Дани Алвеш: Фудбалот стана бизнис, а Нејмар е дете - Канал 5

Дани Алвеш: Фудбалот стана бизнис, а Нејмар е дете

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Дани Алвеш, смета дека веќе фудбалот не се игра од љубов, туку исклучително за пари.

Дани Алвеш: Фудбалот стана бизнис, а Нејмар е дете
- Фудбалот го губи оној дух кој ме инспирираше да станам играч. Денешниот фудбал стана бизнис, истакна Алвеш.

Бразилскиот фудбалер наведува дека е среќен поради фактот дека неговите деца не се заинтересирани за фудбалот, бидејќи тоа станува работа и се помалку се ужива во него.
- Дојдов во Париз поради проект, бидејќи луѓето кои ме ангажираа веруваа во мене. Сепак ми се чини дека парите вложени за мојот ангажман да му помогнам на клубот да ги оствари целите, не одговараат на мојата реална вредност, потенцира 34-годишниот фудбалер.

Според Алвеш неговиот клупски колега и најскап фудбалер во светот Нејмар е незрел и не може да се носи со некои проблеми.

- Луѓето мислат дека Нејмар е марионета. Не, тој е само дете кое расте. Се уште е во процес на развој, не е созреан доволно да се носи со одредени проблеми. Што помалку важност ќе им придава на тие нешта, тоа подобро за него. Мора да се посвети на нешто друго. Нејмар мора да еволуира, нагласува бразилскиот фудбалер.

Алвеш смета дека во ПСЖ нема енергија која ги поврзува луѓето, недостига хемија и сето тоа се забележува на теренот./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

на денешен ден пред 19 години загина македонскиот славеј Тоше Проески,неговите песни живеат и денес

На денешен ден, 16 октомври 2007 година, во сообраќајна несреќа во Хрватска загина  еден од најомилените пејачи на Балканот македонскиот пејач со ангелски глас Тоше Проески.

на денешен ден пред 19 години загина македонскиот славеј Тоше Проески,неговите песни живеат и денес

Веста за неговата смрт ја потресе јавноста низ целиот Балкан. Македонската телевизија ја прекина редовната програма за да ја соопшти тажната вест.

На денешен ден, 16 октомври 2007 година, во сообраќајна несреќа во Хрватска загина еден од најомилените пејачи на Балканот македонскиот пејач со ангелски глас Тоше Проески.

Во моментот на смртта тој имаше само 26 години, а денешната годишнина одбележува 19 години од заминувањето на уметникот чии песни сè уште живеат меѓу публиката низ целиот регион.

Проески загина во близина на Нова Градишка, за време на патувањето од Скопје кон Загреб. Веста за неговата смрт ја потресе јавноста ширум Балканот.

Македонската телевизија ја прекина редовната програма за да ја соопшти тажната вест, а 17 октомври беше прогласен за Ден на жалост во Македонија.

Последното испраќање се одржа во неговото Крушево, каде што беше погребан со највисоки државни почести.

Десетици илјади луѓе дојдоа да му оддадат почит на пејачот, чија прерана смрт остави голема празнина на музичката сцена.На погребот присуствуваа многу познати уметници од целиот регион.

Во текот на својата кариера, тој издаде седум албуми и стекна бројни обожаватели ширум Балканот. Го доби прекарот „македонски славеј“ благодарение на својот величествен глас и посебната емоција што ја внесуваше во своите интерпретации. Неговите песни „Чија си“, „Игра без граници“ и „The Hardest Thing“ остануваат меѓу најпрепознатливите нумери што публиката ги слуша и денес.

Иако неговата кариера беше прекината во моментот кога тој беше на врвот на својата популарност, Тоше Проески остави неизбришлива трага во музиката.

Речиси две децении по неговата смрт, неговите песни сè уште нè потсетуваат на уметникот кој со својот глас, хуманост и едноставност ги освои срцата на публиката низ целиот регион.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спикерот Гаши на средба со претседателот на Претставничкиот дом на Холандија, Том Ван Кампен

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши оствари билатерална средба со претседателот на Претставничкиот дом на Кралството Холандија, Том Ван Кампен, во Рим

Спикерот Гаши на средба со претседателот на Претставничкиот дом на Холандија, Том Ван Кампен

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши оствари билатерална средба со претседателот на Претставничкиот дом на Кралството Холандија, Том Ван Кампен, во Рим, во рамките на конференцијата на претседатели на парламенти на земјите членки на Советот на Европа.

Тој ја искористи оваа можност да изрази благодарност за бројните проекти преку кои Кралството Холандија придонесува за демократскиот развој и спроведувањето на реформските процеси во Република Северна Македонија. Претседателот Ван Кампен информираше дека во претходниот пратенички мандат ја извршувал функцијата известител во Комисијата за европски прашања за европските перспективи на земјите од Западен Балкан.

Во таа насока, претседателот Гаши даде поширок осврт на состојбите поврзани со евроинтегративниот пат на државата, како и на потенцијалните предизвици што произлегуваат од одложувањето на процесот на проширување. Потврдена беше стратешката важност на евроинтеграциите и трансформативниот ефект што би го имало отворањето на пристапните преговори врз општеството. Планот за раст и Реформската агенда беа оценети како позитивни чекори во насока на унапредување на реформските процеси и приближување на државата кон Европската Унија.

Двајцата соговорници се согласија дека постојат можности за унапредување на билатералната парламентарна соработка, како на ниво на пратеници, така и на ниво на парламентарните служби, и покрај тоа што во холандскиот Парламент не постои група за пријателство, каква што функционира во Собранието. На крајот се заложија за натамошно унапредување на билатералната соработка во претстојниот период и преку посети на највисоко ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Компанијата „Кромберг и Шуберт“ започнува нов инвестициски проект во Битола

Компанијата „Кромберг и Шуберт“ започнува нов инвестициски проект во Битола, со кој во следните четири години се предвидува отворање на 2.000 нови работни места, објави на совјот Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски. 

Мицкоски: Компанијата „Кромберг и Шуберт“ започнува нов инвестициски проект во Битола

Оваа инвестиција е силен поттик за економскиот развој на Битола, Пелагонија и целата држава, но и потврда за потенцијалот на македонската работна сила и индустрија. Нашата определба е јасна, нови инвестиции, современи технологии, повеќе работни места и конкретни резултати. Разликата ја правиме со дела, а не со зборови!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер