Данската телевизија објави снимка од разговорот на Драган Начевски поради кој е суспендиран - Канал 5

Данската телевизија објави снимка од разговорот на Драган Начевски поради кој е суспендиран

Данската телевизија Спорт 2 го објави видеото во кое Драган Начевски и човек кој нему му се претставил како бизнисмен кој сака да внесе кинеска екипа во СЕХА лигата, пренесува порталот А1он. 

Данската телевизија објави снимка од разговорот на Драган Начевски поради кој е суспендиран

Начевски на видеото може да се види како разговара со „бизнисменот“ кој всушност е човек на телевизијата, кој ја споменува темата за местење натпревари и вели дека има добри конекции во Азија.

При разговорот Драган Начевски одбива да го прифати предлогот на „бизнисменот“, но данската телевизија ја извеситла ЕХФ дека тој всушност не се одградил доволно во текот на разговрот.

ЕХФ поради овие информации покрена истрага и го суспендираше Начевски .

Данската телевизија во текстот објаснува дека за Начевски добиле повеќе индиции кој долги години назначува судии за најголемите европски натпреварувања.

Според А1он, видеото е напревеново 2020 година за време на Европското првенство во Шведска.

Видеото и текстот на данската телевизија може да ги видите на следниот линк.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Последни претања на Платформата - ЗНАМ 2.0 - од Левица до Црвенковски

Повеќе е смешно да се гледа ова што го прави оваа група платени и уценети поединци. Робови на Мицкоски. 

СДСМ: Последни претања на Платформата - ЗНАМ 2.0 - од Левица до Црвенковски

Шема со своите шеми. Ќурчиев со своите 1,6 милиони од тендер. Цаци со својот Леонардо. Андреј со Орце Камчев. Алта банка, тендери, осигурување… трговци со оружје. Антимон и дата-центри.

ЗНАМ, Максим Димитриевски, руската партија Левица… тоа се луѓето што бараат смени во СДСМ.

На крај сега од ормарот го вадат Бранко Црвенковски.

Човек што со години работи бизнис со ВМРО, човек што помагаше во правењето на ЗНАМ прва верзија. Мицкоски финансираше.

На тоа ли мисли Мицкоски кога вели дека „вади коски од минатото“? Доста веќе со коските од ормарот, со тие мумии и балсамирани ликови што направија сè за да ја згаснат СДСМ.

Како што гледате, не успеаа. Не ја згаснаа и нема да ја угасат. СДСМ ќе биде и ќе остане и по сите такви ликови.

Реформи што се состојат од барање фотеља за послушници и нов логотип.

Сè тоа на два листа хартија со седумнаесет потписи. Сè тоа пишувано од декември до денес.

Повторно Шилегов и останатите ВМРО аналитичари. ВМРО-Орбан-Вучиќевите портали, началникот Латас. Квази-новинари, домаќини на БИА агенти и организатори на 27 април.

До кога со сите нив?

Кога повторно се јавува Платформата? Кога откривме дека Вучиќ префрла пари во Македонија преку Алта банка.

Дали мислат дека народот ова не го гледа? Ајде еднаш, ајде двапати, ама ова се гледа од авион.

Кога се јавува Платформата? Кога откриваме пет нови рудници. Кога откриваме лоби куќи на Вучиќ и Мицкоски и тоа кој ја плаќа ходник дипломатијата.

Кога откриваме кој стои зад копањето на антимонот, чии се интересите на дата-центрите.

Кога откриваме тендер во железница за Ќуркчиев. Кога откриваме дека Дејвид Гета не е нула, туку 5,53 милиони евра. Кога Фон дер Лајен вели дека е заштитен македонскиот идентитет и јазик. Кога откриваме малверзации на Алта банка со компании и јавни претпријатија.

Доста беше! На сите им е јасно.

Мицкоски, не можеш да го сокриеш она што доаѓа. Не можеш да побегнеш од својот криминал со твојот ментор Вучиќ. А овие твоиве можат само да работат и да бараат алиби за формирање нова партија, како и ти за избори. На сите им е јасно.

Знаеме дека правите ЗНАМ 2.0. Правите затоа што по Црвенковски единственото што не го пробаа е тебе, Мицкоски, да предложат ти да го водиш СДСМ како што ги водиш твоите сателити и управуваш со нив преку далечински управувач направен во Кремљ.

Српски и руски служби, Вучиќ и пари од картелот не помагаат.

Јасно е. ВМРО паѓа, Мицкоски нема да постои.

Отворени истраги во Унгарија и Србија. Почна и веќе се гледа крајот. Сите ќе мораат да излезат пред правдата. Не може да се побегне од вистината. Правдата мора да се задоволи.

Крај е за вашата група.

Нека ни се јават чесните луѓе што сте ги измамиле и излажале со вашиот лажен, невидлив опозициски фронт.

Сите оние што немаат лични интереси и не се поврзани со интересни групи како овие ликови, нека дојдат и заедно со нас и народот нека влезат во борба против криминалната организација ВМРО.

Нашите врати се отворени за сите што се за Македонија, а не за сопствениот џеб.

Дојдете и бидете дел од Фронтот за вистина и правда!

Дојдете да се бориме сите заедно против овие двојки: Орбан-Груевски, Вучиќ-Адамовиќ, Лазаревиќ-Божиновска, како и Мицкоски-Латас.

Станете, платформаџии, станете сите заедно, за да ве види целиот СДСМ. Засега го виделе само вашиот резултат од 2024 година.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пратенички прашања до премиерот и министрите

Во Собранието денеска ќе се одржи и пленарна седница, на чиј дневен ред е поставување пратенички прашања до премиерот и министрите.

Пратенички прашања до премиерот и министрите

Први поставуваат прашања пратениците од опозициските партии. Дополнително, претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска ќе одржи и неформална средба со претставници на медиумите, на која ќе се разговара за тековните и идните активности на законодавниот дом.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аларм во НБА-лигата: Дури 79 играчи на списокот на повредени и отсутни во една вечер

 Дури 79 кошаркари се наоѓаат на официјалниот извештај на НБА за повреди и достапност на играчите за натпреварите што се играат вечерва, објави „НБА Сентрал“ (NBA Central).

Аларм во НБА-лигата: Дури 79 играчи на списокот на повредени и отсутни во една вечер

Според податоците објавени од овој профил, кој се повикува на Кирти Кав, извештајот издаден во 14:30 часот по источно време (ET) опфаќа приближно 15 отсто од сите играчи во лигата.

Сепак, тоа не значи дека сите 79 кошаркари ќе ги пропуштат своите натпревари. Извештајот вклучува различни статуси – од играчи за кои е сигурно дека нема да настапат, па сè до оние чиј настап е неизвесен или за кои се очекува да бидат подготвени за игра.

Големиот број имиња во здравствениот билтен уште еднаш го свртува вниманието кон достапноста на играчите и проблемите со кои се соочуваат тимовите при составувањето на своите екипи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер