СветДали западното оружје и гаѓањето на руска територија може да му помогнат на Киев?Русија и Украина: Дали западното оружје и гаѓањето на руска територија може да му помогнат на Киев да го сврти текот на војната?Би-Би-Си на српски јазик Се досега западните земји ја ограничуваа употребата на нивното оружје од страна на Украина на воени цели во Русија, вклучувајќи го Крим и окупираните територии. Тие беа загрижени дека напади врз цели од другата страна на меѓународно признатата граница со оружје обезбедено од земјите на НАТО дополнително ќе го интензивираат конфликтот. Но, најновиот руски продор во североисточниот дел на регионот Харков ги убеди сојузниците на Киев дека ако сака успешно да се брани, Украина мора да биде способна да уништи воени цели од другата страна на границата. Минатиот месец Русија почна масовна копнена офанзива во областа, отворајќи нов фронт и заземајќи неколку села. Рускиот продор претставува сериозна закана за Харков, вториот по големина град во Украина, на само 30 километри од границата. Границата во оваа област практично е линијата на фронтот, па забраната за употреба на оружје добиено од Запад за гаѓање цели надвор од Украина им овозможи на руските единици да се подготват за таа операција во безбедно опкружување. По зголемениот притисок од Украина и другите европски земји, САД се согласија да ја сменат својата политика и да му дозволат на Киев да ја нападне Русија со оружје од Запад. - Главната карактеристика на нашиот ангажман е да се приспособиме колку што е потребно, да го решиме она што всушност се случува на бојното поле, да се осигураме дека Украина има сè што и треба, кога и е потребно, рече американскиот државен секретар Ентони Блинкен на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите на НАТО во петокот во Прага. Додека Америка и Германија рекоа дека Украина може да го користи нивното оружје за напад на руска територија, некои други членки на НАТО, како Италија, Унгарија и Турција, се цврсто против тоа. Американскиот претседател Џозеф Бајден им даде дозвола на властите во Киев да го користат оружјето на неговата земја за да напаѓаат цели во Русија, но само во близина на регионот Харков, јавија американските медиуми цитирајќи официјални претставници. Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани предупреди дека одлуката на германскиот канцелар Олаф Шолц да и дозволи на Украина да користи германско оружје на цели во Русија може да доведе до Трета светска војна. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека употребата на западно оружје за напади на руска територија е „прашање на денот“. Брзо стигна одговор од Москва. Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека Украина и нејзините сојузници ќе добијат „погубен одговор“. Рускиот претседател Владимир Путин претходно се закани дека ќе ги прошири „санитарните зони“ во случај да се користи западно оружје со долг дострел за напади на руска територија. Тој рече дека земјите-членки на НАТО во Европа не смеат да заборават дека имаат „земји со мали територии кои се густо населени“. „Тие мора да го земат предвид тој фактор пред да почнат да размислуваат за напади длабоко на руска територија“, додаде тој. Избегнувањето на ескалација веројатно е причината зошто дозволата за напад на Русија од страна на САД не вклучува оружје со долг дострел, како што е ATACMS (Воени тактички ракетни системи). Овие ракети имаат дострел од 300 километри и можат да се користат за гаѓање на воени бази и аеродроми длабоко на руска територија. Ваквите ограничувања ја оставаат Украина само со опцијата да се фокусира на цели блиску до нејзината граница. Но, ова е сепак голема промена на политиката за главните сојузници на Киев. Дури и во случај на оружје со помал дострел – до 70 километри – повеќекратните ракетни фрлачи како ХИМАРС може значително да ги нарушат руските логистички операции и движењето на војниците, што на крајот ќе ги забави сите офанзивни планови. Украина сега може „да ги нападне местата каде што непријателот концентрира војници, опрема и складишта за снабдување што се користат за напади врз Украина“, вели Јуриј Повк од Тактичката група Харков, која ги координира воените операции на североистокот. Зеленски минатата недела рече дека Русија собира трупи на само 90 километри од Харков за нова офанзива. Институтот за воени студии анализираше сателитски снимки и потврди дека има „зголемена активност во складиштата и магацините“ во областа. Затоа, способноста да се гаѓаат тие објекти значително ќе ја подобри способноста на украинските сили да одбиваат нови напади во оваа област. Укинувањето на забраната за користење на оружјето од Западот, сепак, веројатно нема да и помогне на Украина да се заштити од руските крстаречки ракети локално познати како КАБ. Тие зад себе оставаат катастрофално уништување и редовно се користат за бомбардирање на Харков и други погранични градови. За да ги спречат ваквите напади, украинските сили мора да ги таргетираат авионите што фрлаат смртоносни крстаречки бомби. Единственото оружје способно да ги пресретне овие авиони со кое Украина располага во моментов е американскиот противвоздушен систем Патриот. Сепак, приближувањето на ова оружје до Харков претставува голем ризик. Шпионските дронови можат брзо да го забележат и Москва може да лансира проектили како Искандер за да го уништи овој скап систем. За да бидат работите поинтересни, Велика Британија и Франција, кои на Украина и испраќаат заеднички развиени крстосувачки ракети кои се истрелуваат од воздух „Storm Shadow“ (или Скалп, како што се нарекуваат во Франција), не ја ограничија експлицитно нивната употреба. Нивниот домет може да биде до 250 километри. Згора на тоа, францускиот претседател Емануел Макрон минатата недела им рече на новинарите: „Треба да дозволиме Украина да ги неутрализира воените позиции од кои се истрелуваат ракетите и, во основа, воените позиции од кои се напаѓа Украина“. Таквата реторика се смета за дозвола за користење на Storm Shadow/Scalp, изјави за Би-Би-Си офицер на воздухопловните сили кој сакаше да остане анонимен. Значи, вели тој, Киев сега може да ги таргетира аеродромите во регионите Курск и Белгород кои граничат со Украина. Сепак, таквите операции ќе бидат ограничени во однос на она што може да се постигне со нив. Украински Су-24 опремен со овие крстосувачки ракети ќе мора да се приближи до руската граница за да ги истрела, што ќе го направи ранлив на руските системи за воздушна одбрана. За вакви задачи подобро се опремени ловците Ф-16 кои се очекуваат до крајот на годината. Претседателот Зеленски признава дека сè уште не е јасно дали украинските партнери ќе дозволат овие ловци да се користат за цели во Русија. „Мислам дека користењето на секаков вид оружје, оружје од Западот, на руска територија е само прашање на време“, рече тој на Нордискиот самит во Стокхолм во петокот. Украинските сили се обидуваат да направат сопствено оружје за гаѓање цели во руска позадина. Некои од нивните дронови нападнаа складишта за нафта и воени објекти на стотици километри оддалеченост од границата. Целта на еден од последните напади беше радарска станица со долг дострел во градот Орск, лоцирана на 1.800 километри од границата со Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВан Дајк ги открива планови за иднината- Дали летово ќе го напушти Ливерпул?Капитенот на Ливерпул, 35 годишниот Вирџил ван Дајк призна дека сè уште не знае дали ќе продолжи да игра за славниот англиски клуб од Енфилд Роуд следната сезона. Договорот на холандскиот централен дефанзивец истекува во јуни 2027 година, а во интервју за „Скај Спортс“ (Sky Sports), тој не ја исклучи можноста да го напушти „Енфилд“ по речиси една деценија. Ван Дајк дојде во Ливерпул од Саутемптон во јануари 2018 година и со клубот освои две титули во Премиер лигата, како и Лигата на шампионите. „Најважно за мене е да се чувствувам добро и да се грижам за себе. Верувам дека можам да играм уште многу години. Ќе видиме што ќе се случи по оваа сезона. Ако некој тврди дека знае што ќе правам следната сезона, тоа не е точно, бидејќи во моментов, ни јас самиот немам поим“, изјави Ван Дајк. Тој објасни дека не сака премногу да размислува за иднината и дека моментално е фокусиран на натпреварите што му претстојат на Ливерпул: „Ова беше неверојатно патување за мене. До летото ќе поминат речиси десет години откако пристигнав, а Ливерпул стана огромен дел од мојот живот. Засекогаш ќе бидам благодарен за сè што доживеав. Дали ќе го продолжам договорот – ќе видиме. Ако не, ќе се збогувам на лето“. Оваа сезона, Ван Дајк останува еден од најважните играчи на Ливерпул; под водство на Андони Ираола, тимот моментално се наоѓа на четвртото место во Премиер лигата по десет одиграни кола, со освоени 18 бода. Холанѓанецот ги одигра сите 900 минути во лигата досега, а во неделното дерби против Манчестер Јунајтед би можел да го забележи својот 350-ти настап во Премиер лигата. Ливерпул оваа сезона има остварено пет победи, три нерешени резултати и два пораза, со што заостанува девет бода зад лидерот на табелата, Арсенал. Во одбраната, Ван Дајк најчесто игра во тандем со 21-годишниот Жереми Жакет, кого клубот го доведе од Рен. Холанѓанецот го пофали својот млад соиграч, истакнувајќи дека – и покрај неговата возраст – тој веќе покажал зрелост неопходна за натпреварување на највисоко ниво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
ЕвропаПожар во ноќен клуб во Никозија – гости останале заробени на балкон Пожар избувнал во ноќен клуб во Никозија, при што повредено е едно лице. Поради чадот околу 50 лица останале заглавени во објектот и се засолниле на балконите каде што останале до гаснењето, при што биле безбедно евакуирани. Портпаролот на противпожарната служба на Кипар, Андреас Кетис, информираше дека околу 2:45 часот добиле пријава за пожар на влез на ноќен клуб во кипарскиот главен град, а од пожарот биле уништени тепихот и паркетот со кои бил обложен влезот на објектот. „Поради чадот, што се прошири на првиот кат, околу 50 лица (гости) останаа заробени во објектот. Еден маж се здоби со изгореници при обид да го изгасне пожарот“, изјавиле од противпожарната служба. Повредениот бил пренесен во болница, а во гаснењето на пожарот интервенирале три противпожарни возила со екипи од противпожарните станици во Никозија.Причините за пожарот треба да ги покаже истрагата, а кипарските медиуми пожарот најверојатно бил подметнат, бидејќи извори од полицијата посочиле дека на влезот била пронајден запалива материја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканНовиот претседател на српското собрание Чупиќ поканет на Самитот во Брисел, но одбил да присуствува Новиот претседател на српското собрание, Александар Чупиќ, кој привремено ја извршува и функцијата претседател на Србија добил покана да учествува на Самитот на Европската унија и Западен Балкан, што ќе се одржи на 25 ноември во Брисел.Од делегацијата на Европската унија во Србија информирале дека Чупиќ изразил жалење што нема да може да присуствува на состанокот, но не ја наведуваат точната причина за тоа. Поканата ја упатил претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Во писмото тој навел дека самитот ќе биде можност за разговор за клучните прашања поврзани со соработката меѓу Европската унија и земјите од Западен Балкан. Инаку, поранешниот српски претседател Александар Вучиќ одби да учествува на Самитот во Брисел во декември 2024 година, незадоволен од тогашната одлука на Европската унија да не го отвори кластерот 3 во пристапните преговори со србија, кој се однесува на конкурентноста и инклузивниот раст.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08