СветДанскиот крал пристигна во посета на ГренландДанскиот крал Фредерик Десетти денеска пристигна во тридневна посета на Гренланд, јави данскиот весник „Политикен“ (Politiken).Тој слета на аеродромот во Нук, главниот град на Гренланд, каде што беше пречекан од гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен и претседателот на гренландскиот парламент Ким Килсен. Кралот Фредерик ќе престојува на Гренланд до петок. Денеска ќе престојува во Нук, каде што ќе посети средно училиште, најголемата гренландска компанија „Ројал Гренланд“ (Royal Greenland) и Здружената арктичка команда на вооружените сили на Данска. Утре и задутре данскиот крал ќе престојува во градовите Маницок и Кангерлусуак.Тагови: Гренланд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотШпанија за момент потона во мрак!Целосното затемнување на сонцето на 12 август помина над северните региони на планетата, а меѓу најатрактивните места за гледање беше Шпанија.Спектаклот што вчера ги крена милиони на нозе претвори делови од Европа во џиновска астрономска сцена. Целосното затемнување на сонцето на 12 август помина над северните региони на планетата, а меѓу најатрактивните места за гледање беше Шпанија, каде што беа направени спектакуларни слики од моментот кога Месечината целосно го покри Сонцето. Сенката на Месечината помина над делови од Гренланд, Исланд и Шпанија, додека на многу поширока област можеше да се види делумно затемнување. Тоа беше единственото целосно затемнување на сонцето во 2026 година. Иако патеката на целосното затемнување опфаќаше неколку области, Шпанија беше особено поволна за гледање поради големиот број населени места што беа директно на патеката на сенката на Месечината. Милиони луѓе се собраа низ целата земја за да го видат првото целосно затемнување на сонцето видливо од копнена Шпанија по повеќе од еден век. Патеката на целосното затемнување помина низ голем дел од северната половина на Шпанија, од Галиција на запад, преку внатрешноста на земјата, па сè до источниот брег и Балеарските Острови. Меѓу градовите што се најдоа на патот на целосноста беа Ла Коруња, Овиедо, Билбао, Леон, Сарагоса, Валенсија и Палма. Во остатокот од земјата, затемнувањето беше делумно. Локацијата на Шпанија им даде на сцените дополнителна драма. Затемнувањето се случи во вечерните часови, додека Сонцето веќе се приближуваше кон хоризонтот, па целосен мрак се случи непосредно пред зајдисонце. Во Ла Коруња, целосната фаза траеше околу минута и 16 секунди, додека во Леон траеше речиси две минути. Во Сарагоса, целосната фаза траеше околу минута и 23 секунди, а во Палма околу минута и пол. Најдраматичниот момент се случи кога Месечината беше целосно помеѓу Земјата и Сонцето. Потоа сончевиот диск исчезна зад месечината, небото одеднаш се затемни, а околу црниот диск стана видлива сончевата корона, надворешниот дел од сончевата атмосфера што инаку е невозможно да се види со голо око поради огромната светлина на нашата ѕвезда. Дури и НАСА објави фото од затемнувањето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции современа опрема и нови болнициНови инвестиции современа опрема и нови болници, Владата на ВМРО-ДПМНЕ го модернизира македонското здравство.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за две години започна процес на целосна модернизација на македонското здравство кое со години беше во лоша состојба застарена инфраструктура без опрема и многу наталожени проблеми. Владата на ВМРО-ДПМНЕ прави конкретни инвестиции во македонското здравство. Денес се реализираат проекти што создаваат подобри услови за пациентите и медицинските работници. Во изминатиот период целосно се реконструирани оперативниот блок, интензивната нега, патологијата, клиничката лабораторија и кровната конструкција на болницата „8-ми Септември“. По повеќе од 50 години е реконструирано и ставено во функција одделението за трауматологија во Универзитетската клиника „Св. Наум Охридски“. Дополнително, реконструирани се шест операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, а уште четири нови сали ќе бидат ставени во употреба во наредниот период. Особено значајна е набавката на 100 нови амбулантни возила со современа медицинска опрема, кои ќе бидат распределени низ целата држава. Со тоа се зајакнува итната медицинска помош и се обезбедува побрза и поквалитетна здравствена услуга за граѓаните, особено во помалите и руралните средини. Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира и во современа медицинска опрема. Во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство се вложени околу 110 милиони денари, од кои 35 милиони за реконструкција и 75 милиони за нова опрема. Во Клиничката болница Битола, по повеќе од две децении, се обновува застарената медицинска опрема со инвестиција од над 30 милиони денари. Набавени се современ ендоскоп, апарат за операции на катаракта, декса апарат, уролошка и офталмолошка опрема, како и нови дигитални системи за побрза и попрецизна дијагностика. Во Битола се реализирани 61 ново вработување на неопределено време, затоа што силното јавно здравство се гради и со стручен, мотивиран и стабилен медицински кадар. Се реализираат и капитални проекти што ќе остават траен белег врз здравствениот систем. Во Кичево започнува изградбата на нова современа болница, инвестиција вредна околу 22,5 милиони евра, која ќе обезбеди подобри здравствени услуги за целиот регион. Во Штип започнува реализацијата на еден од најголемите здравствени проекти во државата, вреден 109 милиони евра. Новата клиничка болница ќе биде современ здравствено-образовен комплекс со медицински факултет, студентски дом и модерна медицинска инфраструктура. Овие инвестиции значат подобри услови за лекување, подобра дијагностика, побрзо лекување, подобри услови за медицинскиот персонал и создавање услови младите лекари својата иднина да ја градат во Македонија. Владата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реконструкции, нова опрема, нови возила, нови болници и вложувања во медицинскиот кадар. Владата на ВМРО-ДПМНЕ гради здравство кое е модерно, достапно и достојно за граѓаните. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Уште 1 ден до враќањето на Мицкоски од екскурзијаУште еден ден до крајот на екскурзијата.По четири дена летување во Бриж, следуваа четири дена „катарза“ во Брисел. Официјално учел за Францускиот предлог. Пет недели Гостивар се труе - Мицкоски не отиде ниту еднаш. Замина на одмор. Пред да замине, им ја остави на своите кампањата на Ванчо Михајлов за поделба на општеството и сеење омраза - народот е „талог“. Во меѓувреме, покрај епидемија со жолтицата, добивме и епидемија на комарци од Западен Нил. Зошто? Затоа што никој не работи ништо освен тендери. Прскањето комарци за нив е губење време. Сега, покрај проблемот со водата што постои во над 50 места низ Македонија, имаме и нов проблем. Од кога тој замина, многумина од нив заминаа на свои екскурзии. Нам ни ги оставија проблемите и новото знаме со 12 зраци. Покрај тоа што никој од стручната јавност не излезе јасно да каже кога водата во Гостивар навистина ќе биде здрава за пиење, имаме само секојдневни ветувања дека „уште утре сè ќе биде во ред“. Исто како што сме „трета економија во Европа“, „први во туризмот“, „најдобри во авио-сообраќајот“, со „најбрзо растечки плати и пензии“… Само народот не разбира, па Мицкоски ќе му нацрта. Само уште тоа и сè ќе ни биде јасно на сите. Европа? Тоа веќе никој и не го споменува. Што ќе ни Европа кога таа носи независно обвинителство? Да имаше европско обвинителство, некој веќе ќе одговараше за труењето на водата, за нападите врз младите, за наместените тендери, за плацевите за Лидл, за Орбановите автобуси, за хемикалијата во Лепенец и Вардар, за депонијата што го загадува изворот. Тендер-патриотите, со својот шеф што моментално е на стручна екскурзија, си ја обезбедија Европа преку бугарски фирми и државјанства. Тие цело лето поминуваа на посебни гранични премини - не чекаа. Сега да видиме што научил Мицкоски на работниот одмор. Го заврши семејниот дел во Бриж и сега е на стручната екскурзија. Официјално учи за францускиот предлог. Со нетрпение го чекаме назад. Да видиме што ново научил. Дали конечно сфатил дека францускиот предлог е дел од преговарачката рамка? Или повторно ќе се врати со истата приказна што ја раскажуваше додека клечеше за власт? По „феноменалниот“ НАТО, по „ремек-делото“ Преспански договор, по тврдењето дека протоколите не се дел од преговарачката рамка – сега доаѓа ред на новото „знаење“. Само да не се повтори старото сценарио: едно да научи во Брисел, а сосема друго да им продава на граѓаните дома. А сите останати проблеми го чекаат. Тие не заминаа на екскурзија. Дали ќе го пречека некој на аеродром? Можеби со новото знаме? Или со нов спот за дочек на спасителот? Уште еден ден. Потоа извештај. Ние чекаме. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook