Давитков: Да го вратиме националниот тим таму каде што припаѓа - Канал 5

Давитков: Да го вратиме националниот тим таму каде што припаѓа

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков на денешната прес-конференција во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ги искажа своите очекувања за претстојниот подготвителниот период.

Давитков: Да го вратиме националниот тим таму каде што припаѓа


- По десет години повторно сум дел од македонската кошарка. Состојбата во репрезентацијата е деликатна и сите заедно ќе треба да работиме за да го вратиме националниот тим онаму каде што припаѓа. И кога првпат бев селектор, пред речиси 10 години и тогаш ситуацијата беше многу тешка кога моравме од Б дивизија да се вратиме во дивизија А, сега исто така состојбата е далеку од идеална. Ако некој каже дека пред нас се Естонија и Косово и дека ќе имаме лесна задача, ќе се лаже. Се уверивме и лани, се велеше дека Велика Британија и Унгарија се лесни противници, видовме дека не е така. Во Европа, кошарката е на едно многу повисоко ниво од порано и веќе нема слаби репрезентации, свесни сме за тоа и ќе сториме се за да стигнеме до пласман во квалификациите за СП, што значи и автоматски пласман во квалификациите за наредното Европско првенство, изјави Давитков.
Тој информира дека тешко му одело составувањето на националниот тим.

- Кај нас има еден јаз, еден вакуум на квалитетни играчи кој е поголем од пет години и мораме да го пополниме. Во репрезентацијата до 20 години има одлични кошаркари кои се надевам за неколку години ќе бидат предводници во сениорскиот состав. Како што го гледате списокот, кој го објавив вчера, неговото склопување воопшто не беше лесно. Имаме тројца кошаркари од репрезентацијата до 20 години кои ќе ни се приклучат подоцна (Маслинко, Митев, и Димитријевиќ), а има и седум помлади кошаркари. На списокот ги ставив и искусните Чековски, Антиќ и Мекејлеб кои рекоа дека ќе се обидат да помогнат колку што можат, но повеќе детали ќе имаме по прозивката вечер. Имаме и двајца натурализирани играчи, Мекејлеб и Теодор. Процедурата за добивање пасош на Џордан Теодор е во тек и очекувам тој да се појави на подготовките со мало задоцнување. Мекејлеб е резервна варијанта доколку нешто се комплицира, рече Давитков.

На крајот, македонскиот селектор изрази уверување дека со напорна работа состојбата во репрезентацијата може драстично да се подобри.
- Се надевам дека во овие 40 дена ќе ја подобриме атмосферата и ќе го оствариме резултатот што се очекува од нас. Мораме крајно сериозно да ја сфатиме состојбата, напорно да работиме и да ја вратиме кошарката каде што припаѓа, истакна Давитков.

Претседателот на МКФ, Петар Наумоски им посака успешни подготовки и успешни пријателски натпревари на кошаркарите и на стручниот штаб.

- Ситуацијата е таква каква што е, не бегаме од одговорност, нормално е во услови во какви што сме да се бараат издржливи луѓе за да може да се надополни тој јаз од според мене десетина години во кои никој не обрнувал внимание на младинските категории. За мене, Давитков не е непозната личност, ние бевме соиграчи во најдобрата сезона на Работнички, а и цимери. Верувам во него и оптимист сум дека ќе успееме да ги оствариме зацртаните цели, нагласи Наумоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Хаос поради нозете на Џеј Ло

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез покажа дека дури и на 57-годишна возраст може да се пофали со завидна фигура, а нејзиното последно телевизиско појавување повторно привлече внимание поради нејзиниот изглед.

Фото: Хаос поради нозете на Џеј Ло

Извајаните нозе на „жешката“ латиноамериканка Џеј Ло предизвикаа хаос, напорните тренинзи вродија со плод.

Латино дивата Џенифер Лопез гостуваше во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, каде што се појави во краток фустан што ги истакна нејзините затегнати и мускулести нозе.

За оваа пригода, таа одбра впечатлив мини-фустан во маслинеста боја, чиј крој дополнително ја нагласи фигурата по која таа е препознатлива со години.

Токму мини-должината ги стави нејзините извајани нозе во центарот на вниманието, особено додека таа седеше на каучот во студиото.

Стајлингот го заокружи со чевли со шпиц во кафеава нијанса, златни алки, часовник, прстени и обетки.

Косата ја зачешла наназад и ја врза во високо опавче, додека очите ги истакна со шминка, а усните ги остави во неутрални тонови.

Сепак, фотографиите од студиото брзо привлекоа внимание, а нејзиниот избор на облека уште еднаш покажа дека пејачката радо избира парчиња што ја истакнуваат нејзината фигура и дека не се плаши од кратки и провокативни кроеви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!

Од шеширот едвај се гледа, но градите сепак „штрчат“, дали знае некој која е оваа убавица?

Фото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!

Раперката Карди Б не пропушти прилика повторно да ги покаже своите прекрасни бујни облини – но и својот префинет вкус за мода и модни трендови.

Синоќа во Лос Анџелес се одржа 17-тото доделување на наградите „Гувернерс“ (Governors Awards), настан на кој присуствуваа бројни ѕвезди.

Американската раперка Карди Би не ја пропушти можноста да заблеска на овој настан, воодушевувајќи ги сите присутни со своето модно издание.

За хуманитарниот настан, таа му ја довери довербата на модниот дизајнер Тамара Ралф и облече нејзин фустан од висока мода. Како што може да се види, белиот фустан, кој е кроен со нагласен струк, ја истакна нејзината витка фигура, но истовремено ги нагласи и нејзините бујни гради.

Интересен беше и делот на стомакот – златниот елемент во стил на корсет, кој на целата креација ѝ даде нота на модерен гламур.

Сепак, главниот акцент во стајлингот беше преголемата шапка, која совршено се вклопи во оваа комбинација и го претвори целокупниот изглед на раперот во уметничко доживување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБА инвестира милијарди во европската кошарка !

Најсилното светско кошаркарско првенство, НБА планира да инвестира милијарди долари во создавањето на нова европска кошаркарска лига, во која сака да ги вклучи најголемите фудбалски клубови од Стариот континент.

НБА инвестира милијарди во европската кошарка !

НБА не се откажува од идејата за започнување ново кошаркарско натпреварување на Стариот континент, а амбициите на американската организација стануваат сè поголеми.

Според информациите на британскиот „Скај њуз“ (Sky News), планот е да се формира огромен инвестициски фонд кој би располагал со милијарди долари. Средствата првенствено би биле наменети за изградба на модерни спортски сали, развој на инфраструктурата и привлекување на големи европски клубови.

Целта на НБА е да создаде натпреварување кое ќе ги обедини најпознатите спортски брендови во Европа и ќе стане сериозен конкурент на Евролигата.

Посебно внимание привлекува списокот на клубови што американската организација сака да ги вклучи во проектот. Меѓу нив се Реал Мадрид, Барселона, Милан и Пари Сен Жермен. Идејата е овие фудбалски гиганти да добијат свои кошаркарски франшизи и да ја искористат својата постоечка популарност за развој на нов спортски производ.

НБА особено смета на британскиот пазар, па Лондон и Манчестер веќе се споменуваат како потенцијални градови домаќини за нови тимови. Ова би му дало дополнителна комерцијална вредност на европскиот проект и би ја отворило вратата кон пазар каде што кошарката сè уште ја нема популарноста што ја ужива фудбалот.

Сепак, реализацијата на еден ваков голем потфат нема да биде едноставна. Дел од потенцијалните инвеститори се загрижени поради огромните трошоци за започнување на натпреварувањето, но и поради неизвесноста во однос на неговата долгорочна профитабилност.

Инаку, НБА претходно се обиде да најде заеднички јазик со Евролигата, но договор меѓу двете страни не беше постигнат. По неуспешните преговори, американската организација продолжи да ја развива идејата за посебно европско натпреварување, со поддршка од ФИБА.

Доколку планот се реализира, европската клупска кошарка би можела да влезе во сосема нова ера, со огромни финансиски вложувања и доаѓање на некои од најголемите спортски имиња.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер