Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија
1Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија
МакедонијаДавкова од Рим: Силно и инспиративно е да прочитате на македонски јазик дека му се оддава почитСилно и инспиративно е да прочитате на македонски јазик дека му се оддава почит на духовниот сесловенски татко.Тешко е човек да ја изрази импресијата по ваков настан иако јас по вторпат доаѓам овде, секогаш како да е првпат. Молебенот од вчера ќе го помнам цел живот. Беше прекрасно да се поклоните на некој на кој му се поклонува сиот словенски свет - на Кирил, на филозофот Константин, изјави претседателката Гордана Сиљановска - Давкова денеска во Рим, по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители, јави известувачот на МИА. - Тоа е место што зрачи со духовност, а дополнително кога ќе чуете молебен од прекрасни, посветени, млади, убави свештеници тогаш верата уште повеќе се зајакнува и тоа е момент на духовност, истакна претседателката Силјановска - Давкова, која заедно со државно-црковната делегација денеска ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде што положи венец на спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на светите браќа Кирил и Методиј. Силно и инспиративно е, истакна Силјановска-Давкова, „да прочитате на македонски јазик, покрај на другите словенски јазици, дека му оддаваат почит на духовниот сесловенски татко без кој веројатно ние тешко би се просветиле, бидејќи тој е носителот, промоторот на писменоста, а без писменост не можете ниту умот ниту мислите да ги изразите“. На тоа, како што посочи, се надоврзува денешната посета на гробот на папата Франциск, кој „ќе остане запаметен по умот, по посветеноста, по ерудицијата, по блискоста до граѓаните, до верниците, длабоката верба во Бог, во мирот, човекот посветен на обичните, на сиромашните“. - Токму изборот ова да биде неговиот вечен дом и белата роза ја отсликува скромноста. Тоа за некој како мене кој поминал 45 минути во разговор со него минатата година е нешто што ја потенцира духовноста, рече претседателката. Во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим денеска присуствуваше и црковната делегација, предводена од митрополитот Тетовско-Гостиварски господин Јосиф, и голем број македонски граѓани, за што таа рече дека „ова мало одбрано друштво верска фамилија овде, придружено и од многу нашинци, уште повеќе ја зајакнува вербата во доброто, во мирот, во единството на кое особено повикува новиот папа Леон 14“. - Тоа е она предупредување за нас обичните луѓе, верниците, дека не е завршен патот, дека се уште не е остварена визијата на големите Кирил и Методиј, а еве и на папата Франциск, рече Силјановска – Давкова. Таа изрази надеж дека чекор напред ќе направи светот, Европа, верниците, со новиот Папа, бидејќи, како што рече, тој ќе ја продолжи христијанската приказна, сесловенската, духовната приказна. - На човештвото никогаш не му било повеќе потребна вера, со оглед на напливот на материјалното што не доведе до состојба со која не смееме да се гордееме. Ама затоа ова денеска, тоа вчера и утре ќе не упати на правиот пат, истакна претседателката Силјановска – Давкова, која во понеделник во Ватикан ќе има аудиенцијата кај новиот папа Лав 14 и средба со кардиналот Пјетро Паролин.Тагови: Сиљановска Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПроменливо облачно со сончеви периоди и температура до 19 степени09:08Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
ФормулаТриумф на Верстапен на Гран прито во Лас Вегас Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, е победник на трката за Големата награда на Лас Вегас од светскиот шампионат во Формула 1.За извонредниот Холанѓанец ова е четвртата победа во последните шест трки. Трката за Големата награда на Лас Вегас, дефинитино беше најнеизвесната и највoзбудливата оваа сезона. Од самиот почеток се водеше голема борба, буквално за секоја позиција на патеката. Верстапен успеа да се одбрани од конкурентите, најмногу од Расел, кој 35 кругови беше зад него. Ред Бул извојува победа благодарение на различните поставки на болидот Верстапен. Холанѓанецот, по голема борба и бројни промени во водството, стигна до триумф пред Ландо Норис и Оскар Пјастри од Мекларен. Проблеми во финишот, со болидот, имаше светскиот првак, Кими Антонели, кој во неколку свиоци ја загуби втората позиција од Норис и Пјастри. Четвртото место му припадна на Антонели, додека Алпин оствари одличен резултат благодарение на петтата позиција на Гасли и шестото место на Франко Колапинто.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПрипадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир КапијаОд редовна обука во вистинска спасувачка акција: Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија.Припадниците на Баталјонот на специјални сили (БСС) успешно реализираа сложена спасувачка акција за евакуација на тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија. За време на изведувањето на редовна напредна обука за планински операции, припадниците на БСС беа алармирани за несреќа што се случила во непосредна близина, при која цивилно лице – алпинист, во текот на качувањето по карпи, паднало на исклучително стрмен и непристапен терен, при што се здобило со тешки телесни повреди. Веднаш по добивањето на информацијата, припадниците на специјалните сили пристапиле кон организирање и спроведување на спасувачката акција. На повреденото лице му била укажана прва медицинска помош на местото на несреќата, по што, со употреба на специјализирана алпинистичка и спасувачка опрема, било извршено безбедно извлекување од непристапниот терен и транспорт преку реката. По успешно извлекување до пристапна точка, повредениот алпинист бил предаден на екипите на Итната медицинска помош за понатамошно згрижување и лекување. Оваа успешна интервенција уште еднаш ја потврдува високата обученост, професионалноста, подготвеноста и способноста на припадниците на Баталјонот на специјални сили за дејствување во сложени и ризични услови. Воедно, таа е потврда за нивната пожртвуваност, решителност и подготвеност за ангажирање во најпредизвикувачки ситуации, во служба на граѓаните и заштита на човечките животи.Тагови: АРМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСообраќај по суви коловозиСообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, со умерен интензитет надвор од градските средини.Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива непречено, по наместа влажни коловози, а интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Возачите се предупредуваат на зголемена внимателност на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Од АМСМ потсетуваат дека веќе една недела, поточно од 15 ноември возачите имаат законската обврска во возилата задолжително да имаат зимска опрема, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе важи до 15 март наредната година.Тагови: сообраќај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter