Даниловски: Зошто со набавката на биолошка терапија за болните од рак, смртноста се зголемува - Канал 5

Даниловски: Зошто со набавката на биолошка терапија за болните од рак, смртноста се зголемува

Низ годините сè поголем број граѓани ја губат битката со канцерот, па според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, кој опфаќа период од десет години, од 2012 до 2021 смртноста од рак во Македонија бележи раст. 

Даниловски: Зошто со набавката на биолошка терапија за болните од рак, смртноста се зголемува

Во Извештајот објавен од Институтот се наведува дека без малку 4.000 луѓе починале од рак само во 2021-вата. Статистиката покажува и дека просекот на нови случаи годишно што се дијагностицирани во тој период од десет години е околу 6900, толку нови случаи во тек на една година се дијагностицираат во просек.

Токму поради зголемениот број на луѓе кои починале од рак и покрај воведувањето на посовремените триесетина биолошки терапии преку социјалните мрежи реагира и професорот Д-р Драган Даниловски кој е и поранешен министер за здравство. Тој отвора дилема, бидејќи смета дека доколку од 2019 е набавена биолошката терапија за болните од малигни заболувања, смртноста во 2020 и 2021 година би требало значајно да опаѓа, но таа според статистиката расте.

Од Клиниката за онкологија велат дека биолошката терапија не е семоќна и не треба да се гледа на неа како кон магично стапче и оти таа евентуално може да го продолжи преживувањето или да го подобри квалитетот на живот.

Не е соодветно поврзувањето на биолошката терапија со стапката на смртност, бидејќи многу други фактори влијаат врз резулатот од лекувањето, појаснуваат од Онкологија за Канал 5. Според Директорката илузорно да се бара намалување на смртноста поради биолошката терапија поради нејзиното исклучително лимитирано внесување во 2019 година.

Инаку, според Извештајот на Институтот за јавно здравје најчесто во Македонија се дијагностицира рак на бронх и бели дробови, поголем број граѓани од Скопје, а следи карциномот на дојка, кожа и желудник. Старосната граница се поместува, па најголем број од дијагностицираните во тие десет години, или околу 88% од се меѓу популацијата која е постара од 50 години. Откога постои електронски национален регистар за рак, поточно 1995, заклучно со 2021 во него регистрирани се 165.000 граѓани. Во статистиката пак, за периодот од 2012 до 2021, опфатени се без малку 70.000 пациенти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип – вакцинацијата е најдобра мерка за превенција на ова заболување

Во Институтот за јавно здравје, кој е еден од пунктовите за имунизација против сезонски грип, утрово меѓу граѓаните кои примија вакцина беше и министерот за здравство, Сашо Клековски.

Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип – вакцинацијата е најдобра мерка за превенција на ова заболување

– Вакцинацијата против сезонски грип е најдобра и најефикасна мерка за превенција на ова заболување. Токму затоа денеска со личен пример укажав на важноста од навремената заштита на здравјето, посебно кај ризичните групи население. Вакцинацијата докажано спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход од ова заболување. Охрабрува што за само една недела над 55.000 граѓани се пријавија за вакцинација. Денеска стартуваше вакцинацијата во сите пунктови низ државата, така што апелирам доколку граѓаните од ризичните групи сè уште не се пријавиле за бесплатна вакцинација на сајтот vakcinacija.mk, да го сторат тоа што поскоро, посочи министерот Клековски.

Од 14 октомври, кога беше отворена формата за пријавување, до денес за бесплатна вакцинација против сезонски грип се пријавија 55.535 граѓани. Над 60% од пријавените се лица постари од 65 години, а околу една третина се граѓани со хронични заболувања. Пријави се евидентирани на сите 31 пункт за вакцинација низ државата, а најмногу граѓани се пријавиле во Скопје, Битола, Прилеп, Струмица и Тетово. Вакцинацијата започна утрово, а до пладне се вакцинирани 368 граѓани.

Заинтересираните граѓани од ризични групи може да се пријавуваат за бесплатна вакцинација против сезонски грип на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu. Со пополнување на формата на сајтот, граѓаните се регистрираат за вакцинација директно во системот Мој Термин. Потоа, согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, ќе добијат СМС порака со информација за точниот датум и час кога треба да се вакцинираат на пунктот што ќе го изберат при регистрацијата.

Бесплатната вакцинација против сезонски грип е наменета за следните ризични групи: лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, како и деца на возраст од 6 месеци до 5 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Иднината на младите се гради денес - со можности, поддршка и доверба

Како градоначалник на Скопје и претседател на ЗЕЛС, верувам дека нашата одговорност започнува со подготвеноста да ги слушнеме младите и да им дадеме вистински простор да учествуваат во одлуките. 

Ѓорѓиевски: Иднината на младите се гради денес - со можности, поддршка и доверба

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска, заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, постојаниот координатор на ОН, Рита Колумбија, директорот на НАЛАС, Келменд Заза, како и градоначалници и претставници на локалните власти од земјата и регионот, учествуваа на регионалниот форум во Скопје посветен на локалното лидерство за млади, мир и безбедност.

- Како градоначалник на Скопје и претседател на ЗЕЛС, верувам дека нашата одговорност започнува со подготвеноста да ги слушнеме младите и да им дадеме вистински простор да учествуваат во одлуките. Нивните идеи, потреби и предизвици мора да бидат дел од политиките што ги создаваме, затоа што тие најдобро знаат со какви пречки се соочуваат и какви промени очекуваат во своите средини. Токму во нашите општини се гради довербата во институциите, чувството на припадност и сигурноста дека секој има еднаква шанса. Затоа ни се потребни активни младински совети, достапни младински центри и службеници за млади кои ќе бидат вистинска врска меѓу младите и локалната власт. Особено внимание мора да им посветиме на младите кои се соочуваат со сиромаштија, исклученост или нееднакви можности. Секој заслужува поддршка, почит и можност да го оствари својот потенцијал – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски на форумот ја истакна и важноста на соработката меѓу ЗЕЛС, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Националниот младински совет на Македонија.

- Преку Мрежата на службеници за млади, размената на искуства и јакнењето на нивните капацитети, создаваме услови младинските иницијативи полесно да стигнат до институциите и да се претворат во конкретни дела. Остануваме посветени на посилна поддршка за младите и на создавање безбедни и отворени заедници, во кои секој млад човек ќе има можност да напредува. Младите заслужуваат да знаат дека тука има место за нивните идеи, труд и амбиции – рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски упати честитки до петте наградени општини од регионот, чии практики покажуваат како младинското учество придонесува за помирни, побезбедни и посолидарни заедници, а изрази и благодарност до УНДП, НАЛАС и сите партнери за поддршката и заедничката работа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин ослободи 74-годишен Американец од затвор по разговорите со Трамп

Русија го ослободи 74-годишниот Американец Стивен Хабард, кој беше во притвор повеќе од четири години.

Путин ослободи 74-годишен Американец од затвор по разговорите со Трамп

Според руските државни медиуми, за што извести Си-Ен-Ен, неговото ослободување уследи по посетата на американскиот специјален пратеник Стив Виткоф на Санкт Петербург.

Кој е Стивен Хабард?

Хабард е пензиониран наставник од Мичиген, а Стејт департментот на САД официјално го класифицираше како „неправедно притворен“. Во вторникот, претседателот Доналд Трамп потврди дека разговарал за случајот на Хабард со рускиот претседател Владимир Путин.

Со децении работел во странство како наставник по англиски јазик. Во 2014 година се преселил во градот Изјум, во источна Украина. Руските сили го окупираа градот на самиот почеток од инвазијата врз Украина во 2022 година.

Посета на специјалниот пратеник

Пред патувањето на Виткоф во Санкт Петербург, еден американски функционер најави дека посетата ќе биде насочена кон обезбедување на ослободувањето на Хабард. „Посетата на специјалниот пратеник ќе вклучува и напори за ослободување на Хабард.“

Руски обвинувања

Руските државни медиуми пренесоа тврдења на обвинителството дека Хабард се борел на страната на Изјум, откако потпишал договор за плата од околу 1.000 долари годишно. Неговата сестра, Патриша Хабард Фокс, ги отфрли овие наводи како лажни.

Претходни случаи

Хабард е најновиот во низата Американци ослободени од руски притвор. Во август, Роберт Гилман беше ослободен од хуманитарни причини поради неговата сериозна здравствена состојба. Ветеранот од Корпусот на маринците бил екстремно слаб и неухранет кога бил префрлен назад во САД со медицински авион. Организацијата што го застапува соопшти дека Гилман бил изложен на тортура додека бил во руски притвор.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер