Во гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)
2Во гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)
ФормулаДанил Квајт со 19 години најмлад возач во Формула 1Екипата на Торо Роси денеска соопшти дека од следната сезона покрај Жан Ерик Верни во тимот ќе вози и 19 годишниот Русин Данил Квајт .Данил има само 19 години и во моментов е член на програмата за млади возачи на Ред Бул, а во јули беше тест возач на Торо Росо на патеката во Силверстон. Младиот Данил во тимот на Торо Росо ќе го замени Даниел Рикардо кој од следната сезона ќе премине во Ред Бул. „Ова е фантастична информација, ми се оствари сонот од детството и сакам да им се заблагодарам на луѓето од Ред Бул и Торо Росо. Од секогаш сакав да се натпреварувам во Формула 1, изјави младиот Квајт.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАмериканец ќе биде јавно погубен пред стрелачки вод, ќе има пренос на ТВ, одобрил Трамп Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави за Би-Би-Си дека погубувањето на Нидал Хасан, кој уби 13 невооружени американски војници во Форт Худ во 2009 година, ќе биде емитувано во живо. Се верува дека тоа е првото јавно погубување во САД по речиси еден век. „Ќе се погрижиме луѓето да можат да го гледаат и погубувањето да биде јавно. Луѓето треба да разберат дека овие дела имаат сериозни последици“, рече Хегсет. Но, одлуката не наиде на одобрување од некои во јавноста. „Одлуката за емитување на погубувањето во живо е преседан во модерната ера и е во правна територија која сè уште не е доволно разјаснета“, рече Џон Милс, адвокат кој ги застапува затворениците осудени на смрт. Пентагон објави претходно оваа недела дека Хасан ќе биде погубен, што е прво погубување на член на американската војска по повеќе од 60 години. Хегсет во интервју за конзервативниот „Вистински глас на Америка“ рече дека Хасан ќе биде погубен со стрелачки вод, извршен од војници. На прашањето дали Хасан имал некои последни барања или се обидел да контактира со претседателот Доналд Трамп, Хегсет даде ладен одговор. „Не ми е гајле. Ќе се видиме на 3 декември“, рече тој. Портпаролот на Пентагон изјави дека Трамп ја одобрил препораката на министерот за одбрана. Би-Би-Си побара коментар од Белата куќа за тоа дали претседателот поддржува пренос во живо на јавна егзекуција. Trump approves firing squad for Fort Hood killer Nidal Hasan's execution after Pete Hegseth's recommendation https://t.co/XzSy7Bguc4 https://t.co/0V7B3DIwqI — New York Post (@nypost) October 6, 2026 Иако минатата година беа регистрирани повеќе од 2.700 егзекуции во 17 земји, само две земји извршија јавни егзекуции. Според Амнести Интернешнл, Иран регистрирал 11 јавни егзекуции во 2025 година, а Авганистан уште шест. Егзекуцијата на Нидал Хасан е закажана за 3 декември во Форт Худ во Тексас, објави во вторник секретарот на американската армија. Тоа ќе биде првата егзекуција со стрелачки вод во американската војска од крајот на Втората светска војна.Тагови: стрелачки вод Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАпелација ја укина ослободителната пресуда за таткото на Вања ЃорчевскаАпелацискиот суд ги потврди доживотните казни затвор За Љупчо Палевски Палчо, Велобор Манев, Боре Видевски и на Влатко Кешишев, но ја укина ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.Според судиите од Апелација Основниот кривичниот суд скопје не ги ценел доволно доказите на јавното обвинителство против Ѓорчевски „Нашата препорака е да се изврши преоценка на доказите, со конкретни укажувања, особено на исказите на обвинетите дадени во јавното обвинителство, исказот на мајката на Вања Ѓорчевска и пораките во вибер-комуникацијата“, соопштија на брифинг вчера судиите од Апелација. Претходно, од кривичниот суд информираа дека по добивањето на пресудата веднаш ќе закажат ново судење за Александар Ѓорчевски. Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски беа убиени во ноември 2023 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
ФудбалАнглиски медиуми: Ковачиќ заминува од Манчестер Сити Според фудбалскиот портал „Football Insider“, кој се повикува на сопствени извори следното лето по истекот на договорот, хрватскиот репрезенативец Матео Ковачиќ да го напушти Манчестер Сити.Извештаите укажуваат на тоа дека во моментов не се водат преговори за продолжување на договорот на 32-годишниот хрватски фудбалер од средниот ред. Ковачиќ остана во Сити во текот на летото иако му преостануваше помалку од една година од договорот и се поврзуваше со неколку други клубови. Тој сакаше да се докаже пред Енцо Мареска по разговорите со претставниците на клубот, но моментално се соочува со тешкотии да обезбеди редовна минутажа. „Football Insider“ пренесува дека, доколку не дојде до промена на ситуацијата, Ковачиќ ќе го напушти „Етихад“ кога ќе му истече договорот следниот јуни. На неговата иднина влијае и неизвесната ситуација во Манчестер Сити. Клубот поднесе жалба на одлуката со која беше прогласен за виновен за прекршување на финансиските правила на Премиер лигата, а засега не се знае кога ќе биде донесена одлука по таа жалба. Исто така, не е јасно со какви казни би можел да се соочи клубот. Ковачиќ му се приклучи на Манчестер Сити од Челзи во 2023 година и оттогаш има одиграно 102 натпревари за клубот. Минатата сезона настапи само девет пати откако претрпе сериозна повреда на Ахиловата тетива. „Football Insider“ пренесува дека се очекува неколку големи клубови да покажат интерес за Ковачиќ пред следното лето, кога тој би можел да стане слободен играч. Во моментов, склучувањето нов договор со Сити не се смета за веројатно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook