Македонија го засилува фронтот против пожарите: Над 250 доброволни пожарникари обединети под иста команда на ДЗС
2Македонија го засилува фронтот против пожарите: Над 250 доброволни пожарникари обединети под иста команда на ДЗС
3Николоски: Проблемот на професионалните возачи го решаваме самостојно, веќе се издаваат долгорочни визи
КошаркаДарушафака со победа над Црвена Звезда се избори за осмото место во ЕвролигатаКошаркарите на Дарушафака со победата 78:62 постигната вечерва против директниот конкурент Црвена Звезда го освоија осмото место и се пласираа во четвртфиналето од плеј офот. Турската екипа триумфот го навести со одличниот почеток (10:0) и имаше водство во текот на целиот натпревар. Гостите од Белград се доближија на почетокот на последниот период на негатива од четири поени (55:51), но немаа сили за пресврт, притоа натпреварот го завршија со само една погодена тројка од 16 обиди. Најефикасен на дуелот беше Бред Ванамејкер со 22 поена. На вториот натпревар кој заврши вечерва ЦСКА Москва – Олимпијакос 90:86. Во тек се натпреварите: Армани Милано – Казан и Реал Мадрид – Анадолу Ефес. На вчера одиграните дуели од последното коло: Басконија – Жалгирис 79:84, Макаби – Панатинаикос 61:81, Бамберг – Галатасарај 79:84 и Фенербахче – Барселона 68:65. Табела: Реал Мадрид 22-7 (победи-порази), ЦСКА Москва 22-8, Олимпијакос 19-11, Панатинаикос 19-11, Фенербахче 18-12, Анадолу Ефес 17-12, Басконија 17-13, Дарушафака 16-14, Црвена Звезда 16-14, Жалгирис 14-16, Барселона 12-18, Галатасарај 11-19, Бамберг 10-20, Макаби 10-20, Армани Милано 8-21 и Уникс 7-22.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПолицијата почна да „лови“ несовесни возачи на тротинети – стапи на сила новиот закон Старите навики и натаму се гледаат, побрзо возење меѓу пешаци, во спротивна насока, а речиси никој не ги турка тротинетите за да премине улица – па останува да се види, дали казните ќе ја поттикнат совеста кај оние кои возат тротинети.А, токму овие навики денеска беа под лупа на полицијата која денеска на неколку локации во градот ги стопираше возачите на тротинети кои не се придржуваа до поригорозните правила кои сега се законски регулирани. Дел од нив беа изненадени, други пак со изговор дека не знаеле оти законот веќе е на сила, па им беше посочено од полицјата на што треба да внимаваат во иднина за да бидат сите побезбедни. Забележавме на тротинетите и малолетници, кои не само што не смеат да возат, туку возеа и на булевар, во спротивна насока, а и побргу од утврдената брзина и покрај тоа што за нив казните се највисоки, односно 275 евра, а можат да останат и без тротинетот. Еден од малолетниците не успеа да ја избегне полициската стоп-палка. Ако малолетник биде сопрен на тротинет, веднаш се повикуваат неговите родители, како и инспектор за малолетници – се изготвува записник и потоа следува прекршочната процедура – па затоа од МВР апелираат до родителите, за најмладите да бидат побезбедни, најважно е да се стекнат со сообраќајна култура и да научат да ги почитуваат законите од најрана возраст. Воедно, побараа сите да бидат внимателни за посигурни улици. -Апелираме до сите учесници во сообраќајот како и до возачите на лесни електрични возила, како една од најранливите категории на учесници во сообраќајот, да ги почитуваат собраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за побезбедни патишта низ државатам, бидејќи почитување на сообраќајните правила значи и заштита на човекови живот,- – Гоце Андреевски – Портпарол на МВР. Електричните тротинети со новото законско решение станаа „лесно електрично возило“, а силата на електромоторот не смее да надминува 0,6 киловати и 35 кг без товар. Максимална дозволена брзина е 20 кмч на вело-патека, и 6 кмч на пешачка патека – возењето на булевар е забрането. Не смеат да се превезуваат други лица, во спротивно, и тој што вози, а и тој што се превезува ќе треба да платат по 100 евра казна. Воедно, тротинетот не смее да се вози при минување на пешачки премин. За опасноста што ја носат овие превозни средства, пред се по самите возачи говори и статистиката на итната медицинска помош, од каде посочуваат дека во просек 3 лица завршуваат во Итна медицинска помош по падови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеЗа 24 часа 7 колапси на јавно место, граѓаните често губат свест во автобус или на постојкаКолапси во автобуси и на постојки, сообраќајки, варирање на притисок, панични напади, ноќни повици поради млади што во алкохолизирана состојба паѓаат по улици. Високите температури освен асфалтот ја „вжештуваат“ и линијата на Итната медицинска помош. Со само пет екипи на смена на цело Скопје оваа служба има полни раце работа - над 100 повици, од кои за 73 во изминативе 24 часа морале да пратат и возила и да интервенираат на лице место. Утрово специфичен случај на колапс имало во автобус кога човек откако изгубил свест се струполил додека автобусот се движел и се здобил со повеќе повреди. На 194 не изостануваат повиците на депресивни, луѓе со психози и панични напади. Лекарите велат дека бројот на вакви случаи се зголемува, а на 194 се јавуваат и такви кои бараат помош за чувство на тахикардија поради тоа, боледуваат од хронична љубов. Не ја земајте терапијата за притисок пред да го измерите, велат лекарите кои покрај основните препораки - надвор да не се изглегува во најтоплиот период од денот и да се пие големо количество на вода, советуваат, во најтоплите денови да се замине во поладните предели, на пример на планина, а и повеќе да се внимава на исхраната и начинот на живот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМакедонија го засилува фронтот против пожарите: Над 250 доброволни пожарникари обединети под иста команда на ДЗСВо пресрет на топлотниот бран кој се најавува од синоптичарите во периодот што следи а со тоа и опасноста од пожари на територијата на Македонија, државата можеби како никогаш досега влегува подготвена за справување со евентуалните огнени стихии.Повеќе од 250 доброволни пожарникари од сите активни доброволни противпожарни друштва денес се приклучија на тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување. Тие заедно со трите Ер-трактори на Дирекцијата, армиските и полициските хеликоптери како и повеќе од стотина цистерни и најсовремените возила за гаснење на шумски пожари ќе бидат на располагање на државните противпожарни капацитети летово Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, вели дека заедно со доброволните пожарникари оваа сезона вкупно ќе има 950 професионални пожарникари на ниво на државата. „Што се однесува до нашата подготвеност за справување со пожари, оваа сезона сме подготвени како никогаш досега. Поради опасноста од пожарите Владата оваа година благовремено прогласи кризна состојба уште од 1 јули со што на располагање ги имаме сите механизми на кризната состојба како што е непречено учество во справувањето со пожарите на Полицијата и Армијата но и на сите останати национални ресурси“, рече - Стојанче Ангелов – Директор на Дирекција за заштита и спасување. Ангелов апелира на поголема внимателност во летните денови од страна на земјоделците но и останатите граѓани, но и натаму е потребна будност и околу онои кои и во минатото подметнуваа дел од пожарите... - Јужните, централните и источните делови на државата особено делот во Штипско, Овче Поле, Св. Николе и Кочанско поле се изложени на најчесто први на летните пожари, бидејќи овде меѓудругото има многу стрниша кои од земјоделците се палат – посочи Ангелов. Првиот човек на ДЗС уште еднаш истакна дека не очекува тешка сезона летово и како командант на силите за заштита и спасување иднината на гаснењето на пожарите на отворен простор ја гледаа во развој на доброволното пожарникарство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08