Де Вевер: Нема причина за славење поради трговскиот договор ЕУ-САД - Канал 5

Де Вевер: Нема причина за славење поради трговскиот договор ЕУ-САД

Во очекување на сите детали за новиот трговски договор меѓу ЕУ и САД, едно е јасно: ова е момент на олеснување, но не и причина за славење. 

Де Вевер: Нема причина за славење поради трговскиот договор ЕУ-САД

Трговски договор меѓу ЕУ и САД што беше постигнат синоќа во присуство на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен и американскиот претседател Доналд Трамп предизвикува олеснување, но не и причина за славење, оцени белгискиот премиер Барт де Вевер.

- Во очекување на сите детали за новиот трговски договор меѓу ЕУ и САД, едно е јасно: ова е момент на олеснување, но не и причина за славење. Царините ќе се зголемат во неколку области, а некои клучни прашања остануваат нерешени, наведе Де Вевер во објава на Икс.

Тој сепак, упати честитки до Фон дер Лајен и нејзиниот тим за, како што наведе, напорната работа и посветеност во последните месеци со фокус на зачувување на трансатлантските врски и обезбедување што е можно постабилна трговија во актуелните предизвикувачки околности.

- Искрено се надевам дека САД, во догледно време, ќе се откажат од заблудата на протекционизмот и повторно ќе ја прифатат вредноста на слободната трговија, која е камен-темелник на заедничкиот просперитет, додаде Де Вевер.

Според него, Европа мора да продолжи да го зајакнува својот внатрешен пазар, да ги намали непотребните регулативи и да создава нови партнерства за диверзификација на својата глобална трговска мрежа.

- Европа нека стане светилник на отворена, фер и сигурна трговија која очајно му е потребна на светот, потенцира белгискиот премиер во објавата.

Повеќето европски лидери кои покажуваа воздржаност кон плановите на ЕУ за воведување контра мерки кон САД, доколку не биде постигнат договор за царините, меѓу кои и германскиот канцелар Фридрих Мерц и италијанската премиерка Џорџа Мелони, позитивно ја оценија вчерашната трговска спогодба, нагласувајќи ја важноста од одржување на стабилноста.

Како што посочи синоќа Фон дер Лајен по постигнувањето на договорот, тој создава сигурност во овие неизвесни времиња и обезбедува стабилност и предвидливост за граѓаните и бизнисите од двете страни на Атлантикот.

Таа нагласи и дека станува збор за договорна рамка, чии детали треба да се прецизираат во текот на наредните недели.

- Навистина завршивме добра работа, имаме договор за следните години, кој е многу добар, додаде Фон дер Лајен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија без активни пожари

Центарот за управување со кризи денеска за првпат после подолго време информира дека нема активни пожари и пожари под контрола.

Македонија без активни пожари

Во изминатото деноноќие имало вкупно 21 пожар и сите се изгаснати.

На ден 12/13.09.2026 година, до 08:00 часот, регистрирани се вкупно 21 пожар на отворен простор, од кои нема активни пожари, нема пожари под контрола, а изгаснати се 21 пожар, се вели во информацијата од ЦУК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешен истражувач алармираше дека вештачката интелигенција е закана за човештвото

Шефовите на водечките компании за вештачка интелигенција сè погласно предупредуваат на ризиците од трката во развојот на сè помоќни AI системи.

Поранешен истражувач алармираше дека вештачката интелигенција е закана за човештвото

Дел од нив отворено повикуваат на поголема претпазливост и безбедносни механизми, додека политичари и експерти бараат и построга регулација. Дарио Амодеи, извршниот директор на Anthropic, директно повикува да се забави темпото на развојот.

-Мојата прва загриженост е што, од приближно летово, вештачката интелигенција напредува драматично побрзо, пред сè поради сè поголемата способност на AI да ја гради следната генерација на AI. Ако не се контролира, овој процес би можел да ја надмине нашата способност да ги разбереме и контролираме овие системи. Затоа, со него мора да се постапува исклучително внимателно — доколку воопшто продолжи.

На ризиците од брзиот развој претходно предупредуваа и други влијателни имиња од технолошкиот сектор, меѓу нив и Сем Алтман, извршниот директор на OpenAI, како и Илон Маск, кој со години предупредува дека напредната вештачка интелигенција може да носи сериозни ризици доколку не биде соодветно контролирана.

Предупредувањата не доаѓаат само од технолошкиот сектор. Американскиот сенатор Берни Сандерс бара уште порадикален чекор – пауза во развојот на напредната вештачка интелигенција, додека не се воспостават јасни безбедносни правила.

-Ако лидерите на големите АИ компании признаваат дека губат контрола над нивната екстремно оасна технологија, според мене е неодговорно за општеството да им дозволи да продолжат д аги прават овие продукти дури многу понапредни и многу поопасни. Неопходно е да се стави на „пауза“ овој напреден развој и трајна забрана на супер-разузнавањето и вештачките умови попаметни од секој човек способен да работи независно надвор од нашата контрола. – Берни Сандерс

Поранешниот американски претседател Барак Обама повикува на јавна регулација и надзор, за AI да не биде во корист само на неколку богати корпорации, туку на луѓето пошироко.

-Важно е да постои јавна регулација која ќе го насочува развојот на оваа технологија, за таа да не им користи само на неколку богати корпорации, туку на луѓето пошироко. Тоа ќе помогне и да се спречат негативните последици од вештачката интелигенција, како дезинформациите и дипфејк-содржините. - Барак Обама – Поранешен претседател на САД

Во меѓувреме, трката продолжува. OpenAI, Anthropic, Google и другите технолошки гиганти инвестираат милијарди во развој на нови и помоќни модели, додека истовремено расте притисокот врз владите да воспостават правила за нивна безбедна употреба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче дебело профитираа за време на кризите

Денес Владата на ВМРО ДПМНЕ е со конкретни мерки за горивата и заштита на стандардот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче дебело профитираа за време на кризите

Кога СДС нема што да понуди им останува само политичката критика но веќе им е познато на граѓаните дека на СДС се им смета па дури и конкретни мерки за заштита на стандардот како мерките кои ги превзема Владата на ВМРО ДПМНЕ за горивата.

СДС 7 години го крадеа народот, ја распродаваа и омаловажуваа државата и ги понижуваа граѓаните. СДС и Филипче во време на криза профитираа за денес да се луксузираат на јахтите со Заев по Егејот.

За разлика од СДС и ДУИ денес нема фудбалчиња по канцелаарии, нема банди по улиците, нема марихуана економија, нема распродавање на државните интереси.

Денес Владата се грижи за животниот стандард на граѓаните и превзема конкретни мерки. Во однос на горивата мерки веќе има, намелени акцизи, и ќе се донесат и нови мерки со што наместо зголемување ќе има намалување на цената на горивото.

Владата на ВМРО ДПМНЕ продолжува да го штити стандардот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер