КултураДариус Конџи добитник на Златна камера 300 за животно дело на 46. ИФФК „Браќа Манаки“Дариус Конџи е добитник на Златна камера 300 за животно дело на 46. Интернационален фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“, што од 20 до 26 септември ќе се одржува во Битола. Оскаровецот Воли Фистер годинава во Битола ќе ја прими Специјалната камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност. Ова беше соопштено на денешната втора прес-конференција на ИФФК во пресрет на новото фестивалско издание. Директорот на ИФФК Димитрија Доксевски рече дека „Браќа Манаки“ е наша гордост и најави дека ќе има исклучително квалитетно издание, со квалитетна програма и доста возбудливо. Потенцира дека Воли Фистер и Дариус Конџи го потврдиле своето присуство на фестивалот, а ќе одржат и мастеркласови. Потсети дека режисерот Семих Капланоглу е добитник на Специјална камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност, а Кирил Џајковски e добитник на наградата „Големата ѕвезда на македонскиот филм“ што ја доделува Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ). Доксевски информира дека мултимедијалниот македонски уметник и филмски режисер Киро Урдин специјално го изработил плакатот за фестивалот. Селекторот на главната програмата на фестивалот Слаѓан Пенев информира дека на отворањето ќе биде прикажан македонскиот филм „Мајка“ на Теона Стругар Митевска, кој претходно имаше премиера на програмата „Хоризонти“ на филмскиот фестивал во Венеција. На затворањето ќе биде прикажан македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ на Георги М. Унковски, наградуван на голем број фестивали. Марија Апчевска, селектор на интернационалната краткомрежна програма заедно со Атанас Велковски, соопшти дека годинава ќе бидат претставени 14 наслови од целиот свет, од Европа, Америка, Азија, Австралија... Ќе има филмови од Швајцарија, Турција, Сингапур, Филипини. - Оваа програма го слави краткиот филм како засебна форма и дозволува слобода, од аспект на камера и кинематограферски достигнувања. Како и досега во оваа програма, меѓу другите наслови ќе има и македонски филм „Нова енергија“ на режисерите Сара Климовска и Радован Петровиќ, рече Апчевска. Дополнително меѓу 14-те филмови ќе биде прикажана и нашата копродукција, филмот „Лојнес“, кој имаше премиера на годинашниов Канскиот филмски фестивал. Таа посочи дека дел од филмовите се со социјални теми, со авантуристички приказни. Тоа се филмови кои имале премиери на големи фестивали, биле добитници на награди, но и има и филмови на нови имиња. Кумјана Новакова, селекторка на документарната натпреварувачка програма на „Браќа Манаки“ истакна дека програмскиот концепт на оваа програма се води од неколку начела, од кои најзначајни се креативната храброст и посебноста на ликовниот филмски израз. Се обидуваме, како што рече, да се водиме и од социјалниот ангажман на филмот и од одговорноста, општествена, авторска, креативна, продукциска... - Програмата оваа година ќе претстави осум филмови од цел свет, од Европа, од Јужна Америка, од регионот... Она што ги обединува сите филмови е што се актуелни во социјална, економска, политичка и културна смисла, рече Новакова, додавајќи дека во некои од нив има хибридни пристапи. Сите филмови подеднакво се натпреваруваат за Железна камера 300. Меѓу осумте наслови во оваа програма се: мексиканскиот филм „Кажи збогум“, „Кога телефонот ќе заѕвони“... Ханис Багашов, селектор на студентската програма, рече дека ќе бидат прикажани 16 наслови, кои претежно доаѓаат од Европа и од регионот. Ги претстави сите наслови меѓу кои се: премиера на филмот „Сенки на месечината“, „Топли води“, „Биково око“ од Србија, „Со среќа Сара“ од БиХ, „Светло месо“ од Швајцарија... Тагови: Дариус Конџи Златна камера 300 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПовторна расправа за Законот за јавни набавки во СобраниетоВо Собранието денеска исто така ќе се расправа и за законот за јавните набавки откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно не го потпиша указот за негово прогласување.Со тоа што пратениците на 10 ноември го усвоија амандманот со кој се смени начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за јавни набавки, претседателката оцени дека ваквата измена отвора простор за неограничен број мандати и отвора прашања за владеењето на правото и концентрацијата на моќта во одлучувањето за јавните средства. Со спорниот член се предвидуваше можност за повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаОд недела задолжителна зимска опрема за сите возила Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз. Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пица вафлиВо петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба РужаСостојки за денешниот рецепт: 120 гр. брашно 100 мл. млеко 1 јајце 2 лажици доматно пире 100 гр. кашкавал 1 прашок за пециво 1 лажиче италјански зачин или оригано 100 - 200 гр. шунка или салама 100 гр. кечап 100 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20