Голем собир на студентите во центарот на Белград- говорниците на бината носеа Устав на Србија (ВИДЕО)
1Голем собир на студентите во центарот на Белград- говорниците на бината носеа Устав на Србија (ВИДЕО)
Шоу бизДаниел Крег е најплатениот актер на светотМагазинот „Варајети“ објави листа на најплатените филсмки актери. На листата очекувано се познати лица од Холивуд, а заработката е милионска.Листата на најплатени актери ја предводи филмскиот херој Џејмс Бонд, актерот Даниел Крег со заработка од 100 милиони долари. Зад него е популарниот Карпа, Двејн Џонсон која за остварувањето „ Red One" заработил 50 милиони долари. По низ следуваат Вилм Смит и Дензел Вашингтон со 40 милиони долари. Вил Смит оваа цифра ја зарабитил од филмот „ King Richard". А Вашингтон во филмот „ The Luttle Things". На петтото место на листата на Варајети е големиот заводник Леонардо Дикаприо со 30 милиони долари од филмот „ Don't Look Up".Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканГолем собир на студентите во центарот на Белград- говорниците на бината носеа Устав на Србија (ВИДЕО)Завршниот предизборен митинг на студентската листа „Студенти побеѓују“, под името „Победата повикува“, започна вечерва на плоштадот Славија во Белград.Во 18 часот, плоштадот веќе беше полн, а толпата палеше факели и светла на своите мобилни телефони и извикуваше „Вучиќ го нема“. „За 150 години, некој ќе каже: Промената започна тука!“ Говорите во Славија завршија со песната „Марш на Дрина“. Кандидатите ја напуштија сцената држејќи го Уставот на Србија. Slavija 3 dana do pobede! Studenti pobeđuju!3️⃣ https://t.co/0p4AFpiuTg — Kreni-Promeni (@KPromeni) October 22, 2026 „Нашите мандати ќе бидат во ваши раце, во рацете на народот. На 25 октомври, Србија победува! И знаете ли зошто? Затоа што студентите победуваат!“, рече првиот кандидат на листата, Илија Срдановиќ. Пред него, студентката Наталија Степановиќ рече дека тие можат да ги исполнат студентските барања „само со промена на владата“. Таа исто така рече дека за 150 години некој ќе каже: „Тие беа тука и промената започна тука!“ View this post on Instagram A post shared by Mašina (@masina.rs) Тагови: Белград Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПрви снимки од разодниот земјотрес од 7 степени во Кина: Луѓето бегаат во паника (ВИДЕО)Првите снимки од земјотресот што го погоди кинескиот регион Тибет почнаа да се појавуваат на социјалните мрежи, додека се очекуваат подетални информации за последиците од земјотресот.Според претходните извештаи, земјотресот го погодил подрачјето на округот Бакен во регионот Нагку, а неговите силни потреси предизвикале паника кај жителите, објави ДПА. ⚡️⚠️ #BreakingNews: The moment of the magnitude 7.0 earthquake in Tibet: https://t.co/OXxyVzKdm2 — #Inside_News (@insider_der) October 22, 2026 Според достапните информации, земјотресот имал магнитуда од 7,0 степени, а епицентарот бил на релативно мала длабочина, што може да го зголеми неговото влијание во околното подрачје. Сепак, во моментов нема сигурно потврдени податоци за бројот на можни жртви или обемот на материјалната штета. UPDATE: Footage captures shaking from a reported M7.0 earthquake in Baqing County, Nagqu, Tibet. China - Sismo - Terremoto - Temblor https://t.co/tyNYJmUjwx — GeoTechWar (@geotechwar) October 22, 2026 Надлежните служби ја следат ситуацијата, додека се очекуваат нови информации од терен. Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Нека е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борбаВо чест на утрешниот државен празник, општинската зграда во Кавадарци е симболично осветлена во боите на македонското знаме.Со овој симболичен гест оддаваме почит кон храброста, пожртвуваноста и непокорниот дух на македонските револуционери, кои со својата борба ги поставија темелите на македонската државност. Отсега, по повод секој државен празник, општинската зграда ќе свети во боите на македонското знаме, како симбол на почит кон нашата историја, традиција и национален идентитет. Нека е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook