Дарвин Нуњез сака да игра за Атлетико - Канал 5

Дарвин Нуњез сака да игра за Атлетико

Приоритет на напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез е преселба во Атлетико, објавија неколку шпански медиуми.

Дарвин Нуњез сака да игра за Атлетико

Нуњез својата желба за преселба во Атлетико ја соопштил на новинарот Чави Гомара.

Според Гомара, 24-годишниот Уругваец е убеден дека ќе може да ја врати својата најдобра форма под водство на тренерот Диего Симеоне, кој е тренер на мадридскиот тим.

Атлетико планира Нуњез да го добие на позајмица со задолжителна откупна клаузула.

Оваа сезона Нуњез настапи на 46 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна седум голови и исто толку асистенции.

Петрушевски: Пожарите се подметнуваат намерно, а СДС се сити и се обидува да печали политички поени

Пожарите се подметнуваат намерно, а СДС се сити и се обидува да печали политички поени.

Петрушевски: Пожарите се подметнуваат намерно, а СДС се сити и се обидува да печали политички поени

На неколку локации каде се локализирани пожари и во Скопско и низ државата се забележани гуми кои се фрлани со цел да се распламти и разгори пожарот. На одредени места пронајдени се и ракавици, а пред два дена во Чучер Сандево и дрва потопени во бензин.

Очигледно е дека како еден пожар се гаси, друг некаде веднаш се пали.

Институциите на системот макотрпно работат и ги гасат и локализираат пожарите секој ден. Од друга страна некој во државата сака истата да ја пеплоса.

Според информациите кои ги имаме, а ги објавија и институциите, одредени лица се веќе под истрага, а едно лице е лишено и од слобода.

И додека институциите се борат да ја заштитат секоја педа земја, СДС тера политика и се обидува да ќари некој политички поен.

Чудна е поврзаноста на пожарите и брзината на СДС да изреагира.

Народот многу добро гледа СДС што прави, и за тоа следува казна на изборите.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Телото пронајдено во близина на пожар во кривопаланечко предадено на обдукција

 Телото на починатото лице пронајдено во близина на пожар во село Лозаново е предадено за обдукција, соопшти денеска СВР Куманово. 

Телото пронајдено во близина на пожар во кривопаланечко предадено на обдукција

Оттаму информираат дека полициските службеници го пронашле починатото лице е вчера, а бил извршен увид и од јавен обвините.

Полицијата информираше и за две пријави за пожари во кумановско, во село Четирце кој настанал во 14.49 часот, при што биле зафатени стрништа, необработени ниви, поголема површина со лозови насади, како и кровна конструкција на куќа сопственост на Ц.Д. и помошни простории, сопственост на М.Д. и Н.П., како и една напуштена куќа. Во пожарот нема повредени, го изгасила ТППЕ Куманово, увид извршила полицијата.

За вториот пожар во населбата „Перо Чичо“ во Куманово, полицијата била информирана во 15. 18 часот. Таму настанал пожар во помошна просторија, сопственост на Д.С., кој вдишал дим, по што бил пренесен во општа болница Куманово.

Вчера околу 14.30 часот во СВР Куманово е пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, во атар на село Војник, општина Старо Нагоричане се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „волво“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од А.П.(49) од Радовиш, товарно возило „ивеко“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(30) од Куманово и патничко возило „сеат леон“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.В.(46) од с. Старо Нагоричане, општина Старо Нагоричане. Во незгодата нема повредени лица, а патничкото возило „сеат леон“ целосно изгорело. Увид извршила екипа на СВР Куманово.

На подрачјето на кумановско имаше 13 пожари, а гореа и површини во Старо Нагоричане.

Андоновски - Агелер: Поддршка од САД за дигитална трансформација на Македонија

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска имаше работна средба со амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер.

Андоновски - Агелер: Поддршка од САД за дигитална трансформација на Македонија

Средбата се одржа во духот на зајакнување на билатералната соработка во областа на дигитализацијата, сајбер безбедноста и технолошкиот развој, соопшти кабинетот на Андоновски.

Во фокусот на разговорот бил претстојниот Дигитален самит на Западен Балкан, што ќе се одржи во октомври 2025 година во Скопје, а на кој ќе учествуваат високи претставници на земјите од регионот, меѓународни партнери, како и претставници од приватниот сектор.

Андоновски ја истакнал силната и континуирана поддршка од САД во процесот на дигитална трансформација на Македонија, како и важноста на заедничките активности што придонесуваат за унапредување на инфраструктурата, јакнење на безбедноста и економскиот развој.

- Оваа средба претставува значаен чекор напред во нашите заеднички заложби за дигитална иднина. Благодарни сме за партнерството со САД, кое е клучно за унапредување на реформите и градење на инклузивна и одржлива дигитална економија, оцени Андоновски.

Дигитализацијата останува еден од стратешките приоритети на Владата на Република Македонија, а соработката со нашиот стратешки партнер, Соединетите Американски Држави претставува важен двигател на напредокот во оваа област, стои во соопштението од кабинетот на министерот за игитална трансформација.

притисни ентер