Давид Луизго напушта Челзи и се сели во ПСЖ? - Канал 5

Давид Луизго напушта Челзи и се сели во ПСЖ?

Одбранбениот фудбалер на Челзи , Бразилецот давид Луиз кариерата ќе ја продолжи во редовите на францускиот шампион Пари сен Жермен, тврдат француските медиуми.

Давид Луизго напушта Челзи и се сели во  ПСЖ?
Најверојатно овој трансфер ќе биде реализиран во склоп на акцијата со која сините од Лондон планираат да го намалат бројот на фудбалери на платниот список.

26 годишниот Луиз долго време беше поврзуван со Барселона , но по казната за Каталонците од ФИФА за забрана на трансфери во следните два преодни рока , бразилскиот репрезентативец се врти кон Париз и ПСЖ.


Давид Луиз е голем пријател со капитенот на ПСЖ неговиот сонародник Тиаго Силва и наводно токму тој е тасот на вагата кој ќе биде пресуден дефанзивецот на Челзи да се пресели во Париз.

Сезонава Давид Луиз за Челзи одигра 21 натпревар во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Канал 5 Телевизија со барање за извинување од Славе Младеновски

Поради тврдењата на Славе Младеновски од Здружението на медијатори на ЈИЕ, изнесени по електронски пат со содржина:„Има ли некој што мисли дека Канал 5 не добива пари за ваков вид емисии“, Канал 5 Телевизија бара официјално извинување во рок од 24часа

Канал 5 Телевизија со барање за извинување од Славе Младеновски

Поради тврдењата на Славе Младеновски од Здружението на медијатори на ЈИЕ, изнесени по електронски пат со содржина: „Има ли некој што мисли дека Канал 5 не добива пари за ваков вид емисии“, Канал 5 Телевизија бара официјално извинување во рок од 24 часа.

Во спротивно, ваквите инсинуации Младеновски ќе треба да ги докаже на суд. Бришењето на коментарот нема да влијае врз одлуката да се поведе правна постапка.

На вчерашниот исечок од емисијата „Само вистина“, Младеновски коментираше и инсинуираше дека Канал 5 добивала пари за емисијата, која е бренд во македонскиот етер.

На овој начин, Канал 5 сака да ги заштити својот углед, угледот на новинарите и слободата на говорот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Најпознатата хрватска навивачка покажа како навистина изгледа деколте „до папокот“

Најпознатата хрватска навивачка повторно привлекува внимание: Покажа како навистина изгледа деколте „до папокот“.

Фото: Најпознатата хрватска навивачка покажа како навистина изгледа деколте „до папокот“

Хрватската навивачка, инфлуенсерка и диџејка Ивана Кнол повторно го привлече вниманието на јавноста со смело модно издание.

Овој пат „жешката“ Ивана блесна на еден настап во Лас Вегас, каде што се појави во тесен, проѕирен чипкаст комбинезон кој остави малку простор за имагинацијата.

Кнол, која стана позната во јавноста како една од најстрасните навивачки на хрватската фудбалска репрезентација, во последните години гради и диџејска кариера, а нејзините модни избори редовно предизвикуваат коментари на социјалните мрежи.

За настапот во Лас Вегас, таа избра црн комбинезон со долги ракави, изработен од проѕирна тантела со цветен дезен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието

Пратенички прашања од пратениците од редовите на опозицијата, денеска на собраниска седница. 

Опозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието

Планирани се вкупно 15 точки, каде пратениците меѓудругото ќе расправаат и за предлог-законот за изменување и дополнување на законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост во второ читање.

На дневен ред се и неколку предлог-закони по скратена постапка како предлог-законот за изменување и дополнување на законот за градењето, и дополнување на законот за здравственото осигурување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер