Одржана ждрепката за плеј-офот во Лигата на шампионите: Динамо и Звезда ги дознаа потенцијалните противници
1Одржана ждрепката за плеј-офот во Лигата на шампионите: Динамо и Звезда ги дознаа потенцијалните противници
ЖивотДанска воведе задолжителна воена служба за женитеДанскиот парламент гласаше синоќа без ниту еден глас против за задолжителната воена служба за жените.По наполнување 18 години, данските жени ќе служат воена служба, како и младите мажи, 11 месеци, а обуката би можела да започне веќе следниот месец. Досега, жените можеа да учествуваат во воена обука 4 месеци, и тоа доброволно. „Поради моменталната безбедносна состојба, вооружените сили мора да привлечат повеќе регрути“, рече министерот за одбрана Лунд Поулсен. Во иднина, Данска ќе испраќа 7.500 луѓе на воена служба секоја година. Се надеваат дека на тој начин полесно ќе обезбеди пополнување на активниот состав на вооружените сили, кој сега се состои од 24.000 мажи и жени војници. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС се препозна во говорот на претседателот на Владата на Пелинце како “талог”СДС се препозна во говорот на претседателот на Владата на Пелинце како “талог” и потврди дека е целосно во координација со надворешни агентурни центри.РЕАКЦИЈА НА СДС СДС се препозна во говорот на претседателот на Владата на Пелинце како “талогот” и потврди дека е целосно во координација со надворешни агентурни центри. Имено, во текот на вчерашниот ден, за време на одбележувањето на илинденската прослава во селото Ташмаруништа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата, Христијан Мицкоски, традиционално го посети ова населено место, по неговиот говор во Пелинце. Поздравен од присутните граѓани се движеше низ народот како што прилега на народен лидер, за разлика од претседателот на СДС кој бега од народот на скапи јахти и уплашен преку снимени пораки се обраќа на ден како Илинден. За време на движењето на претседателот Мицкоски низ народот, едно лице во обид да испровоцира инцидент, под дејство на алкохол, дофрлало зборови со непримерна содржина. Лицето било изолирано од присутните граѓани и легитимирано од страна на припадници на МВР. При легитимирањето лицето извадило бугарска лична карта и бугарска патна исправа. Конструкцијата на СДС е уште еден доказ за нивните блиски релации со странски агентурни центри на влијание, а со самопрепознавањето како “талогот” во говорот на претседателот Мицкоски на Пелинце, потврдија дека антимакедонските позиции и анационакните елементи се длабоко вкоренети во СДС како политичка партија. Кон “талогот” во СДС имаме една порака, без разлика на вашите договори со странски агентури и конструкциите темелени на ужасни лаги, нема никогаш да направиме отстапки на штета на идентитетот и државата. Вие продолжете да тонете во вашето политичко мочуриште и правете заговори на јахти на штета на идентитетот и државата, а ние заедно со народот ќе продолиме да работиме за Македонија. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
МакедонијаСДСМ: Што му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа?Вчера попладне, на Илинден, Христијан Мицкоски, заедно со генералниот секретар на ВМРО-ОКГ Драган Ковачки беше во селото Ташмаруништа.Објави и фотографии. Но, прашањето е што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа? Дали е точно дека граѓаните вербално го нападнале Мицкоски? Дали го пцуеле незадоволни од неисполнетите ветувања? Очигледно токму политиката на ширење омраза, раздор и поделби што ја води Мицкоски, дури и во својот говор за Илинден се причина за граѓаните да не можат да го гледаат. Незадоволството кај граѓаните е огромно, поради катастрофалната економска состојба, труењето со вода, изолацијата на земјата и секојдневните лаги на Мицкоски. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
ЖивотЦелосен колапс на Куба,10 милиони луѓе без струја, нема ниту горивоЦелосен колапс на Куба,10 милиони луѓе без струја, нема ниту гориво, се шири непријатна миризба. Националната електроенергетска мрежа на Куба колабираше доцна во неделата, соопшти државната компанија за електрична енергија, оставајќи околу 10 милиони жители на островската земја во мрак. Компанијата „Унион електрика де Куба“ (Union Electrica de Cuba) не даде дополнителни детали во своите објави на социјалните мрежи X и Фејсбук, пренесува Ројтерс. Најновиот прекин во снабдувањето уследи по трите прекини на електричната енергија на национално ниво во текот на јули, во период кога се на сила американското ембарго за увоз на нафта и блокадата на застарената енергетска инфраструктура на Куба. Тас наведува дека дури и во луксузните населби на кубанската престолнина се шири непријатен мирис на скапана храна бидејќи фрижидерите во продавниците не можат да издржат долги периоди без електрична енергија, генераторите што одржуваат електрична енергија често откажуваат поради големо оптоварување, а горивото за нив во моментов е доста тешко да се набави во Куба. Огромни купишта ѓубре повторно се натрупаа на градските улици бидејќи нема доволно гориво за движење на камионите за ѓубре.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter