МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка
Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија
1МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка
2Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија
ЖивотДанците со помош на апликации ги бојкотираат американските производи во супермаркетитеГневот во Данска поради спорот со САД во врска со Гренланд се шири и низ супермаркетите, при што некои потрошувачи избираат да ги бојкотираат американските производи, јави ДПА.Стоките од САД сè повеќе се изоставуваат од списоците за купување, а новите апликации за паметни телефони им овозможуваат на купувачите да скенираат прехранбени производи за да го проверат нивното потекло. Таква апликација е и „УденУСА“ ('UdenUSA' - 'Без САД'). Ја развиле 21-годишниот Јонас Пипер од Данска и неговиот пријател Малте Хенсберг, чија замисла го доби својот облик лани, кога американскиот претседател Доналд Трамп првпат сериозно се закани дека ќе ја преземе контролата врз во голема мера автономната арктичка територија Гренланд, којашто сепак, е под врховна власт на Кралството Данска. Бран протести во Данска во тоа време доведоа до создавање Фејсбук-група посветена на бојкот на стоките од САД. Групата сега има повеќе од 100.000 членови, во држава со околу шест милиони луѓе. Пипер изјави за ДПА, дека многу потрошувачи сакаат да престанат да купуваат храна од САД, но честопати им е тешко да го идентификуваат потеклото на производите во супермаркет. Според него, апликацијата има за цел да го реши тоа со означување на земјата на потекло и предлага алтернативи од европски производители. До денеска „УденУСА“ се рангираше на прво место меѓу бесплатните апликации во „Ап стор“ (App Store) во Данска. Целокупното влијание на бојкотот останува неизвесно. Економијата на Данска е релативно мала и само ограничен број прехранбени производи се увезуваат директно од САД. Дури и ако значителен број потрошувачи избегнуваат американски стоки, ова веројатно нема да резултира со значајни економски или политички последици, според Саша Рајтел - професор по маркетинг на германскиот Слободен универзитет во Берлин. Тагови: Данска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
ФудбалНајлошиот Манчестер Јунајтед во последните 42 години! Англискиот великан, Манчестер Јунајтед загуби со 2-0 на гостувањето кај Челси, со што ја продолжи серијата без победа на девет натпревари во сите натпреварувања.Ова е најдолгата низа без триумф на клубот уште од септември 1984 година . Челси победи со головите на Морган Роџерс и Кол Палмер од пенал, додека Лисандро Мартинез имаше лош настап во редовите на гостите. Аргентинецот асистираше за првиот гол на домашниот тим, а потоа спречи гол со играње со рака (пенал), за што доби и црвен картон. Притисокот врз тренерот Мајкл Керик се зголемува, но тој очекува да го предводи тимот на следниот натпревар против Рома. Кризата е особено изразена на гостувањата, бидејќи „Јунајтед“ нема победа на последните седум натпревари на гостински терен во сите натпреварувања. Клубот немал ваква серија уште од сезоната 1973/74, кога последен пат испадна од елитниот ранг на англискиот фудбал.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапкаСВР Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело "насилство" по член 386 ст. 4 и 6 од Кривичниот законик против П.А. во врска со вчерашното насилство пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.СВР Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело "насилство" по член 386 ст. 4 и 6 од Кривичниот законик против П.А. во врска со вчерашното насилство пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, кога група од околу 30 членови на навивачката група „Фемили“ физички нападнале околу 50 навивачи на КК „Работнички“, кои чекале да влезат на спортскиот натпревар. Притоа, 16-годишник од Скопје се здобил со тешки телесни повреди. П.А. е лишен од слобода и по насоки на Јавен обвинител од ОЈО Скопје за кривично правниот настан поднесена е кривична пријава по брза постапка. Во врска со насилството полициски службеници од СВР Скопје во полициска станица ги приведоа и М.М.(18) и Д.П.(18) двајцата од Скопје. Воедно СВР Скопје продолжува со повикување на лица кои ќе се утврди дека биле учесници на слученото насилство и против истите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. МВР апелира до навивачките групи за фер и спортско однесување, а од страна на полицијата нема да биде толерирано ниту едно насилство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Забава „Макфест“ ја затвори 41. фестивалска приказнаСо две фестивалски вечери, 27 нови композиции и средба на повеќе генерации македонски музичари, Штип го заокружи 41. издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“. Овогодишната програма донесе спој на нови авторски остварувања, добро познати естрадни имиња и песни што потсетуваат на богатото музичко наследство на фестивалот, кој повеќе од четири децении е еден од најзначајните настани во македонската забавна музика. Финалната вечер понуди 18 композиции, од кои шест беа избрани на првата фестивалска вечер, додека останатите 12 беа нови музички премиери. Во продолжението на натпреварувачката програма настапија „Арте-Факт“, Тамара Грујеска, Елена Наумова, Теа Златева, Анастасија Спасевска и Драгана Јовановска, кои со своите композиции повторно застанаа пред публиката. Посебна димензија на втората вечер ѝ даде присуството на афирмирани македонски музичари, од кои дел по подолга пауза повторно се вратија на сцената на „Макфест“. Агни Авшар, Наташа Малинкова, Марија Данева, Викторија Лоба, Јован Јованов и Тони Зен, Теа Трајковска, Марија Спасовска, Ристо Самарџиев, Елвир Мекиќ, Врчак и Симона Поповска, Огнен Здравковски и Давид Темелков беа дел од музичката програма, носејќи различни интерпретации, стилови и генерациски искуства. Меѓу впечатливите моменти на вечерта беше и нејзиното отворање, со потсетување на еден од препознатливите макфестовски хитови - „Ти ме сакаш знам“, на Јован Јованов и Маја Саздановска. Водителите Димитар Атанасовски и Марјана Станојковска ја отпеаја песната, додека Атанасовски ја збогати изведбата со придружба на виолина, создавајќи убаво музичко потсетување на фестивалските хитови што продолжуваат да живеат низ годините. На сцената се случи и уште една интересна музичка средба - Јован Јованов и Тони Зен се претставија со новата композиција „Уште ми требаш“, со што ја продолжија приказната на некогашниот хит „Итно ми требаш“. Во текот на вечерта, на сцената се обрати и Слаткаристика, кој сподели дел од своето лично искуство со пелтечењето, охрабрувајќи ги сите што се соочуваат со овој предизвик да продолжат да сонуваат и да работат на остварување на своите цели. Тој упати и порака за поголемо разбирање и прифаќање, потсетувајќи дека лицата што пелтечат имаат многу што да кажат и заслужуваат да бидат слушнати. Во рамките на овогодишното издание беше доделено и признанието за најслушана песна во периодот меѓу двата фестивала, кое ѝ припадна на Лара Иванова за хитот „Доминантен“. За младата пејачка, ова признание има дополнителна симболика, бидејќи токму на макфестовската сцена во 2019 година го имаше својот прв фестивалски настап. Со наградата уште еднаш се потврди и присуството на македонската музика во секојдневното слушателско искуство. 41. издание на фестивалот започна со вечер посветена на новите музички имиња, на која 15 изведувачи и музички состави ги претставија своите авторски композиции. Настапија Анастасија Спасевска, Драгана Јовановска, Девана, Kaly и Гоки, Санела Шукриевска, Ненад Вржалски, „Три пати на ден“, Дорис Ди, „Арте-Факт“, Ана Цамбулева, Доно, Тамара Грујеска, Теа Златева, Марија Наумоска и Елена Наумова. Ревијалниот дел од првата вечер го одбележа Антониа Гиговска, која во поинакво, интимно музичко издание интерпретираше дел од своите песни и познати макфестовски хитови. Посебен емотивен момент беше и музичкиот омаж посветен на Владо Јаневски, со кој беше оддадена почит на авторот и изведувач чии песни се вградени во македонската забавна музика. Со ова издание, „Макфест“ уште еднаш ја потврди својата улога како платформа што ги поврзува афирмираните музичари со новите автори и изведувачи. Двете вечери понудија вкупно 27 нови композиции, што е значаен придонес кон домашната музичка продукција и можност за создавање нови песни што допрва ќе го бараат својот пат до слушателите. По 41 издание, вредноста на „Макфест“ не се мери само преку песните што низ годините станале евергрини, туку и преку континуитетот во создавањето нова музика и отворањето простор за генерации што доаѓаат. Тагови: Макфест Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48