Де Роси потврди дека Залевски е исфрлен од тимот на Рома

Тренерот на Рома, Даниеле Де Роси, зборуваше за медиумите пред дуелот со Џенова во Серија „А“, потврдувајќи дека играчот од средниот ред Никола Залевски е изоставен од тимот откако одбил да се приклучи на Галатасарај.

-Не знам дали ова е конечна одлука, не верувам. Одлуката ја донесе управата и ја дознав пред неколку дена. Доколку најдеме решение за продолжување на неговиот договор, ќе го вратиме во составот. Секогаш сум ја преземал одговорноста за техничките решенија. Но, тоа е над мене и треба да разговарате со Никола, неговиот агент и раководството. Неговиот договор истекува, доколку го продолжи ќе се врати. Мислам дека ќе биде така, но не сум вистинската личност да коментирам, рече тој.

Де Роси верува дека новите засилувања Матс Хумелс и Марио Хермосо се подготвени да играат.

-Тоа што ги имаме ни дава дополнителни опции тактички и го зголемува нашето искуство. Очигледно им треба време за да бидат 100%, ние ќе го оценуваме секој натпревар. Но, тие се подготвени за игра, ќе видиме дали тоа ќе биде од првата минута или во текот на играта, додаде тренерот на „волците“. /МИА

Коалицијата „Вреди“ повторно ја актуелизираше идејата за албанска Академија на науките

Општините со кои раководат кадри на коалицијата „Вреди“ ќе ja финансираат албанска Академија на науките во земјава, којa очекуваат да добие и институционална форма…

Коалицијата „Вреди“ повторно ја актуелизира идејата за албанска Академија на науките и уметностите во земјава– на состанок меѓу нивните четворица градоналници, лидерот на Алтернатива и членови на ова тело, барале начин како таа да стане државна институција. Првиот чекор велат е финансирање од општинските буџети на Тетово, Гостивар, Чаир и Желино, сега очекуваат разбирање и поддршка за академијата да стане установа бидејќи, како што велат, нивната цел не е да предизвикаат етнички тензии или паралелизам во Македонија.

„Ние како коалиција ВЛЕН ја поддржуваме оваа идеја, овој проект, затоа што цениме дека дојдено е време Албанците да бидат претставени соодветно и на академско ниво.“

„Бараме од новинарите, од политичарите, да нѐ гледаат како пријатели, како луѓе кои се бават со научна истражувачка дејност, ние не сме политичка организација. Ние бараме основни работи, општините кирија да ни подмират и патни трошоци.“

За оваа тема Вреди немаат поддршка од коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ. Официјалниот став од Владата за денешната средба по повод албанската академија, е дека во земјава постои само една единствена институција за науките и ументностите.

„Цениме како влада дека сите политички и општествени чинители треба да имаат една единствена цел а тоа е како да се подобри животниот стандард на граѓаните. Цениме дека во науката не треба да се дава никаков примес, освен за тоа како да се унапреди. Македонија има таква институција, која е наречена МАНУ.“

Албанската академија на науките и уметностите е едно од првите прашања кои Вреди ги отворија откако влегоа во владината коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Уште тогаш оваа идеја беше експресно отфрлена од премиерот Мицкоски, со став дека веќе постои МАНУ и паралелна научна институција со етнички предзнак не може да се формира. На иста линија се и членовите на МАНУ, појаснувајќи дека во нивните редови веќе има четворица академици Албанци и науката не треба да се етнизира и политизира.

Американската администрација побара од Израел да ја подобри хуманитарната ситуација во Газа

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден испрати писмо до израелската Влада во кое бара таа да работи на подобрување на хуманитарната ситуација во Газа во следните 30 дена.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден испрати писмо до израелската Влада во кое бара таа да работи на подобрување на хуманитарната ситуација во Газа во следните 30 дена или ризикува да ги прекрши американските закони со кои се регулира странската воена помош, јави Си-Ен-Ен.

Писмото, заеднички напишано од американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министерот за одбрана Лојд Остин, беше упатено до израелскиот министер за одбрана Јоав Галант и министерот за стратешки прашања Рон Дермер.

Барањето претставува нов чекор на САД во обидот да го принудат Израел да ја олесни испораката на хуманитарна помош во Газа.

Во писмото, исто така, се наведува дека Стејт департментот и Министерството за одбрана, според американскиот закон, „мора постојано да проценуваат“ дали Израел ги следи гаранциите што ги даде претходно оваа година дека нема да го ограничи протокот на помош во енклавата.

Рокот од 30 дена истекува по претседателските избори во САД на 5 ноември.

Салма Хајек покажа колку се моќни латиноамериканците во Холивуд (ОТО)

Месецот на националното латиноамериканско наследство се одбележува секоја година од 15 септември до 15 октомври, во Соединетите Држави.

Месецот на националното латиноамериканско наследство се одбележува секоја година од 15 септември до 15 октомври, во Соединетите Држави, за да се препознае придонесот и влијанието на шпанската култура врз достигнувањата, културата и историјата на нацијата.

Салма Хајек, една од главните латиноамерикански легенди во Холивуд, му оддаде почит на своето потекло во форма на фото-колаж, со нејзините сонародници од Латинска Америка - Селена Гомез, Пенелопе Круз, Антонио Бандерас, Ева Мендез, Џесика Алба, Софија Вергара и многу други.

- Благодарна сум на силната заедница околу мене која постојано ја издигнува нашата култура, ни го засилува гласот и турка кон промени. Заедно го почитуваме нашето наследство – напиша таа.

притисни ентер