Дамјан Митев: Хановер е тежок ривал, но нема да се откажеме - Канал 5

Дамјан Митев: Хановер е тежок ривал, но нема да се откажеме

Актуелниот освојувачот на ракометниот Европски куп македонскиот тим Алкалоид ги одработува подготовките за новата сезона.

Дамјан Митев: Хановер е тежок ривал, но нема да се откажеме

Во ланската еден од најмладите беше Дамјан Митев, а така ќе биде и во претстојната, но тоа нема да биде пречка за него особено што имаше клучни моменти и на важни натпревари.

- Задоволен сум многу од екипата, имаме добра хемија, се бориме еден за друг, а подготвките течат најдобро. Оваа нова сезона нѐ чека тежок предизвик. Во Лига Европа во квалификациите ќе играме двомеч со бундеслигашот Хановер. Првиот дуел е на гости на 31.август, но ќе се бориме и нема да се откажеме. Седум дена потоа следува реваншот во Скопје и ќе треба да се покажеме во најдобро светло пред нашата публика. Воедно Суперлигата (домашната лига) ќе биде една од посилните и поквалитетна од претходните сезони. Очекуваме високи резултати, изјави Дамјан Митев.

Алкалоид се наоѓа на подготовки во Маврово, а по неколку дена екипата ќе почне и соодигрување на контролни натпревари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Пелистер спасена мала срна која била нападната од куче (ВИДЕО)

Вработените во јавната установа Национален парк Пелистер спасија мала срна која била нападната од куче бездомник.

На Пелистер спасена мала срна која била нападната од куче (ВИДЕО)

Од установата на Фејсбук објавија дека малата срна ја спасил раководителот на помошно-техничкото одделение и ренџер во установата.

По спасувањето, вработените презеле дополнителни активности за срната повторно да биде вратена во својата природна средина. Со помош на емитирање на звуци малата срна повторно беше споена со својата мајка“ посочуваат од Националнот парк Пелистер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вели дека односите со САД мора да се вратат во нормала по јавната расправија што минатата недела ја имаше со американскиот претседател Доналд Трамп.

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете држави остануваат добри. Во петокот Мелони го обвини својот некогашен близок сојузник Трамп дека измислил приказна за неа откако тој за италијанска телевизија изјави дека таа го молела да се фотографира со неа за време на неодамнешниот самит на Г-7 во Франција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Политико: Унгарија го блокира забрзувањето на преговорите на ЕУ со Украина и Молдавија

Унгарија не даде согласност за клучниот процедурален чекор неопходен за забрзување на пристапните преговори на Европската унија со Украина и Молдавија, објави Политико, повикувајќи се на двајца дипломати на Европската унија.

Политико: Унгарија го блокира забрзувањето на преговорите на ЕУ со Украина и Молдавија

Европската унија на 15 јуни официјално го отвори првиот преговарачки кластер со Украина и Молдавија, а европските челници најавија дека Киев до средината на јули ќеги отвори сите шест кластери. Остварувањето на таа цел сега е доведено во прашање, бидејќи Унгарија вчера била единствената земја членка што се спротивставила на испраќањето писмо до Европскиот совет и до Европската комисија со таков предлог. Унгарскиот премиер Петер Маѓар не се спротивстави на отворањето на првиот кластер за Украина, но претходно реагираше дека ставањето на брза лента на земјата би испратило погрешна порака до Србија, Албанија, Црна Гора и Македонија, кои со години работат на членството во Европската унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер