СветДанска ја продолжува контролата на границите со Германија поради заканата од тероризамДанското Министерство за правда денеска соопшти дека земјата ја продолжува заострената контрола на границите со Германија за уште шест месеци поради, како што се наведува, континуираната висока закана од тероризмот.„Заканата од тероризам останува сериозна и дополнително се засили по конфликтот меѓу Израел и милитантните групи на палестинските територии. Центарот за анализа на тероризмот во Норвешката полициска разузнавачка служба оценува дека оваа динамика ќе продолжи да биде од одлучувачко значење за проценката на заканата во 2024 година“, се вели во соопштението на данското Министерство. Се додава дека по една година зголемена контрола на границата со Германија, данската полиција оценила дека новите мерки ги зајакнале напорите за борба против криминалот и соработката во полициските кругови. Данскиот министер за правда Петер Хумелгард истакна дека безбедноста на Данците е клучен приоритет на Владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПочина митрополитот Бачки Иринеј БуловиќБачкиот митрополит Иринеј Буловиќ почина по тешки здравствени компликации, дознаваат „Новости“. Овој долгогодишен архиереј на Српската православна црква се лекуваше на Институтот за онкологија на Војводина во Сремска Каменица. Во изминатите неколку дена, тој беше во многу тешка здравствена состојба и се лекуваше на Институтот за онкологија на Војводина во Сремска Каменица, пренесуваат „Новости“. Митрополитот Иринеј беше во индуцирана кома по сериозни здравствени компликации што настанаа по операцијата, а беше и приклучен на апарат за вештачко дишење. Српската православна црква претходно ги повика верниците да се молат за негово оздравување. „Ве повикуваме да упатите усрдни молитви кон Господ и кон Богородица за оздравување на бачкиот митрополит, г. Иринеј“, се наведува во соопштението на СПЦ на социјалните мрежи. Архиерејот Иринеј, епископ новосадски и митрополит бачки, беше на чело на Бачката епархија од 1990 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВидео: Маж вооружен со пушка пукал во средно училиште во Крагуевац, Србија, двајца повредениУтринава дошло до пукање во Техничкото училиште во Крагуевац, Србија, а објавена е и првата снимка од местото на настанот. Според неофицијални информации, непознато лице ранило двајца вработени во училиштето, а постои сомневање дека се обидело да убие поголем број ученици. Според неофицијални информации, полицијата го привела осомничениот. View this post on Instagram A post shared by Kragujevčani (@kragujevcani.rs) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжува расправата за буџетот за 2027 година, поднесени 400 амандманиСобраниската комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027 година, за кој се поднесени 400 амандмани.На вчерашната седница беа разгледани 12 амандмани од опозицијата, но ниту еден не доби поддршка. Барањата се однесуваа на заштитата на охридскиот регион, екологијата, урбанистичкото планирање и инфраструктурни проекти во општините. Меѓу нив беа и изградба на колекторски систем во Крива Паланка и набавка на комунална механизација за Карпош и Куманово. Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски посочи дека дел од активностите веќе се предвидени во владините програми. Вкупните приходи во буџетот за 2027 година се планирани на 395,4 милијарди денари, а расходите на 440,4 милијарди денари. Буџетскиот дефицит ќе изнесува 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП. За капитални инвестиции се предвидени 40,8 милијарди денари.За социјални трансфери се планирани 220,8 милијарди денари, од кои 123,8 милијарди за пензии.Тагови: Комисијата за финансирање и буџет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook