Данска: ЕУ би требало да ги разгледа сите опции поради заканите со царини од Трамп - Канал 5

Данска: ЕУ би требало да ги разгледа сите опции поради заканите со царини од Трамп

Европската унија би требало да ги разгледа сите достапни опции како одговор на обновената закана со царини од американскиот претседател Доналд Трамп кон европските сојузници, изјави данската министерка за економија Стефани Лосе.

Данска: ЕУ би требало да ги разгледа сите опции поради заканите со царини од Трамп

Лосе ја даде изјавата во пресрет на состанокот на министрите за финансии и економија на ЕУ.

Таа ја истакна потребата блокот да ги разгледа реакциите на потенцијалните американски мерки кои би можеле да влијаат на трговските односи со членките на Унијата. јт/

Фото: ЕПА

Данска: ЕУ би требало да ги разгледа сите опции поради заканите со царини од Трамп

Брисел, 20 јануари 2026 (МИА) – Европската унија би требало да ги разгледа сите достапни опции како одговор на обновената закана со царини од американскиот претседател Доналд Трамп кон европските сојузници, изјави данската министерка за економија Стефани Лосе.

Лосе ја даде изјавата во пресрет на состанокот на министрите за финансии и економија на ЕУ.

Таа ја истакна потребата блокот да ги разгледа реакциите на потенцијалните американски мерки кои би можеле да влијаат на трговските односи со членките на Унијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен Дарио Шимиќ: Хрватскиот фудбалер „падна“ во корупциски скандал

Легендарниот хрватски репрезентативец Дарио Шимиќ е уапсен утрово. 

Уапсен Дарио Шимиќ: Хрватскиот фудбалер „падна“ во корупциски скандал

Како што пренесуваат хрватските медиуми, познатиот хрватски фудбалер Дарио Шимиќ е уапсен утрово.

Тој е уапсен од страна на УСКОК и полицијата, кои спроведоа акција против корупцијата, а Шимиќ се сомничи за вмешаност во аферата „Тисно“.

Уапсени се познатиот фудбалер Дарио Шимиќ и поранешната раководителка на Одделот за туризам при Службата за економија и имотно-правни работи на Канцеларијата на државната управа на Шибенско-книнската жупанија, Неда Ливљаниќ, која се сомничи дека му помогнала на Шимиќ да ги добие потребните дозволи за кампот во Тисно (место на островот Муртер).

Неда Ливљаниќ и претходно била приведена под слично обвинение, а заедно со нив двајца била уапсена и уште едно лице кое дејствувало како посредник.

Според хрватските медиуми, Неда Ливљаниќ не примила поткуп, туку му помогнала на Шимиќ да добие дозвола. Засега, УСКОК и хрватската полиција не ја коментираат оваа тема, а наскоро се очекува и официјално соопштение.

Инаку, Дарио Шимиќ е еден од најдобрите одбранбени фудбалери во историјата на Хрватска.

Тој потекнува од школата на Динамо Загреб и настапуваше за клубот од својот роден град сè до 1999 година, кога направи трансфер во Интер Милано.

Одигра три сезони за „нероаѕурите“, а потоа премина во редовите на најголемиот ривал, Милан, каде што играше од 2002 до 2008 година и, меѓу другото, освои две титули во Лигата на шампионите.

Крајот на кариерата го мина во Монако, а потоа и во Динамо, каде што подоцна извршуваше и директорска функција. Инаку, тој одигра дури 100 натпревари во дресот на хрватската репрезентација и е првиот играч што ја достигна таа бројка. Беше дел од тимот што освои бронза на Светското првенство во Франција во 1998 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Преку езерото“: Филмот „Кома“ на Агим Абдула не потсетува на скапоценоста на пријателството во нашите кревки животи

-Верувам во тоа дека додека снимаш, се додека немаш потреба да сецнеш-немој. Оваа приказна бараше таков ритам, на моменти имав и проблем со продуцентот кој не се согласуваше со овој тип на снимање. 

„Преку езерото“: Филмот „Кома“ на Агим Абдула не потсетува на скапоценоста на пријателството во нашите кревки животи

-Верувам во тоа дека додека снимаш, се додека немаш потреба да сецнеш-немој. Оваа приказна бараше таков ритам, на моменти имав и проблем со продуцентот кој не се согласуваше со овој тип на снимање. Снимавме во февруари и студеното време придонесоа за студените тонови во филмот, рече режисерот Агим Абдула на денешната прес конференција и се заблагодари на можноста што фестивалот „Преку езерото“ му ја даде на неговиот филм на кој ова му е прв фестивал.

Филмот „Кома“ од официјалната селекција синоќа беше прикажан во Амфитеатарот во Дојран во присуство на бројни вљубеници на филмската уметност.

Режисерот на филмот Агим Абдула е гостин на фестивалот „Преку езерото“ и посочи дека инспирација за филмот бил вистински настан кој се случил на негов познаник. Во филмот Абдула не потсетува на скапоценоста на пријателството во нашите кревки животи.

-Филмот е направен според вистински настан. Му се случи на еден мој близок пријател кому во Италија му се случи несреќа и падна во кома. Во почетокот дознавме дека починал, па бил во клиничка смрт, па потоа се вратил, но меморијата му беше како на 5-годишно дете. Не се сеќаваше на никој од нас пријателите и лекарите посочија дека излез е да се врати дома, каде што е неговото семејство, пријателите и само така има надеж да се врати. Мојот братучед беше цели 7 години, секој ден со него, и конечно успеа да си ја врати меморијата и сега тој е оженет човек со деца и има среќен живот, но не памети дека некогаш му се случила несреќата, рече Абдула.

Филмот има бавно темпо и долги сцени кои како што рече режисерот се резултат на неговотот студирање филмска режија во Иран, но сакал да се гледа печатот на школата од која доаѓа.

Во Дојран заедно со режисерот на фестивалот допатува и главната актерка Лина Абдула, како и кинематограферот Душан Кардалевски.

-Сакам да му се заблагодарам на Душан Кардалевски за одличната работа и трпението и на Лина која снимаше на минус 15 степени и која во текот на снимањето по повеќе повторени сцена почна да плаче од студ, но на крајот успеавме да го завршиме филмот, рече Абдула.

Денеска во ЕУ хаус во Струмица ќе се одржи работилница „Вештачката интелегенција во филмот“ поддржана од Креативна Европа, на која ќе говорат Милош Џукелиќ од Србија, Момчил Алексиев од Бугарија и Наташа Димитриевска од Канцеларијата на Креативна Европа во Македонија.

14 Јули ВТОРНИК - Амфитеатар Дојран

ОФИЦИЈАЛНА СЕЛЕКЦИЈА

20:30 МЕСО, режија Димитер Стојанович / БУГАРИЈА / 2025

FLESH directed by Dimiter Stoyanovich / BULGARIA / 2025 / 91 min

КРАТКОМЕТРАЖНА СЕЛЕКЦИЈА

22:00 БЕГСТВО, режија Хаљим Љута / МАКЕДОНИЈА

ESCAPE directed by Halim Luta / MACEDONIA / 2025 / 10 min

22:10 НАЧИНОТ НА ЧИПАН, режија Антонио Вељаноски / МАКЕДОНИЈА

THE WAY OF CHIPAN / directed by Antonio Veljanoski / 2025 / 22 min

14 Јули ВТОРНИК - ЕУ Хаус - Струмица

12:00 Работилница: Вештачка интелигенција во филмот

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Нарко дилерот Цуната се спаси, го пуштија, бараме оставка од Тошковски

Нов скандал, со Панче на чело на МВР се случува тотален распад. 

СДСМ: Нарко дилерот Цуната се спаси, го пуштија, бараме оставка од Тошковски

Наркодилерот од Кочани, Александар Лазаров – Цуната, кој се поврзува и со дискотеката „Пулс“и со Миле Лефков од ВМРО победна од Македонија.

ВМРО и Панче Тошковски завчера му го отворија прозорот во полициската станица во Кочани а вчера го пуштија да избега наркодилерот Цуната.

Па откако го пуштија да избега, распишаа меѓународна потерница.

Едно исто сценарио, веќе добро видено и познато кога се ВМРО и Тошковски во прашање.

Театар и замајување на јавноста додека никој не одговара а криминалци се пуштаат на слобода наместо да се пратат во затвор.

Криминалци слободно си поминат преку граница, 5 тони дрога исто така поминаа преку граница а никој не одговараше.

Тошковски остана министер затоа што ги штити криминалците блиски до власта.

Многу прашања има за одговарање Тошковски. Но пред се треба да понесе одговорност.

Ова е целосен распад и класична злоупотреба на безбедносниот систем, за кој мора да има политичка и кривична одговорност.

СДСМ бара целосно расчистување на случајот, утврдување одговорност на сите инволвирани и оставка од Панче Тошковски.

Оставка Панче!

YouTube video

Скопје, 14.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер