Данска потврди дека Украина може да ги користи борбените авиони „Ф-16“ против цели во Русија - Канал 5

Данска потврди дека Украина може да ги користи борбените авиони „Ф-16“ против цели во Русија

Данска ја потврди својата дозвола борбените авиони „Ф-16“ што и ги донираше на Украина да можат да напаѓаат воени цели и на руска територија, изјави денеска шефот на данската дипломатија, Ларс Локе Расмусен, цитиран од Укринформ.

Данска потврди дека Украина може да ги користи борбените авиони „Ф-16“ против цели во Русија

Расмунсен изјави дека од самиот почеток на процесот на одлучување за авионите „ Ф-16“ за Украина, Данска знаела дека овие ловци и другите капацитети се донирани за одбрана на оваа земја и дека таа може да ги користи против руски воени цели, вклучително и на руска територија.

Расмусен ова го изјави пред состанокот на Советот за надворешни работи ​​на ЕУ во Брисел.

-Краткиот одговор е ’да’. Ова не е нова позиција, тоа е дел од нашиот придонес. Кога разговаравме за ова со нашата комисија за надворешни работи во данскиот Парламент, од самиот почеток многу јасно ставивме до знаење дека ова е дел од одбраната, која веројатно ќе вклучува и напади на воени локации на руска територија, истакна данскиот министер.

Данска планира уште ова лето да ги обезбеди првите борбени авиони „Ф-16“, а Холандија најавува за подоцна - наесен, потсети Укринформ.

Копенхаген е еден од иницијаторите на таканаречената авионска коалиција за Украина.

Данска пред точно две недели објави нов пакет воена помош за Украина во износ од 750 милиони евра. Пакетот ќе го зајакне воздушниот и артилерискиот потенцијал на Украина. Оваа земја, исто така, ја истражува можноста за инвестирање во украинската воена индустрија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. 

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност.

Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка.

Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време.

По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата.

Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата.

Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џебен часовник од „Титаник“ би можел да достигне цена од 80.000 долари: Еве чија сопственост бил

Џебен часовник што ѝ припаѓал на патничката во трета класа Мери Манган на легендарниот брод Титаник, која настрадала при потонувањето на „големиот брод во 1912 година, ќе биде понуден на аукција во Обединетото Кралство на 21 ноември.

Џебен часовник од „Титаник“ би можел да достигне цена од 80.000 долари: Еве чија сопственост бил

Џебен часовник што ѝ припаѓал на патничката во трета класа Мери Манган на легендарниот брод Титаник, која настрадала при потонувањето на „големиот брод во 1912 година, ќе биде понуден на аукција во Обединетото Кралство на 21 ноември, се очекува да достигне цена од речиси 80.000 долари.

Тогаш 32 годишната Мери Манган сопственичката на часовникот, била патничка во трета класа на бродот, кој потонал во април 1912 година – катастрофа во која животот го загубиле 1.500 луѓе, пренесува DPA. Манган, која била родена во Ирска, патувала со поголема група патници од округот Мајо во западна Ирска – група што денес е позната како „Адергул 14“ (Addergool 14).

Во нејзината група биле и Кетрин Мекгован, братот и сестрата Џон и Мери Бурк, како и поранешната сопруга на Бурк, Кетрин. Манган се преселила во Соединетите Држави, но се вратила во Ирска на почетокот на 1912 година за да го посети своето семејство; таа се качила на „Титаник“ во Квинстаун (денес Коб) во јужниот дел на земјата.

Џебниот часовник од жолт метал, на кој се врежани иницијалите „ММ“, е силно кородиран поради времето поминато во водите на Северниот Атлантик.

Телото на Мери Манган било извлечено од бродот за поставување кабли „CS Mackay-Bennett“, а потоа, на 22 април 1912 година, било погребано во морето. Часовникот бил пронајден на нејзиното тело и, заедно со други лични предмети, им бил вратен на нејзиното семејство.

Во текот на неколку недели, часовникот бил изложен – како дел од збирка посветена на Манган – во „Titanic Belfast“, туристичка атракција во Белфаст, Северна Ирска.

На барање на семејството, аукциската куќа „Henry Aldridge & Son“ ќе го понуди часовникот на продажба на аукција во Девајзис, Вилтшир, во сабота, на 21 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Bugatti“ ги праша клиентите дали сакаат електричен автомобил: Одговорот е изненадувачки

Најновите информации покажуваат дека  автомобилската компанија „Bugatti“има распродадено сè до крајот на 2027 година, а купувачите стануваат сè помлади. 

„Bugatti“ ги праша клиентите дали сакаат електричен автомобил: Одговорот е изненадувачки

Кога се спомнува типичен сопственик на „Bugatti“, многумина замислуваат постар милијардер кој со децении го градел своето богатство и во својата гаража чува колекција од скапи автомобили.

Сепак, купувачите на овој француски производител на хиперавтомобили стануваат помлади; нивната просечна возраст е намалена од 52 на само 42 години.

Овој податок го откри Саша Деринг, директорот на Bugatti за американскиот пазар, во интервју за ABC News. Според него, постои зголемен интерес од помлади, исклучително богати купувачи. Сепак, овие нови купувачи не мора нужно да ги заменуваат постојните колекционери.

Дури 35 отсто од клиентите поседуваат најмалку два автомобили од марката Bugatti, додека речиси 70 отсто од оние што го нарачале новиот модел „Tourbillon“, претходно веќе поседувале возило од овој бренд. Еден неименуван колекционер од Северна Америка во својата гаража чува дури 14 автомобили од марката „Bugatti“.

Можеби најинтересното откритие е тоа што помладите купувачи не инсистираат на електрификација.

На прашањето дали некој побарал целосно електричен Bugatti, Деринг даде краток одговор: „Не“.

Новиот Bugatti Tourbillon комбинира 8,3-литарски V16 мотор без турбополнач – развиен во соработка со Cosworth – со електрични мотори. Хибридниот систем испорачува вкупна моќност од 1.800 КС. Јасно е дека купувачите сè уште ги посакуваат звукот, карактерот и емоцијата што ги нуди еден голем мотор, дури и во автомобил што вклучува електрификација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер