АХВ: Продолжуваат вонредните контроли и во месарниците - во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо
2АХВ: Продолжуваат вонредните контроли и во месарниците - во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо
КултураДанскиот хор „Копенхаген“ утревечер со концерт пред охридската публикаВо рамки на својата балканска турнеја, утревечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид концерт ќе одржи хорот „Копенхаген“ од Данска, кој пред публиката ќе изведе композиции на скандинавски автори, но и дела на Хендл и Вивалди.- Во рамки на нашите можности заедно со Општината, се прават напори да заживее културниот туризам во Охрид, без разлика дали се работи за проекти кои ги финансираме ние или некоја друга држава. Важно е Охрид да биде интересна дестинација, истакна директорот на Центарот за култура Драгана Боцеска. Антонио Балески од Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, истакна дека се преземаат активности за збогатување на севкупната културна понуда на градот, со цел истата да биде што побогата и поразновидна и тоа во текот на целата година, а не само во шпицот на туристичката сезона. - Најголемите настани и содржини во градот се почнуваат со Балканскиот фестивал на народни песни и игри и „Охридско лето“. Овој период е има вакуум и ние како општина заедно со Центарот за култура ќе се заложиме во овој период од годината да се понудат повеќе културни содржини, рече Балески. Притоа беше посочено дека во таа насока се и активностите за воспоставување партнерски односи со членовите на мрежата Европски градови со езера. - Со директорката на Центарот за култура разговаравме и за одредени иницијативи по повод зачленувањето на Охрид во мрежата на градови со езера во Европа кое беше скоро и отварањето можности за различна соработка, посебно во програмите од ЕУ кои се конципирани за периодот од 2014-2020. Гледам добра можност за соработка и влегување во партнерство со останатите членови на мрежата од различни држави, нагласи Балески. Данскиот хор „Копенхаген“ е формиран во 1951 година и има богатно концертно искуство. Утрешниот концерт во Охрид е закажан за 18 часот, а влезот е слободен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаПратенички прашања до премиерот и министрите Во Собранието денеска ќе се одржи и пленарна седница, на чиј дневен ред е поставување пратенички прашања до премиерот и министрите.Први поставуваат прашања пратениците од опозициските партии. Дополнително, претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска ќе одржи и неформална средба со претставници на медиумите, на која ќе се разговара за тековните и идните активности на законодавниот дом.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБААларм во НБА-лигата: Дури 79 играчи на списокот на повредени и отсутни во една вечер Дури 79 кошаркари се наоѓаат на официјалниот извештај на НБА за повреди и достапност на играчите за натпреварите што се играат вечерва, објави „НБА Сентрал“ (NBA Central).Според податоците објавени од овој профил, кој се повикува на Кирти Кав, извештајот издаден во 14:30 часот по источно време (ET) опфаќа приближно 15 отсто од сите играчи во лигата. Сепак, тоа не значи дека сите 79 кошаркари ќе ги пропуштат своите натпревари. Извештајот вклучува различни статуси – од играчи за кои е сигурно дека нема да настапат, па сè до оние чиј настап е неизвесен или за кои се очекува да бидат подготвени за игра. Големиот број имиња во здравствениот билтен уште еднаш го свртува вниманието кон достапноста на играчите и проблемите со кои се соочуваат тимовите при составувањето на своите екипи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАХВ: Продолжуваат вонредните контроли и во месарниците - во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои денес ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вчера, спроведоа вонредни инспекциски контроли во малопродажни објекти за месо, подготовки и преработки од месо на подрачјето на Општина Радовиш и кај физичко лице во неготинското село Пепелиште, кое произведувало и преку социјалните мрежи продавало димени месни производи и чварки. При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои денес ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“. Во Пепелиште, од физичко лице кое вршело неодобрена дејност од страна на Агенцијата – производство на димени месни производи и чварки, одземени се дополнителни 50 килограми подготовки од месо (печеница, кулен, димена сланина и сл). Одземените производи се без декларација за потеклото и биле чувани и преработувани во несоодветни и нехигиенски услови, што претставува сериозен ризик за безбедноста на храната и здравјето на потрошувачите. Надлежните институции продолжуваат со спроведување на инспекциски контроли со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување на нелегално производство и промет на небезбедна храна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook