Лишено од слобода лице од велешко, затекнат е при обид да изврши кражба во црква, следува соодветна пријава
1Лишено од слобода лице од велешко, затекнат е при обид да изврши кражба во црква, следува соодветна пријава
СветДе Кро: ЕУ мора да се реформира за да биде подготвена за проширувањеПред да станеме поголеми, ќе мора да станеме подобри, па затоа ЕУ ќе мора да се реформира пред да биде подготвена за проширување и за прием на нови членки, изјави вечерва во Брисел, белгискиот премиер Александер де Кро. - Потребна ни е Европска Унија што ќе биде способна да носи одлуки на побрз начин, задржувајќи го своето единство и што ќе биде поефикасна во искористувањето на ресурсите, истакна Де Кро на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по средбата на еврокомесарите со министрите во белгиската Влада со која официјално беше инаугурирано претседавањето на Белгија со Советот на ЕУ. Де Кро нагласи дека односите меѓу претседателството со Европскиот совет и Европската комисија се исклучително важни и нивната соработка е од круцијално значење, додавајќи дека сето она што ќе го работи Белгија ќе биде насочено кон интересите на европските граѓани и нивната благосостојба. - Нашето претседавање доаѓа во значајно време. Како никогаш досега жителите на Европа гледаат кон ЕУ со јасни очекувања да ги заштити, да ја зајакне нивната благосостојба и да ја подготви нивната заедничка иднина, порача Де Кро. Според него, заедничката иднина за Европа е неодвоива од безбедноста и стабилност на Украина и тие се гаранција за колективната безбедноста и сигурноста на ЕУ и нејзиното население. Тој изрази надеж ЕУ ќе постигне договор за финансиска поддршка на Украина, нагласувајќи дека не гледа причини зошто и овој пат како и многу пати досега кога имало сомнежи во тоа, Унијата не би постигнала договор и за ова прашање. - Живееме во турбулентен свет, не само во Украина, туку и на Блискиот Исток и на многу други места. Ние како Европејци многу често ги сносиме најголем дел од последиците од случувањата во светот. Но, она што ние како ЕУ треба да го направиме е да предводиме не само во дискусиите, туку и во активностите и да влијаеме на она што се случува во светот, истакна Де Кро. Тој се осврна и на клучните приоритети на белгиското претседателство, посебно нагласувајќи го спроведувањето на Европскиот зелен договор во интерес на граѓаните и на индустријата, како и усогласување на следната институционална рамка на ЕУ, потенцирајќи дека е сега е време Европа да испорача. Фон дер Лајен, од своја страна, нагласи дека Белгија многу пати играла важна улога во европската историја, па така и сега белгиското претседателство доаѓа во клучен момент за ЕУ, кога треба да се заврши постапката за усвојување на многу клучни законодавни досиеја, како прашањата за миграцијата, конкурентноста, зелената и дигиталната транзиција или социјалните права. - Главен приорите треба да биде поддршката на Украина. Сите сведочевме на неодамнешните брутални воздушни напади на Русија врз цивилни цели во Украина. По неодамнешната историска одлука за старт на преговорите со Украина, мора брзо да се движиме напред во стабилизација на финансиската помош за земјата, додаде Фон дер Лајен. Таа нагласи дека Европската комисија ќе предложи оперативно решение за се постигне заеднички договор за Механизмот за поддршка на Украина, по што Белгија како претседавач ќе има клучна улога за негово усвојување во институциите на Унијата. - Еден од приоритетите ќе биде и да ја подготвиме ЕУ за иднината. Мојата Комисија во последната година од својот мандат ќе продолжи да го прави токму тоа... Согласно одлуките од последниот Европски самит мора да се подготвиме за проширувањето на ЕУ и за време на белгиското претседателство ќе излеземе со предлог за политички ревизии. ЕУ треба да биде Унија што испорачува и зајакнува, па да работиме на тоа, додаде Фон дер Лајен. Во рамки на официјална инаугурација на претседавањето на Белгија со Советот на Европската Унија еврокомесарите имаа средби со ресорните белгиски министри за приоритетите на Белгија во претседавањето со ЕУ, за Стратешката агенда на Унијата, како и за работната програма на Комисијата, по што се одржи пленарен состанок со кој ќе претседаваа Фон дер Лајен и Де Кро. Инаугурацијата завршува вечерва со официјалното отворање на Палатата на фини уметности во Брисел и прием во организација на белгискиот крал Филип и кралицата Матилда. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишено од слобода лице од велешко, затекнат е при обид да изврши кражба во црква, следува соодветна пријаваНа 10.06.2026 во 02:30 часот на наплатна станица Сопот на автопатот Скопје - Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.М.(43) од село Бузалково, велешко, со живеалиште во Скопје. На место викано „Ветерско“, тој бил затекнат како излегува од патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки и со метален предмет се обидува насилно да влезе во црква, но откако ги забележал полициските службеници се оддалечил од местото. Набргу, по преземени мерки, возилото било сопрено, а лицето приведено во полициска станица.. Со Д.М. бил извршен службен разговор, при што го признал делото. Додека, при преглед кај него биле пронајдени пари и предмети за кои постои сомневање дека ги користел за вршење на делото. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: Црква Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерство за транспорт: Реакција на прес конференцијата на СДСМДенешната прес конференција на СДСМ е уште една лага и измислица. Сакаме да ја информираме јавноста дека постапката ја води општина Аеродром согласно сите законски процедури. Од Министерството за транспорт е побарано мислење и Министерството даде позитивно мислење затоа што сите законски процедури се испочитувани. Со оглед на тоа дека намената е спорт Министерството за транспорт даде позитивно мислење. Развојот на спортската инфраструктура е приоритет и ние силно ја поддржуваме. Општина Аеродром ја има нашата цела поддршка. Целата постапка од страна на општината е целосно транспарентна и согласно сите регулативи. Министерство за транспортТагови: Министерство за транспорт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова од Софија: Мора да го оживееме духот на регионалната соработкаПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија и укажа на потребата од оживување на духот на регионалната соработка и враќање кон принципите врз коишто пред три децении беше воспоставен овој процес. Потсетувајќи на проблемите со коишто се соочува Југоисточна Европа, таа оцени дека масовното иселување на младите, стареењето на населението, економското заостанување и влошените геополитички околности бараат храбро и одговорно лидерство, водено од заедничките интереси и солидарноста, а не само од парцијалните. Според неа, процесот на проширување на Европската Унија мора да се темели на Копенхашките критериуми, а напредокот во спроведувањето на реформите да го диктира темпото на пристапниот процес. Повикувајќи се на зборовите на бугарскиот автор Георги Господинов дека „кога вратите на иднината се затвораат, минатото станува единствената татковина“, таа предупреди на потребата од дебалканизација преку европеизација. За неа, европската интеграција е природна, како и геополитичка и безбедносна неопходност, а стабилен, просперитетен и европски Балкан е во интерес на сите држави во регионот, но и на Европа. Сиљановска-Давкова повика на регионална одговорност, како гарант за чекорење кон предвидлива и сигурна заедничка иднина, истакнувајќи дека успехот на секоја држава треба да се доживува како успех на целиот регион, а натпреварот да се води во знаење, иновации, култура и економски развој, наместо во блокади и поделби.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПопладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50