Данска и Шведска го направија првиот чекор кон полуфиналето на ЕП во ракомет - Канал 5

Данска и Шведска го направија првиот чекор кон полуфиналето на ЕП во ракомет

Репрезентацијата на Данска и на Шведска направија голем исчекор кон полуфиналето на Европското ракометно првенство што се одржува во Германија.

Данска и Шведска го направија првиот чекор кон полуфиналето на ЕП во ракомет

Двете селекции вчеравечер забележаа победи во првото коло од Главната рунда и се зацврстија на првите две позиции во Групата – 2.

Резултати на натпреварите од 1. коло во Главната рунда во втората група:

Норвешка – Португалија 32:37

Данска – Холандија 39:27

Словенија – Шведска 22:28.

Табела: Данска 4 бода, Шведска 4, Португалија 2, Словенија 2, Норвешка 0, Холандија 0.

Денес на ЕП ќе почне Главната рунда во Група – 1. Двојките се:

Унгарија – Австрија

Франција – Хрватска

Германија – Исланд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Победата на Левица, Евреите во Берлин ја сметаат за закана

Израелскиот амбасадор во Германија, Рон Просор, предупреди на непосредна егзистенцијална закана за еврејската заедница во Берлин откако крајнолевичарската партија Левица победи на регионалните избори во германскиот главен град.

Победата на Левица, Евреите во Берлин ја сметаат за закана

Тој кажа дека Левица, наследничка на комунистичката партија што владееше со поранешна источна Германија, покажала „апсолутно неконтролиран антисемитизам“.

„ За еврејската заедница во Берлин, теоретската закана станува конкретна и непосредна егзистенцијална опасност“, рече Просор.

Со победата на Левица, нејзината водечка кандидатка, 45-годишната Елиф Ералп, би можела да стане првата градоначалничка на Берлин од редовите на оваа партија и прва со турско потекло.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со министерката за надворешни работи на Канада, Анита Ананд

На маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Њујорк оствари средба министерката за надворешни работи на Канада, Анита Ананд.

Средба на министерот Муцунски со министерката за надворешни работи на Канада, Анита Ананд

Во годината кога се одбележуваат 30 години дипломатски односи, соговорниците ја потврдија цврстата основа на македонско-канадското партнерство и заедничкиот интерес за негово натамошно продлабочување.

Беше истакнато и значењето на бројната македонска заедница во Канада, која претставува важен мост и дополнителна вредност во односите меѓу двете земји.

На средбата стана збор и за унапредување на политичката и економската соработка, со посебен фокус на можностите за зголемување и диверзификација на трговската размена.

Двајцата министри ја потврдија блиската соработка и меѓусебната поддршка во рамките на мултилатералните организации, особено во Обединетите нации и НАТО, како и заедничката посветеност на стабилноста и меѓународната безбедност, соопштуваат од МНРиНТ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Унгарец во повеќе торби сокрил девизи, Царината спречи обид за нелегален внес на 200.000 евра на Табановце

Спречен обид за нелегално внесување на непријавени девизи во висина од 200 илјади евра, откако унгарски државјанин на влез во државава, на граничниот премин Табановце, спротивно на закон не ги пријавил кај царинските службеници.

Унгарец во повеќе торби сокрил девизи, Царината спречи обид за нелегален внес на 200.000 евра на Табановце

Поради постоење сомнеж, возилото било селектирано за контрола и извршен е детален преглед при што помеѓу менувачот во ташна била пронајдена црна платнена торбичка со девизни средства во вкупен износ од 65.000 евра. При понатамошниот преглед во ранец кој се наоѓал на задното седиште била пронајдена мала црна торбичка која била покриена со компјутер во која имало 37.650 евра. Во куфер кој исто така се наоѓал на задното седиште, помеѓу гардеробата била пронајдена уште една црна торбичка со 97.350 евра.

Од вкупно пронајдените непријавени парични средства во износ од 200.000 евра на патникот му се вратени 10.000 евра согласно Законот за девизно работење, додека останатите 190.000 евра се задржани со Потврда за задржани средства.

Против сторителот е поднесена соодветна прекршочна пријава, соопшти Царинската управа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер