СДСМ: Отпуштање наставници, затворање училишта и хајка против директори – образованието е под окупација од ВМРО
2СДСМ: Отпуштање наставници, затворање училишта и хајка против директори – образованието е под окупација од ВМРО
3Петрушевски: Граѓаните не треба да бидат заложници на партиската паника на Филипче и СДС, водата во Гостивар е повторно питка
МакедонијаДанијел Апостолоски за аква паркот: Даваме огромен напор да ги испочитуваме сите рокови, за ова лето конечно да почне со работаУтрово за нашата утринска програма „Здраво Македонијо“ директорот на СЦ „Борис Трајковски“, Данијел Апостолоски, лично изјави дека ги користи сите достапни ресурси за да го доведе аква паркот во работна состојба.Летото е пред врата, а со него се враќа и желбата за освежување и забава на отворено. Еден од најпопуларните летни амбиенти во Скопје, аквапаркот во рамки на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, долго време беше затворен поради технички проблеми и застарена опрема. Сепак, надежта за повторно отворање никогаш не згасна. Утрово за нашиот утрински програма „Здраво Македонијо“ директорот на СЦ „Борис Трајковски“, Данијел Апостолоски, лично изјави дека ги користи сите достапни ресурси за да го доведе аквапаркот во работна состојба. Аквапаркот во рамки на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ некогаш важеше за едно од најпосетените летни места во Скопје. Со десетина тобогани, базен со бранови, „мрзлива река“ и содржини за деца и возрасни, претставуваше вистинско освежување во жешките денови. Сепак, и покрај големиот интерес во првите години, со текот на времето почнаа да се појавуваат проблеми. Опремата застаре, се јавија технички дефекти, а посетеноста постепено опаѓаше. Поради тоа, аквапаркот веќе неколку години е надвор од функција. Утрово, за нашата утринска програма „Здраво Македонијо“, на оваа тема лично со нас разговараше директорот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, Даниел Апостолоски, и изјави дека ги користи сите можни ресурси што ги има за да го доведе овој аква парк во работна состојба. „Во однос на аквапаркот се соочивме со малку поголем проблем од причина што четири години не е отворен. Она коешто е најголем проблем е тоа што аквапаркот не е редовно одржуван и соодветно како што треба да биде. Тоа придонесува за сериозни штети. Исто така, гаранциите коишто се на сите реквизити од тобогани и така натака се истечени. Она коешто во моментов ние го правиме е комуникацијата со Турците коишто го поставувале пред многу години да ги ресертифицираме истите тобогани, да бидат направени сите потребни сервиси во делот на пумпите и се она што нели треба да го направиме ние како спортски центар, така што навистина даваме огромен напор во овој момент да ги стигнеме сите рокови и ова лето конечно аквапаркот да почне да работи“, кажа Апостолоски за Канал 5. View this post on Instagram A post shared by Канал 5 Телевизија (@kanal5televizija) Тагови: аква парк скопје СЦ Борис Трајковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНов обид за нелегален премин во Сеута: Уапсени 150 мигрантиМароканската полиција пресретна и уапси околу 150 мигранти кои се обиделе да влезат во шпанската северно-африканска енклава Сеута.За време на операцијата, како што пренесуваат светските бил употребен солзавец, а на безбедносните сили им помагаа хеликоптери, беспилотни летала и полициски кучиња. Според извештаите, најголем дел биле граѓани на земјите од подсахарска Африка, но и десетици марокански државјани. Најновиот обид за нелегален премин на границата доаѓа две недели откако повеќе од 72.000 мигранти влегоа во Сеута, при што околу 100 луѓе загинаа во обидот да стигнат до европско тло.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Отпуштање наставници, затворање училишта и хајка против директори – образованието е под окупација од ВМРОДодека Мицкоски беше на „научнообразовна екскурзија“ во Белгија, Јаневска дома ја спроведува своја „образовна програма“ - ги злоупотребува образовните институции за политичка пресeметка од најдолен вид.Наместо фокус на подобро образование – ВМРО и Јаневска создадоа хаос во образованието, се отпуштаат наставници и се затвораат како што најави над 20 подрачни училишта ширум државата. ВМРО ОКГ ја партизираше секоја институција, па сега на ред дојдоа и директорите од училиштата. Според информациите кои стигнаа до нас, двајца инспектори од Државниот просветен инспекторат, периодов спроведуваат хајка кон директори кои не се партиски послушници. Прашуваме, дали едни исти двајца инспектори, Мирјана Насковска и Тони Илиев во повеќе училишта спроведуваат вонредни инспекциски надзори по претставки со слична или идентична содржина. Дали врз директори од средни училишта се врши притисок да поднесат оставка или да се откажат од функцијата пред истекот на нивниот мандат. Дали власта на Мицкоски врши политичка операција за чистење на кадри, неподобни директори и поставување на партиски послушници. Дали инспекцискиот надзор е претворен во механизам за смена на неподобни директори. Затоа ли овие двајца инспектори се појавуваат во речиси сите инспекциски надзори, а истовремено се и кадровски унапредувани и или наградувани. Очигледно Наскова и Илиев се „инспектори од доверба“ на ВМРО, за специјална намена. Инспектори кои се користат за однапред зададена политичка задача. Ваква постапка за притсок и смена на неподобни директори се одвива и во средното училиште во Скопје „Панче Арсовски“, каде што постапуваат токму овие двајца инспектори. Истовремено, веќе има директори кои ги оспориле решенијата за разрешување. Дел од постапките се пред второстепени органи, а има и случаи во кои Управниот суд интервенирал и ја вратил постапката на повторно одлучување, како и случаи со мериторни одлуки во корист на разрешени директори. СДСМ не е против инспекцискиот надзор, но се противи да биде злоупотребен овој механизам како средство за реваншизам и поставување на партиски подобни директори. Го повикуваме Државниот просветен инспекторат веднаш да ја запре оваа политичка операција за елиминација на неподобни директори. Јавно да одговори: зошто едни исти инспектори се појавуваат во повеќе вакви постапки? Бараме проверка на постапувањето на инспекторите, на критериумите за нивните кадровски унапредувања или дополнителните надоместоци, на начинот на распределба на предметите и наводите за притисоци врз директори. Партиските интереси и канџи мора да се тргнат од образованието. Тоа требало да го види Мицкоски на научната екскурзија во Бриж. Училиштата не се партиски штабови. Директорите не се партиски послушници. Затоа македонското образование со ВМРО-ОКГ тоне. Државниот просветен инспекторат треба да биде чувар на законите, а не чувар на партиските интереси и политички инструмент на власта на ВМРО. Прес-конференција на СДСМ, Јованче Манасков – Комисија за образование СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: Граѓаните не треба да бидат заложници на партиската паника на Филипче и СДС, водата во Гостивар е повторно питкаДодека институциите работат и ги решаваат проблемите, СДС се обидува политички да профитира преку ширење страв и паника меѓу граѓаните.Последен пример е ширењето на лаги и манипулации за наводна загадена вода во Скопје. Прво пласираат обвинувања, а кога ќе бидат демантирани со факти, нема ниту извинување ниту одговорност. Исто беше и со водата во Гостивар. Надлежните институции ги направија потребните испитувања и потврдија дека водата е безбедна за пиење. Наместо да ги прифати фактите, СДС продолжува да создава сомнеж кај граѓаните. Граѓаните не треба да бидат заложници на партиската паника на СДС. Водата во Гостивар е безбедна, а институциите ја следат состојбата и постапуваат одговорно. Додека Филипче е на Паљури со Заев, хаосот во СДС е поголем од кога било. Наместо да измислуваат кризи, во СДС треба да се справат со сопствениот хаос. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter