во врска со законот за помилување.

-Читајќи споредбени искуства, ќе кажам најпрво од регионот, еве го зедов словенечкиот, хрватскиот, црногорскиот, српскиот модел – гледам дека сепак има различни модели. Кај словенечкиот нема простор за речиси дискреционо постапување и тоа е еден модел којшто е многу рестриктивен и многу транспарентен. Кај хрватскиот има умерено однесување или како го викаат тие насочен дискреционен модел некако. И се разбира значи првиот би бил институционално контролиран модел, сè е предвидено. Хрватскиот би бил насочен и кај црногорскиот и кај српскиот гледаме поголем простор за дискреција. Е сега мене ми се чини дека она што постои а не е законска материја, бидејќи секогаш комисијата доставува не само преглед на кандидатите, туку и поединечни ставови, ама исто така и образложение, оцени Сиљановска Давкова.

Таа посочи дека во некои закони постојат ограничувања во поглед на делата што можат да бидат предмет на помилување.

-Најчесто тероризмот, дела против човечноста, веќе сите знаеме дека никогаш не застаруваат и секој суд може да ги стави на дневен ред. Ама па тивко зборуваме за нешто друго. Има една позната книга на професорот Воин Димитријевиќ која се вика „Хашке недоумице“. Тој таму отворено објаснува за тоа дека и во југословенските простори се случиле дела против човечноста и дека кога Хаг ги враќал случаите тој не ги ставал ад акта туку за да се процесуираат. А многу од нив останале недовршени, рече претседателката.

[null]

Претседателката на Здружението за кривично право и криминологија на Македонија (ЗКПКМ), Александра Груевска-Дракулевски, рече дека основна цел на Предлог-законот за помилување е да овозможи една јасна и транспарентна постапка на помилувањето.

-Со овој закон се дефинираат видовите помилување, особено значајно е што утврдува јасни услови за поднесување молба, круг на овластени лица, рокови за повторно поднесување, детална содржина на извештаите што треба да ги подготват надлежните институции во постапката за помилување. Една од најзначајните измени во предлог-законот е укинувањето на аболицијата. Но, доколку остане вака предлог-законскиот текст, тоа значи дека усвојувањето на Предлог-законот за помилување треба да оди паралелно со измени на Кривичниот законик, и посебно на одредбата која се однесува на институтот на помилување, посочи таа.

Истакна дека помилувањето е акт со кој се задира во судската одлука и оттука и залагањето за напорестриктивна примена на овој институт.

-Помилувањето и амнестијата како акти на милост се познати уште од најстари времиња и актот на помилување секогаш мора да се потпира на рационално објаснување бидејќи на актот на помилување не треба да гледаме како на еден инструмент на политичка моќ и самоволие, туку како на инструмент на правдата. Сите недоследности во примената од досегашниот Закон за помилување донесен '93-та година, изменет 2009, 2016 и измените и дополнувањата 2009 укината со одлука на Уставниот суд, се очекува да се сведат на минимум со усвојувањето на новиот Предлог-закон за помилување, рече Груевска-Дракулевски.

Според неа, има ситуации кога помилувањето е коректив на правдата и кога не се коси со принципите на независниот судски систем.

На новинарско прашање како би се спречиле евентуални злоупотреби, таа рече дека новиот предлог-закон предвидува такви одредби со кои на минимум се сведуваат можностите за злоупотреби.

-Правото за помилување бара една висока стручност, професионалност, одговорност при одлучувањето и висок степен на етичност. Како член и на Комисијата за помилување, можам да кажам од моето досегашно искуство дека сите предмети од лица кои поднеле барање за помилување се разгледуваат со една посебна внимателност и етичност при одлучувањето и бара да имаме комплетна документација пред да можеме да дадеме предлог до претседателот дали тие лица да се помилуваат или не, рече таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБ: Денеска реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Струмица и Тетово

Овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити.

НБ: Денеска реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Струмица и Тетово

Денеска продолжи исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички. Исплатата се врши на шалтерите во Битола, а од денеска и во Тетово и во Струмица, каде што граѓаните можат да подигнат до 20.000 денари.

Во текот на денешниот ден, во трите града се реализирани вкупно 750 исплати. Исплатата се одвива непречено, со добра организација и согласно утврдената динамика.

Од денеска, клиентите на Банката на шалтерите во Битола, Струмица и Тетово можат да вршат и уплати за комунални услуги, како и да ги намируваат обврските за отплата на кредитите. Со ова се овозможува полесно извршување на дел од нивните тековни финансиски обврски.

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема активности за постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола. Приоритет останува обезбедувањето пристап до нивните средства и непречено извршување на платежните услуги за клиентите на Банката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражби

Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.

Превентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражби

На 09.11.2026 полициски службеници од полициска станица Штип одржаa едукативно предавање во ООУ „Ванчо Прќе“ во Штип на учениците од шесто и седмо одделение на тема „Меѓуврсничко насилство-Булин и Сајбербулинг“ при што им беа појаснети сите елементи на насилство помеѓу учениците,како да ги препознаат и каде да го пријават секој вид на насилство.

На 09.11.2026 на повеќе локации во Централно градско подрачје во Штип и Кочани полициски службеници од полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Штип и Кочани спроведоа превентивни активности од областа на сообраќајот, под мотото „Стави појас“ и „Не користи мобилен додека управуваш со моторно возило”. За време на спроведувањето на активностите на возачите им беше укажано за задолжителната обврска од носење сигурносни појаси при возење, односно да не користат мобилен телефон додека управуваат возило. Исто така, им беше укажано и за санкциите што произлегуваат од непочитување на законските одредби, а на возачите дополнително им беа поделени и печатени едукативни материјали, изработени со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

На 09.11.2026 полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, реализираа превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“. На возачите им беше укажано за ризикот што го преземаат за сопствената, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот при користење мобилен телефон додека управуваат возило.

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа сообраќајни превентивни активности во рамки на кампањата „Безбеден град“, со цел информирање и едукација на сите учесници во сообраќајот за начинот на функционирање на системот и неговата улога во навремено откривање и санкционирање на сообраќајни прекршоци.

На подрачје на Неготино пак, беше спроведена сообраќајна превентивна активност на тема „Алкохолот не ти е пријател“, во рамки на која полициските службеници им ја потенцираа на возачите за потребата за свесност и одговорност, да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Полициски службеници од ОВР Кавадарци, за учениците од ООУ „Пере Тошев“ одржаа едукативно предавање за заштита од врсничко и сајбер насилство. Учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и за последиците што може да се појават.

Полициски службеници од Полициско одделение Чашка, во селата Лисиче, Голозинци и Горно Врановци, општина Чашка, реализираа превентивна активност на тема „Заштити го својот дом“. Во рамки на активноста преку непосредна комуникација, граѓаните добија совети како да се заштитат од различни форми на кражби, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети.

На подрачје на Демир Капија пак, беше реализирана превентивна активност за заштита од измами, при што полициските службеници остварија кратки едукативни средби со жителите, на кои им беше укажано за начините како да се заштитат од различни видови на измами, да внимаваат при комуникација со непознати и да не оставаат свои лични податоци.

Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Утре променливо облачно со сончеви периоди

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени.

До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер