Сали: Македонија се залага за суштинско вклучување на земјите кандидатки во Европскиот центар за демократска отпорност
1Сали: Македонија се залага за суштинско вклучување на земјите кандидатки во Европскиот центар за демократска отпорност
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
КултураДамски накит од Македонија низ вековите на изложба во Софија Накит од злато, сребро и бронза, украсени садови за етерични масла и теракотни кутивчиња за пудра и кремови со кои се дотерувале и ги користеле дамите во минатото, откриени во гробови на македонските археолошки локалитети, се претставени на изложбата „Дамскиот накит од Македонија низ вековите“, која вечерва беше отворена во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија.Изложбата ја организира Археолошкиот музеј на Македонија во соработка со Министерството за култура, по повод 10-годишниот јубилеј на македонскиот културен центар. За бугарската публика таа ќе биде отворена до 10 јуни. Во просторот на КИЦ во Софија во витрини се изложени 46 експонати од накит, кој датира од неолитот се до османлискиот период и 90 отсто е пронајден во гробови на некогашни великодостојници кои со своето украсување го покажувале и својот статус во општеството. Изложбата на накит првпат гостува надвор од Македонија, а ја конципираше тим на музејот предводен од кураторот Ирена Колиштркоска-Настева. Отворајќи ја изложбата, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека предметите од накит ги претставуваат уметничките тенденции и иновативниот дух на цивилизациите кои егзистирале на просторот на денешна Република Македонија. - Меѓу 46-те предмети, најстари откриени наоди се бронзените приврзоци со претстави на птици и афионови чашки, како карактеристични култни атрибути на пајонската култура од железното време. Уметничката експресија на јувелирската техника во антиката е изразена преку ѓердани, белегзии, обетки и прстени, вешто декорирани и изработени од злато и сребро... Сите овие експонати говорат за големата продукција, совршената обработка, силниот уметнички темперамент на генерациите мајстори кои ја вложувале целата своја вештина и талент, рече Канческа-Милевска. Директорката на Археолошкиот музеј Весела Честоева посочи дека накитот и китењето се нераскинливо врзани со битисувањето во сите култури и дека од него се дознава многу за социјалната, статусната, професионалната или етничката определба, но и индивидуалните афинитети, естетските, духовните и религиските норми на носителите. - Преку презентираните копии од атрактивните бронзени приврзоци, висулци, карактеристични за пајонската култура, репрезентативните златни обетки со негроидни претстави, гулабици, протоми на лав, па се до средновековните бронзени крстови – реликвијари, осознаваме за технолошката обработка, продукцијата и уметничкиот израз на популациите кои егзиситирале на просторот на Република Македонија, рече Честоева. Таа ги покани гостите кои беа на отворањето на изложбата да го посетат Археолошкиот музеј во Скопје кој има над 8.000 експонати. Канческа-Милевска и Честоева му го честитаа јубилејот од постоењето на Културно-информативниот центар во Софија. Во десетте години биле организирани над 300 разновидни настани кои, како и вечерашниов, наидуваат на голем одѕив кај бугарската јавност. Директорот на Центарот Васко Шутаров истакна дека целта на КИЦ во Софија е да гради мостови на пријателство меѓу двете земји. - Се надевам дека сите следни години ќе ни бидат обележани со исто така убава, културна атмосфера. Максимално се заложуваме да го донесеме најдоброто од Македонија, да не повредиме и не разбрануваме никого, туку само да отвориме нова емоција, нови чувства и да изградиме нови пријателства, рече Шутаров. КИЦ го одбележува јубилејот со активности преку целата година и веќе утревечер организира нов настан – концерт на оперската певица Славица Галиќ-Петровска, кој ќе се одржи во музејот „Борис Христов“ во Софија во рамки на Фестивалот на уметностите. /МИА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
МакедонијаСали: Македонија се залага за суштинско вклучување на земјите кандидатки во Европскиот центар за демократска отпорностСали ја истакна важноста од вклучување на земјите кандидатки во Европскиот центар за демократска отпорност уште од самиот почеток.Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, на работниот појадок на маргините на Советот за општи работи на Европската Унија, ја истакна важноста од вклучување на земјите кандидатки во Европскиот центар за демократска отпорност уште од самиот почеток. Во своето обраќање, министерот Сали нагласи дека странското манипулирање со информации, кибернападите и притисоците врз независните медиуми и граѓанското општество претставуваат заеднички закани за земјите членки на ЕУ и за земјите кандидатки. Според него, демократската отпорност стана суштински дел од европската безбедност. Учеството во Центарот би ѝ овозможило на Македонија навремен пристап до европските процени на заканите, механизмите за рано предупредување, експертизата и оперативните мрежи. Истовремено, би ги зајакнало капацитетите за спротивставување на дезинформациите, стратешката комуникација и кибербезбедноста, како и поддршката за независните медиуми и граѓанското општество, придонесувајќи за реформите во темелните области на пристапниот процес. Министерот истакна дека Македонија има намера да биде не само корисник, туку и активен придонесувач, споделувајќи го своето искуство во справувањето со хибридните закани. Тој информираше дека се започнати внатрешни подготовки за суштинско учество, дека Министерството за правда е определено како координативна институција и дека се назначени контакт-точки за комуникација со Секретаријатот на Центарот. На крајот, Сали повика на потесна соработка меѓу ЕУ и Западен Балкан, нагласувајќи дека раното вклучување на земјите кандидатки во европските инструменти го претвора проширувањето во конкретен придонес за безбедноста, демократијата и единството на Европа. Кабинет на министерот за европски прашањаТагови: Беким Сали Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
ТехнологијаТехнолошки холдинг ќе ја преземе „Bumble“: акциите пораснаа за 50%Акциите на „Bumble“, компанијата што стои зад популарната апликација за запознавање, вчера скокнаа за речиси 50 отсто по веста за напреднати преговори за продажба.Технолошкиот холдинг „Ithaca“ би можел уште оваа недела да објави договор за преземање на фирмата со седиште во Тексас за околу една милијарда долари, објави „Wall Street Journal“. Скокот на цената на акциите ја зголеми пазарната вредност на „Bumble“ на над 580 милиони долари, пренесува „BBC“. И покрај растот, оваа вредност останува значително пониска од 14-те милијарди долари на колку се проценуваше компанијата на врвот на својата популарност по излегувањето на берзата „Nasdaq“ во 2021 година. „Bumble“ е една од најпознатите светски апликации за запознавање, но работи на заситен пазар каде што растот е забавен. Апликацијата беше лансирана во 2014 година од Витни Вулф Херд, коосновач на ривалската апликација „Tinder“. Таа го изгради брендот „Bumble“ околу правилото што им дозволуваше само на жените да го иницираат разговорот со лицата со кои се совпаднале. Помладите корисници чувствуваат замор Компанијата неодамна го укина тоа ограничување, што предизвика дебата меѓу корисниците за тоа дали апликацијата ја изгубила својата клучна карактеристика по која се разликувала од другите. „Нашата заедница денес бара поголема флексибилност, помалку притисок и повеќе можности за воспоставување вистински, значајни врски, а ова ново искуство го овозможува токму тоа“, изјави Вулф Херд во август. Апликациите како „Bumble“ се соочија со притисок во последните години бидејќи помладите корисници се уморија од бескрајното прелистување профили во потрага по партнер. Во 2025 година, „Bumble“ најави отпуштање на речиси една третина од својата работна сила, а целата индустрија се соочи со феномен што Вулф Херд го опиша како „пресвртна точка“ во онлајн запознавањето. Возрасните поминуваат помалку време на апликациите за запознавање Инвестициите во други компании за запознавање исто така забавија бидејќи апликациите тешко успеваат да ги мотивираат корисниците да плаќаат за нивните услуги. Акциите на „Match Group“ – сопственик на „Tinder“, „OkCupid“ и „Hinge“ – исто така забележаа остар пад во споредба со нивните рекордни вредности од 2021 година. Според извештајот од 2025 година на регулаторното тело „Ofcom“, возрасните поминуваат помалку време на апликациите за запознавање отколку пред три години. Наместо тоа, некои самци се свртуваат кон собири за играње друштвени игри, книжевни клубови и други групни активности, со надеж дека ќе запознаат партнер. Извор: Индекс.хрТагови: Bumble Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитриеска-Кочоска на Есенските средби на ММФ и Светска банка во БангкокМинистерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ќе учествува на редовните Есенски средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светска банка, кои оваа недела се одржуваат во Бангкок, Тајланд.Во рамки на средбите, министерката ќе оствари билатерални средби со високи претставници на Светска банка и ММФ, како и со претставници на меѓународни финансиски институции, како и учество на состаноци посветени на регионалните економски перспективи и глобалните економски предизвици. Во рамки на средбите, министерката ќе оствари работна средба со потпретседателката на Светска банка, Антонела Басани, и потпретседателот на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) за Европа, Латинска Америка и Карибите, Алфонсо Гарсија Мора. Предвидена е и средба со извршниот директор на Светска банка за Конституенцата во која членува Македонија, Јуџин Ругенаат. На средбите ќе се разговара за тековната соработка, активностите што се реализираат и можностите за нејзино натамошно унапредување. Министерката ќе оствари средба и со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, како и со директорот на ММФ за Европа, Матеуш Шчурек. Во агендата се и средбите со извршниот директор на ММФ, Јерун Клик, и заменикот на извршниот директор, Марникс ван Рај, како и учеството на состанокот на земјите од изборната конституенца и настаните посветени на регионалните економски перспективи. На агендата се и состанокот на земјите од изборната конституенца, настаните во рамки на Годишните средби, како и пленарната сесија на Годишните средби на ММФ и Светска банка. Учеството на овие средби претставува можност за размена на мислења за актуелните економски движења, фискалните политики и можностите за унапредување на соработката со меѓународните финансиски институции. Во составот на делегацијата на Есенските средби е и гувернерот на Народната банка Трајко Славески.Тагови: Гордана Димитриеска-Кочоска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter