МакедонијаДали Владата ќе претрпи подлабока реконструкцијаВо „Вреди“ се уште нема конечен договор за министерските позиции во Владата , засега официјално се потврдени само двајца – Беким Сали како прв вицепремиер и Мухамед Хоџа како министер за животна средина, брифираат за Канал 5 од партијата. И покрај тоа што премиерот Христијан Мицкоски ги очекува нивните предлози за, како што претходно кажа, во понеделник да ги достави до Собранието, од Вреди велат дека внатрешните консултации се уште траат и не се знае кога ќе му ги испорачаат на Мицкоски. Тој денеска само кратко одговори дека нема нови моменти за испразнетите позиции и останува на истиот став од пред неколку дена дека нема да има нови ресори за Вреди. Во јавноста веќе се шпекулира со имињата за позициите на ВЛЕН по изборот на Изет Меџити за градоначалник во Чаир. Според неофицијалните информации на Канал 5 Беким Сали покрај прв вицепремиер се планира и како министер за здравство, додека актуелниот Азир Алиу ќе замине на директорската позиција на АЕК. За министерското место во животна средина во игра се две имиња – според едни информации се споменува Недим Рама, според други поранешниот владин портпарол Мухамед Хоџа. Фатмир Лимани се очекува да замине од министерската позиција во социјална политика, а него да го замени Хашим Муртезани. Промена се очекува и во ресорот за европски прашања – Арбен Фетаи од вицепремиерското место за добро владеење да ротира во министерството за европски прашања на местото на Орхан Муртезани, а тој, пак да замине како амбасадор во НАТО во Брисел. Муртезани денеска не сакаше да потврди дали ќе замине за Брисел, единствено кажа дека во моментов во Вреди нема конкретни решенија кој на која позиција ќе биде. - Во рамки на коалицијата ВРЕДИ се уште се разговара за модалитетите на реконструкцијата. Се уште нема финален договор како ќе изгледа реконстуркцијата, кој ќе замине, а кој ќе дојде на функцијата и дали некој ќе замине надвор од земјата. Во моментов можа да потврдам дека се работи на модалитетите и дека нема конкретно решение, истакна Муртезани. Паралелно со кадрите во Владата во Вреди се дебатира и за од поодамна најавеното спојување на коалицијата во една партија, како и за лидерот кој ќе ја предводи. Изет Меџити пред неколку денови изјави дека токму тој и лидерот на Беса Касами се најсериозни кандидати за први луѓе на партијата. Тој како можен модел го наведе примерите од Германија, со ротирачки партиски претседатели или копретседатели. Тагови: влада Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево и релативно топлоУтрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени. Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамНе е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблемГерманската управа за моторни возила (KBA) во петокот предупреди дека, покрај милиони возила на „Volkswagen“ и „Audi“ ширум светот, и околу 1,7 милиони возила на Шкода може да имаат потенцијално опасен дефект.Предупредувањето се однесува на потенцијално слаб шраф во механизмот за управување, кој е подложен на корозија. Во најлош случај, шрафот би можел да пукне, соопшти „KBA“. Минатата недела, агенцијата објави дека сопствениците на 2,16 милиони возила на „Volkswagen“ – конкретно моделите „Tiguan“, „Touran“, „Golf Variant“, „Caddy“ и „Golf“ произведени помеѓу 24 септември 2013 и 1 јули 2024 година – треба да контактираат со сервисен центар за да се изврши проверка и евентуална замена на проблематичниот дел, пренесува „DPA“. Истото важи и за моделот „Audi Q3“ произведен помеѓу 31 октомври 2017 и 23 мај 2024 година. Истиот ден, групацијата „Volkswagen“ упати повик до сопствениците на овие возила да ги донесат на технички преглед. Се чини дека и возилата на Шкода – кои исто така се дел од групацијата „Volkswagen“ – се погодени од истиот проблем со дефектниот шраф. Истото важи и за засега неутврден број возила од шпанскиот бренд „SEAT“. Меѓу моделите на Шкода, под лупа се „Kodiaq“, „Karoq“, „Octavia“ и „Superb“, соопшти „KBA“, без да прецизира датуми на производство. Ова опфаќа околу 1,7 милиони возила ширум светот, вклучително и околу 370.000 во Германија. Извор: Б92Тагови: Volkswagen Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветГолема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинатиБројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП. Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица. „Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса. Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка. Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата. Извор: Б92Тагови: Кенија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook