Герасимовски: Отстранета нелегалната конструкција на „Даме Груев“ , јавниот простор вратен на граѓаните
1Герасимовски: Отстранета нелегалната конструкција на „Даме Груев“ , јавниот простор вратен на граѓаните
БалканДанијел Сервер: Оставката на Вулин не значи отстапување во политиката на Србија кон РусијаТој смета дека неговата оставка не претставува отстапување на политиката на Србија во поддршка на Русија, туку обид да се избегнат дополнителни санкции.Александар Вулин поднесе оставка од функцијата директор на Безбедносно-информативната служба (БИА) на Србија под притисок на Европејците и Американците, изјави за РСЕ Даниел Сервер, професор на американскиот универзитет Џон Хопкинс, јави дописникот на МИА од Белград. Тој смета дека неговата оставка не претставува отстапување на политиката на Србија во поддршка на Русија, туку обид да се избегнат дополнителни санкции. -Тој поднесе оставка под притисок на Европејците и Американците. Но, фактот дека беа потребни три месеци, а не три дена, покажува дека имало вистински отпор од претседателот (на Србија) Александар Вучиќ, кој го дели светогледот на Вулин и српската амбиција за политичка контрола на српското население во соседните земји, ка Сервер. Во одговор на прашањата на РСЕ, Сервер оцени дека Вашингтон ќе ја поздрави оставката на Вулин, додека Москва ќе биде незадоволна. -Мислам дека не треба лично да се обвинува за штетата што е направена. Колку што разбрав, во БИА длабоко се навлезени Русите. Врската со Москва Вулин ја дозволи и ја негуваше, но и други во БИА кои се уште се таму. Русите и Американците знаат дека Вулин не е единствениот руски човек во БИА. Во поглег дали оставката на Вулин ја отстранила можноста за руско влијание врз тајната служба во Србија,Сервер кратко одговори: Не, очигледно не. Александар Вулин, директор на Безбедносно-информативната агенција на Србија (БИА), поднесе оставка од таа функција на 3 ноември. Тој изјави дека САД и ЕУ „ја бараат неговата глава како предуслов за да не се воведат санкции кон Србија“. Во јули, САД го ставија Вулин на списокот со санкции поради наводна корупција и вмешаност во трговија со дрога и врски со Русија. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Отстранета нелегалната конструкција на „Даме Груев“ , јавниот простор вратен на граѓанитеОпштина Центар ја отстрани металната конструкција на улица „Даме Груев“, кај слаткарницата „Малага“. Со нејзиното демонтирање, пешачката патека повторно е слободна за движење.„Го расчистивме просторот и го вративме на пешаците, на кои им припаѓа. Јавните површини мора да бидат слободни и достапни за сите“, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Конструкцијата, која претходно се користеше како тераса, ја зафаќаше пешачката зона и го попречуваше нормалното движење во строгиот центар на градот. Општина Центар продолжува со инспекциски контроли и активности за отстранување на бесправно поставени конструкции и објекти, со цел заштита на јавниот простор и непречено движење на граѓаните. Општина Центар - СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУапсени се повеќе лица во контрола на угостителски објекти во СкопјеНоќеска акциска контрола во угостителски објекти во Скопје, лишени од слобода повеќе лица, меѓу нив и малолетници.Секторот за внатрешни работи Скопје, во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат, ноќеска изврши контрола во повеќе угостителски објекти во Скопје. За време на контролата легитимирани се 37 лица и лишени од слобода се осум лица, од кои три малолетници. Притоа, во два угостителски објекти констатирано е пречекорување на работното време, а во еден од угостителските објекти констатирано е точење на алкохол на малолетни лица, како и лица кои поседуваат наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Акциските контроли продолжуваат и во наредниот период, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСе уредува нова парковска површина кај „Џевахир“ во општина АеродромСе уредува нова парковска површина од околу 3.000 м2 во непосредна близина на комплексот „Џевахир Скај Сити“ во Општина Аеродром.Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во активностите за расчистување на просторот што ќе прерасне во нов парк со детско игралиште, пешачки патеки, урбана опрема и зеленило. На целиот простот ќе биде поставен и систем за наводнување, како и комплетно нови линии за осветлување. Благодарност до компанијата „Џевахир“ за поддршката и соработката во реализацијата на овој проект со кој аеродромци добиваат ново место за одмор, рекреација и дружење. Општина АеродромКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05