Дански истражувачи пронашле остатоци од бродови, стари над 300 години - Канал 5

Дански истражувачи пронашле остатоци од бродови, стари над 300 години

Дански истражувачи пронашле три добро сочувани потонати бродови во Балтичкото Море, за кои експертите од Поморскиот воен музеј во Тиборон процениле дека се стари повеќе од 300 години.

Дански истражувачи пронашле остатоци од бродови, стари над 300 години

Експертите од музејот велат дека две од остатоците биле речиси сигурно поранешни холандски товарни бродови, додека третиот и најголем веројатно бил скандинавски.

Сите три брода се пронајдени на длабочина од околу 150 метри, потврди музејот. „Беше фантастично кога ги видовме урнатините на екран откако испративме подводен робот на морското дно“, рече водачот на експедицијата и директор на музејот, Герт Норман Андерсен.

За разлика од областа на Северното Море, каде што секоја руина би се распаднала за рекордно време, во Балтичкото Море бродовите често се многу добро сочувани, рече Андерсен. Тој објасни дека тоа е затоа што ниту црвите ниту другите животни кои го уништуваат дрвото не успеваат да живеат на толкава длабочина во Балтичкото Море, каде pH вредноста на морската вода е премногу кисела и има премалку кислород, објавија данските медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Реакција на Славјанка Петровска за случајот со Сара од Охрид: Сара е во болница. Осомничениот е на слобода. Кој ја гарантира нејзината безбедност?

Сара е во болница. Осомничениот е на слобода. Кој ја гарантира нејзината безбедност?

Реакција на Славјанка Петровска за случајот со Сара од Охрид: Сара е во болница. Осомничениот е на слобода. Кој ја гарантира нејзината безбедност?

Во продолжение Ви доставуваме реакција на пратеничката Славјанка Петровска за постапувањето на институциите во случајот со Сара од Охрид.

Сара е во болница. Осомничениот е на слобода. Кој ја гарантира нејзината безбедност?

Бесна сум што повторно едно семејство мора јавно да бара заштита, додека нивната ќерка закрепнува од брутално насилство.

СВР Охрид поднесе кривична пријава за тешка телесна повреда. Барам одговор: дали се проверени и документирани наводите на семејството дека осомничениот мислел дека Сара е мртва и барал начин да се ослободи од нејзиното тело? Дали се испитани сите околности што би упатувале на обид за убиство?

Тоа што Сара преживеала не смее да биде изговор за потценување на нападот.

Обвинителството мора да одговори дали побарало притвор. Ако не побарало, зошто? Ако побарало, судот треба да објасни зошто определил други мерки. Кој ја проценил опасноста од повторен напад и како се проверува почитувањето на забраната за приближување и контактирање?

Го повикувам министерот Панче Тошковски да наложи итна проверка на постапувањето на СВР Охрид и да ги објави резултатите.

Наводите на семејството за влијание врз постапката и медицинската документација мора да бидат темелно испитани. Дали осомничениот добива повластен третман како син на „локални шерифи“? Дали некој се јавувал, посредувал или вршел притисок?

Ако се утврди дека некој ја злоупотребил функцијата за да заштити осомничен, мора да одговара. Без оглед чие дете е и кој стои зад него.

На Сара ѝ посакувам сила и закрепнување. Таа и нејзиното семејство не смеат да бидат оставени сами да се грижат за нејзината безбедност.

Нема да прифатам одговорноста повторно да исчезне зад зборот „систем“. Зад секоја пријава, проценка и одлука стојат луѓе со име, презиме и надлежност.

Барам одговори и постапување сега, додека Сара може да биде заштитена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Популарна пејачка во секси стајлинг на бината!!

Популарната хрватска пејачка, Лидија Бачиќ ги покажа сите свои адути, во кожно здолниште и проѕирен горен дел, таа ја вжешти атмосферата.

Фото: Популарна пејачка во секси стајлинг на бината!!

Хрватската пејачка Лидија Бачиќ Лиле настапи на Економски саем за сирење, мед и вргањ, а покрај со своите песни, вниманието го привлече и со својот моден избор.

За настапот, таа избра кратко црно кожно мини-здолниште и проѕирен кафеав горен дел, под кој се гледаше градник во иста боја. Комбинацијата ја заокружи со црн ремен, чевли со високи потпетици и накит, додека долгата руса коса ја носеше пуштена, стилизирана во благи бранови.

Пејачката и овој пат остана доследна на својот препознатлив, смел моден стил, а фотографиите од настапот брзо привлекоа внимание.

Атрактивната пејачка инаку редовно ги воодушевува фановите на социјалните мрежи со фотки на кои во преден план се нејзините бујни облини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ остро и недвосмислено го осудува насилството врз млада девојка во Охрид

ВМРО-ДПМНЕ остро и недвосмислено го осудува насилството врз млада девојка во Охрид, никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите.

ВМРО-ДПМНЕ остро и недвосмислено го осудува насилството врз млада девојка во Охрид

ВМРО-ДПМНЕ остро и недвосмислено го осудува насилството врз млада девојка во Охрид. Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите.

ВМРО-ДПМНЕ застанува зад Сара и нејзиното семејство, сочувствува со нив и повикува на итна и решителна реакција во заштита на правната држава и жртвите на насилство.

За насилството врз нема и нема да има место во Македонија. Затоа ги повикуваме институциите, во согласност со законите, да ги преземат сите мерки и активности за целосно расчистување на случајот, со цел сторителот да биде изведен пред лицето на правдата.

Никој не е над законот и за конкретниот случај мора да има детална истрага и одговорност.

Дополнително, доколку институциите, секоја во рамките на своите надлежности, не постапат и не реагираат во согласност со законите, сите одговорни ќе бидат повикани на одговорност.

Воедно, откако МВР постапило и го обезбедило осомничениот за насилството, надлежниот јавен обвинител го пуштил на слобода, со благи мерки на претпазливост и тактизира. Ова е скандалозно однесување на Обвинителството, за која мора да има одговорност.

Доколку постојат индиции дека кој било, дури и од Обвинителството, се обидува да го заташка случајот или на незаконски начин да влијае врз постапката, мора веднаш да биде изведен пред лицето на правдата.

Институциите не смеат да имаат милост кон насилниците!

Државата мора да реагира јасно, недвосмислено и во согласност со законите.

Ниту еден случај на насилство врз жените не смее да помине неказнето.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер