ЖивотДанците пронашле сечило со натпис стар речиси 2000 годиниАрхеолозите во Данска открија мала кама со рунски симболи стара речиси два милениуми, соопшти музејот, опишувајќи го како значајно откритие во разбирањето на човечката историја на регионот.Натписот е „уникатен“ и датира од околу 150 година од нашата ера, објави во понеделникот музејот Одензе. Руни од овој период досега се откриени само еднаш, во 1865 година во Вимозен, западно од данскиот град Одензе. „Руните на ножот се напишани со најстарата позната рунска азбука и затоа новото откритие е многу важен дел од разбирањето и толкувањето на најстарата употреба на пишувањето во Данска и во нордискиот регион“, се вели во соопштението на музејот. Руничкото писмо го користеле германските племиња и е најстарата позната форма на пишување во Скандинавија. Било широко користено од почетокот, преку викиншкото доба, до доцниот среден век. Ножот е пронајден во мала гробница источно од Одензе. На сечилото бил изгравиран зборот „хирила“, што на нордиски значи „мал меч“. Невозможно е да се каже дали тоа е името на самиот нож или неговиот сопственик, велат од музејот. „Со такво откритие во наши раце, ние како луѓе доживуваме конфронтација со минатото. Руничкиот натпис е како да се најде порака од древните луѓе“, рече археологот Јакоб Бонде во изјавата. Од 2 февруари, камата ќе биде изложена на специјална изложба во музејот „Møntergården“ во Одензе. Извор: Индекс.хрКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВодата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвењеВодата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење. Надлежните најавија дека со континуиран мониторинг ќе се следи квалитетот на водата сè додека не се потврди дека е исправна за пиење, а во меѓувреме, градот ќе продолжи да биде снабдуван со пакувана вода... Премиерот Христијан Мицкоски во врска со случајот со водата во Гостивар истакна дека надлежните за состојбите се консултираат со експерти и посочи дека партиите не треба шират хистерија. -На сите треба да ни е јасно дека станува збор за одговорност која што е на општината и тоа е многу важно да се констатира, бидејќи тие услуги се исклучиво одговорност на општината. Има начин како општината комуницира со државните институции во делот на проверки и слично. СДСМ преку соопштение ја критикуваше изјавата на Мицкоски . Според нив требало да се консултираат експерти, од самиот почеток на кризата.од партијата велат дека по денови меѓусебно префрлање на одговорноста и различни изјави од надлежните, сега владата се повикува на стручни лица. „Во нормална држава, експертите и надлежните институции ќе беа вклучени уште од првиот ден. Наместо тоа, јавноста слушаше политички изјави и објаснувања“, наведуваат од СДСМ. Партијата бара одговорност за случајот со загадената вода во Гостивар и прашува кој ќе ја понесе одговорноста за, како што наведуваат, труењето на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЦените на нафтата продолжуваат да опаѓаатЦените на нафтата значително паднаа откако САД и Иран објавија тридневно примирје, со што се зголеми надежта за смирување на конфликтот. Цената на барел сурова нафта „Брент“, која е глобален ценовен репер, во еден момент падна за повеќе од 9 отсто, на под 88 долари. Ова претставува значаен пресврт во однос на минатата недела, кога цената надмина 100 долари, пишува Би-Би-Си. До падот на цените дојде по изјавата на американската амбасадорка во Обединетите нации дека нападите врз Иран биле прекинати втора ноќ по ред со цел да се „отвори простор за преговори“. Портпаролот на иранската армија во неделата потврди дека Техеран, како одговор, ги прекинал „одмаздничките“ напади во регионот. Избувнувањето на војната со Иран претходно предизвика нагло зголемување на цените на нафтата, бидејќи конфликтот практично го затвори Ормускиот теснец. Станува збор за клучна поморска рута низ која поминуваат околу 20 отсто од светската нафта и течниот природен гас (LNG). Кога Иран и САД во јуни потпишаа меморандум за разбирање за прекин на воените операции и повторно отворање на теснецот, цената на нафтата падна на предвоеното ниво од околу 70 долари за барел. Сепак, пропаѓањето на примирјето претходно овој месец повторно ја зголеми загриженоста за глобалното снабдување со енергија, што повторно ги крена цените. Минатата недела цената за првпат од мај достигна 100 долари за барел. Дополнителна неизвесност внесоа и нападите на јеменските бунтовници Хути врз танкери со нафта во Црвеното Море, со што беше загрозена клучната извозна рута преку која Саудиска Арабија го заобиколува Ормускиот теснец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоДенес сончево со температура од 30 до 35 степени.Според Управата за хидрметеоролошки работи денес времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен, ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени. Од утре следува период на стабилно. сончево и топло време со мала локална облачност и пораст на температурите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook