Дали Вучиќ му помогнал на Груевски, прашуваат две српски партии

За бегството на Никола Груевски во Унгарија вчера и денеска информираат сите српски медиуми, а според ТВ Н1, Министерство за внатерешни работи на Србија соопштило дека Груевски нема српско државјанство или пасош.

За бегството на Никола Груевски во Унгарија вчера и денеска информираат сите српски медиуми, а според ТВ Н1, Министерство за внатерешни работи на Србија соопштило дека Груевски нема српско државјанство или пасош и дека се проверуваат информациите дали до Унгарија одел преку територијата на Србија.

Српската опозициска партија Движење на слободните граѓани (ПСГ) на Саша Јанковиќ и Граѓанскиот блок 381 денеска побараа Владата на Србија и Српската напредна партија (СНС) да одговарат која е улога на Белград во бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, оценувајќи притоа дека Србија под власта на СНС станала „безбедна зона” за богатите луѓе кои во своите земји бегаат од правдата.

-Дали (претседателот на Србија Александар) Вучиќ му помогнал размислувајќи и за себе, дали незаконски и наредил на разузнавачката служба БИА тајно да го прифати Груевски и да го спроведе преку Србија зашто сака да создаде пракса која утре и нему ќе му треба, прашуваат од ПСГ и Граѓански блок 381 во соопштението до јавноста.

Наведуваат и дека советникот на принцот на Абу Даби, шеикот Мохамед бин Зајед, Мухамед Дахлан, кој е на меѓународна потерница, има добиено државјанството и орден на Србија, а потоа ја има закупено поранешната претседателска вила на Дедиње.

Граѓанскиот блок и ПСГ додадаваат во соопштението дека Србија му дала азил на поранешен романски пратеник Себастијан Гици за кој е распишана меѓународна потерница за перење пари, примање и давање мито, уцена и злоупотреба на класифицирани информации.

-Движењето на слободни граѓани нема да дозволи, по промена на власта, луѓето кои денес на секој начин ја уништуваат Србија, да ја избегнат одговорноста, се вели во соопштението на ПСГ и Граѓанскиот блок 381 кои го објави опозицијскиот весник „Данас". /МИА

Синер: Морав да се повлечам од турнирот во Мадрид

Италијанскиот тенисер Јаник Синер објасни зошто решил да се повлече од турнирот во Мадрид.

Во четвртфиналето на Мастерсот требаше да игра со Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим, кој сега автоматски се пласираше во полуфиналето, каде што ќе игра со победникот од двојката Данил Медведев - Јиржи Легечка.

- Многу е тажно да го пропуштам мојот следен натпревар овде во Мадрид. Колкот ме мачи оваа недела и болката постепено се влошува. Следејќи ги советите на лекарите, решивме дека е подобро да не играме понатаму. Во текот на следните неколку дена ќе спроведам други тестови и ќе ги следам советите на специјалистите за закрепнување. Ви благодарам за поддршката, напиша Синер на социјалните мрежи.

Оваа сезона 22-годишниот Италијанец освои три турнири - Австралија опен, како и турнирите во Ротердам и Мајами. /МИА

Блинкен го повика Хамас да се согласи за примирје за да им помогне на луѓето во Газа

Хамас соопшти дека ќе одговори „во многу краток период“ на предлогот.

Највисокиот американски дипломат Антони Блинкен го повика Хамас да го прифати планот за примирје во Газа и покрај израелското предупредување дека армијата ќе продолжи да се бори против палестинската милитантна група по каков било прекин на огнот.

Посредниците предложија договор за примирје со кој би се запреле борбите на 40 дена и би се размениле заложници.

Хамас соопшти дека ќе одговори „во многу краток период“ на предлогот.

„Хамас треба да каже „да“ и треба да го заврши тоа“, рече Блинкен синоќа додека беше во Израел на својата седма турнеја на Блискиот исток од почетокот на конфликтот во октомври.

Тој подоцна додаде: „Ако Хамас всушност тврди дека се грижи за палестинскиот народ и сака да види итно олеснување на неговото страдање, треба да го прифати тој договор“. /МИА

Фон дер Лајен во посета на Либан

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во придружба на шефот на кипарската држава Никос Христодулидес ќе престојува во посета на Либан. 

Како што соопшти Европската комисија, предвидено е Фон дер Лајен и Христодулидес во Бејрут да се сретнат со либанскиот премиер Наџиб Азми Микати и со претседателот на Парламентот, Набих Бери.

Либан нема претседател од октомври 2022 година кога истече мандатот на дотогашниот шеф на државата Мишел Аун, а Парламентот од тогаш не успеа да обезбеди мнозинство за избор на негов наследник.

Според најавите, се очекува Фон дер Лајен и Христодулидес на своите либански домаќини да им претстават пакет економска помош за земјата за справување со проблемот стотициите илјади сириски беглаци за кои постои стравување дека би можеле да се упатат кон Кипар, во обид да дојдат на територијата на ЕУ.

Дополнително на средбите ќе стане збор и за билатералните односи, безбедносните предизвиците со кои се соочува Либан и неопходните рефоми во земјата. /МИА

притисни ентер