ЕвропаДанската премиерка најави данок за богати, незадоволните со коментар: Тоа е данок од завист Данска оди на парламентарни избори на 24 март, а во предизборната кампања досега најзборувана беше најавата на социјалдемократската премиерка Мете Фредериксен за воведување данок на имот, или данок на богатство, како што се нарекува колоквијално.Фредериксен го објаснува својот предлог со потребата од намалување на нееднаквоста и создавање рамнотежа: „Овој данок ќе ги опфати само граѓаните со апсолутно најголемо богатство. Еден процент од Данците поседуваат можеби една третина од вкупното национално богатство. Едноставно стана премногу неурамнотежен.“ Социјалдемократите сакаат да воведат данок на имот за самци кои поседуваат повеќе од 25 милиони дански круни (околу 3,3 милиони евра), или двојно повеќе ако зборуваме за брачна двојка. Данокот би се плаќал секоја година. Стапка од 0,5 проценти годишно Стапката би била 0,5 проценти на вкупната актива што ги надминува наведените износи. Затоа, едно лице кое поседува 30 милиони круни (4 милиони евра) би морало да плати данок од 0,5 проценти на пет милиони круни, или околу 3300 евра годишно. Премиерката Фредериксен објасни за деловниот весник „Дагбладет Берсен“ дека следново ќе биде вклучено во даночната основа: вредноста на акциите, обврзниците и другите хартии од вредност, вредноста на компаниите, вредноста на недвижниот имот над 1,3 милиони евра и половина од пензиските заштеди. Според пресметките, 22.000 граѓани во Данска би биле опфатени со данокот на имот, доколку тој евентуално се воведе. Социјалдемократите очекуваат дека данокот би можел да донесе околу 900 милиони евра нови даночни приходи годишно. Конзервативните и либералните партии веднаш се спротивставија на предлогот, нарекувајќи го данок на завист. Норвешкиот пример како предупредување „Ако луѓето кои плаќале даноци и стекнале имот откријат дека инвестирањето во Данска е непривлечно, тие ќе се преселат на друго место. Тоа ќе ја направи Данска посиромашна“, рече Ларс Леке Расмусен, лидер на Умерената партија, која моментално е дел од владејачката коалиција. Критичарите веднаш го посочија примерот на Норвешка, која во 2021 година го зголеми данокот на богатство од 0,8 на 1,1 процент. Данокот се плаќа за имот вреден повеќе од 1,9 милиони круни (околу 170.000 евра), со многу олеснувања и намалувања за долгови. Во моментов, околу 600.000 Норвежани го плаќаат овој данок. Данокот на богатство се покажа дека брзо ги полни касите. Во 2025 година, тој донесе 15 милијарди норвешки круни (околу 1,34 милијарди евра) повеќе во буџетот во споредба со 2021 година. Сепак, по воведувањето на повисоката даночна стапка, најмалку 112 ултрабогати Норвежани се иселија од земјата. Негативно влијание врз инвестициите и БДП За да се потисне емиграцијата на најбогатите даночни обврзници, граѓани со средства поголеми од 10 милиони евра, Норвешка мораше да воведе таканаречен излезен данок, кој им се наплаќа на богатите ако ја напуштат земјата. Треба да се каже дека не е спроведена студија за влијанието на даноците на имот врз норвешката економија. Главните аргументи на критичарите на данокот на богатство во Данска се неправедноста, бидејќи се плаќа врз основа на моменталната пазарна вредност на акциите и компаниите, и негативното влијание врз инвестициите и економскиот раст на целата земја. „Кога се воведува данок на богатство, има помал поттик за штедење и инвестирање во компании, а тоа води до помала продуктивност, потоа до пониски плати за вработените и на крајот до послаб раст на БДП“, објасни Мајкл Сварер, професор по економија на Универзитетот во Архус, за данската јавна радио и телевизија (DR). „Како и секој друг данок, тоа е компромис помеѓу тоа колку еднаквост сакате и колку економски просперитет сакате. Данокот на богатство може да обезбеди поголема економска еднаквост, но тоа е на сметка на економската активност.“ Greedy politicians in Denmark don't understand that even a Soviet-style exit tax won't stop successful entrepreneurs and investors from moving to Switzerland (or Monaco, Andorra, etc) https://t.co/4o6KKP6bwB https://t.co/5OVTnYnNeh — Dan Mitchell (@danieljmitchell) March 1, 2026 „Ќе мора да извлечеме пари од компанијата“ Јакоб Кјер, директор и ко-сопственик на семејната компанија AVK, која произведува вентили и хидранти, со 5.800 вработени низ целиот свет и годишен приход од 1,2 милијарди евра, вели дека во случај на воведување данок на богатство, ќе мора да извлече поголема дивиденда од компанијата. „Доколку се воведе данок на имот на сопствениците на бизниси, ќе мора да извлечеме повеќе пари од компаниите, што сигурно ќе влијае на перспективите за раст и развој на данските компании и работни места на долг рок“, изјави Кјер за DR, додавајќи дека поголемиот дел од профитот го реинвестира во AVK. Од друга страна, даночните застапници истакнуваат дека ова не е сеопфатна промена во даночниот систем, па затоа влијанието врз економските активности ќе биде релативно скромно. Покрај тоа, Данска имаше данок на богатство до 1997 година и не беа регистрирани значајни негативни последици.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно,со температура од 8 до 15 степениПроменливо облачно, во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До недела ќе се задржи стабилно време со сончеви периоди. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Во почетокот на следната седмица ќе има услови за слаб локален дожд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 5. ноември 2026 година Дневен хороскоп за четврток, 5. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе имате потреба да отидете што подалеку од дома. Ако живеете со партнерот , ќе ви треба објаснување. Ако не, нема да ве најдат дома. Кариера Ќе мислите само како што побргу да ги завршите работните обврски и да одите некаде за да се опуштите. Здравје и совет Поврзете се со луѓето. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Освен што добро ќе се забавувате , во вас ќе расте потребата да бидете главни. партнерот можеби и да се изнервира од вашата потреба. Кариера Потрудете се уште малку и ќе се појават резултатите . Тоа што уште не ги гледате, не значи дека се далеку. Здравје и совет Разбистрете си го умот. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете малку повеќе сентимантални и понежни од вообичаено. На саканата личност тоа нема да и пречи, напротив. Кариера Ќе ја одработите работатат како да танцувате. Едноставно , се ќе ви биде лесно. Нема да поставувате непотребни прашања. Здравје и совет Во добра форма сте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Секој има свој став , но проблем настанува кога има два става во заедничкиот живот. Денеска ќе мора да се соочите со ова. Кариера Отворената соработка со другите е единствениот начин за даси го подобрите својот статус на работното место. Здравје и совет Бидете мудри. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ви претстои пријатно излегување со потврда за вашата популарност во друштвото. Но , внатре и натаму ќе чувствувате празнина. Кариера Можеби нема да бидете најдобро разбрани , па затоа држете се до професионалните стандарди и правила. Здравје и совет Издржете. Овен 21.3-20.4. Љубов Во попладневните часови ќе бидете поопуштени , а ќес е подобри и вашиот однос со лицата кои ви се блиски. Кариера Се што ќе работите или евентуално прегледувате, ќе мора да го објасните . Ќе имате успех во таа работа. Здравје и совет Радувајте се . Имате зошто. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во вториот дел од денот ќе бидете поотворени за секаков вид забава и дружење , а ќе има и можност за тоа. Кариера Вашите идеи добро напредуваат , а вие сте задоволни што е така. Денеска работете на детали. Здравје и совет Едноставно верувајте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Многумина ќе посакаат малку поголема слобода и оттргнување од грижите, што ги мачат. Затоа ќе побараат друштво без обврски. Кариера Ќе финиширате една задача што ви е здодевна. Оваа фаза на работата веќе доволно чекаше за да биде завршена. Здравје и совет Преземете одговорност. Рак 22.6-22.7. Љубов Истовремено ќе лумпувате и ќе фантазирате за идеалистичка љубавна приказна. Тоа ќе биде вистински емотивен стерео. Кариера Сигурно е дека можете и подобро , но моменталните услови можеби тоа не ви го овозможуваат. Само немојте други да обвинувате. Здравје и совет Ќе ширите позитивна енергија. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашата елоквентност , шарм и снаодливост би можеле денеска да ви донесат нови љубовни поени. Кариера Ќе решавате моментално и без застој. Ќе бидете прецизни и во можност да препознаете долгорочна шанса. Здравје и совет Бидете отворени. Девица 23.8.-23.9. Љубов Повторно ќе играте на картата на љубезност и фино однесување , но работата е во тоа што станува збор само за надворешност. Љубовта доаѓа од срцето. Кариера Без оглед што можеби најдобро ја знаете работата , ослободете се од потребата да доминирате. Треба да се соработува. Здравје и совет Наспијте се. Вага 24.9.-23.10 Љубов Нема да се двоумите околу своите чувства. Ќе бидете јасни , а некои и директни . МОжете да остварите повеќето од вашите идеи. Кариера Сите работи поврзани со луѓе , како и оние од апстрактен карактер ќе ви тргнат од рака. Здравје и совет Ќе се чувствувате добро во својата кожа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаАндреј Жерновски во „Само интервју“Почитувани, вечерва во Само Интервју ќе гостува Секретарот за меѓународна соработка и член на Извршниот одбор на СДСМ Андреј Жерновски.Еврокомесарката Кос ни порача дека и покрај подготвеноста, единствен начин да се излезе од ќорсокакот се уставните измени и дека топката е кај нас, возможен ли е и како до национален консензус? Дали и какви последици ќе почувствува Македонија од падот на Вучиќ? Можни ли се промени во владината коалиција по изборите во Брвеница? Вечерва Гоце Михајлоски во Само Интервју со Андреј Жерновски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter