Дали трагедијата во Кочани една партија се обидува да ја капитализира? - Канал 5

Дали трагедијата во Кочани една партија се обидува да ја капитализира?

Илина Банова студент на Економскиот Факултет прстот го впери во помладокот на Левица, Црвена Младина, групација која сака да ги „киднапира“ студентските здруженија!

Дали трагедијата во Кочани една партија се обидува да ја капитализира?

Едни ја обвинуваат официјална студентска организација Студентско собрание бидејќи дозволиле министерката за образование Јаневска и ректорката Ангелова да се обратат, без да говорат студентите и се залагаат на формирање на студентски пленуми. Други пак, обвинуваат дека со партиски влијанија од опозициски партии се прави обид да се формираат вакви паралелни организации, со цел да се искористи случајот за политички поени.

Илина Банова, студентка од Економскиот факултет во изјава за Канал 5 прстот го вперува кон Црвената младина, која е младинска организација на Левица.

-Како студенти имаме основани индиции и сомненија, според социјалните медиуми, дека политичката партија Левица, со нејзината црвена младина сакаат да ги набедат студентите да организираат студентски пленум. Не смееме да дозволиме било која политичка партија, не само оваа, да не раздели во моменти кога ние мораме како студенти да бидеме сплотени. Очигледно е дека како општество имаме ниска емоционална интелигенција и наместо во овие периоди на болка и тага да покажеме сплотеност, одредени се обидуваат нас да не разделат како студенти,- -Илина Банова.

Од партијата Левица не одговараат директно дали на некаков начин се вклучени во поттикнување на пленумите, но велат дека им даваат поддршка..

-Левица го поддржува независното самоорганизирање на студентите. Побудата за самоорганизирање ја поздравуваме. – одговори портпаролот на партијата Амар Мециновиќ.

Во меѓувреме, иницијативата наречена „Независно студентско собрание“ веќе организира собир на студенти во понеделник на платото на УКИМ. Тие повикуваат УСС да се делегитимира, бидејќи, како што обвинуваат, се бирократизирано тело кои, велат, работи позади грбот на студентите.

Од УСС пак повикуваат на единство помеѓу студентитеи да не дозволат политичките партии и нивните влијанија, преку злоупотреба на состојбата да направат раздор помеѓу нив.

.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Втор ден од посетата на индиската претседателка- ќе ги посети Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје и Охрид

Претседателката на Индија Друпади Мурму на вториот ден од официјалната посета на земјава, денеска заедно со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе ги посетат Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје.

Втор ден од посетата на индиската претседателка- ќе ги посети Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје и Охрид

Претседателката на Индија Друпади Мурму на вториот ден од официјалната посета на земјава, денеска заедно со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе ги посетат Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје, кадешто ќе се обратат на церемонија на откривање на биста на Махатма Ганди.

По церемонијата во Музејот на град Скопје, претседателката Сиљановска-Давкова и претседателката Мурму ќе се упатат кон Охрид, кадешто ќе го посетат манастирскиот комплекс Свети Наум, како и манастири и цркви во стариот град на Охрид.

Вчера, на првиот ден од посетата на индиската претседателката заедно со владината и бизнис делегацијата, на средба во Вила Водно со Сиљановска Давкова, ги потврдија пријателските односи, заедничките вредности и заемната почит меѓу Македонија и Индија.

Ова е прва посета на индиски претседател на државава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Работевме до доцна во ноќта, продолжуваме и утрово – сите екипи остануваат на терен

Екипите на Општина Центар работеа до доцна во ноќта на расчистување на последиците од силното невреме што ја зафати општината. 

Герасимовски: Работевме до доцна во ноќта, продолжуваме и утрово – сите екипи остануваат на терен

Веднаш по невремето беше свикан итен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување, по што сите расположливи служби беа упатени на терен и започнаа со интервенции на најкритичните локации.

Во текот на ноќта беа расчистени повеќе локации во Капиштец, Дебар Маало, населба Пролет и потегот кај Соборниот храм, а екипите интервенираа и во Буњаковец, како и на други места каде што беа пријавени паднати дрвја, оштетувања и опасности за безбедноста на граѓаните.


„Работевме до доцна во ноќта и уште од раните утрински часови повторно сме на терен. Приоритет ни е да ги отстраниме сите опасности и што побрзо да ја нормализираме состојбата. Благодарам на сите служби за нивната пожртвуваност и на граѓаните за разбирањето, трпението и навремените пријави“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.



Општина Центар и понатаму ги повикува граѓаните да пријавуваат кризни локации, паднати дрвја, оштетувања на инфраструктурата или каква било ситуација што може да ја загрози безбедноста на следните телефонски броеви:

📞 075 219 068
📞 076 350 767

Секоја навремена пријава овозможува побрза реакција на терен.



Воедно, апелираме до граѓаните, онаму каде што имаат можност, да помогнат во расчистување на своите дворови и просторот пред своите домови, со цел побрзо нормализирање на состојбата.

Екипите на Општина Центар и денес продолжуваат со интензивни активности на терен и ќе интервенираат согласно приоритетите и пристигнатите пријави, сè до целосно санирање на последиците од невремето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Израел гради ѕид долг повеќе од 23 километри и ја дели Газа на два дела

Газа физички се дели на два дела. Израел гради ѕид долг повеќе од 23 километри.

Израел гради ѕид долг повеќе од 23 километри и ја дели Газа на два дела

Израелската војска во вторникот потврди дека гради голема песочна бариера што го дели Појасот Газа на два дела. Со тоа физички се одвојува областа под нејзина контрола – која опфаќа меѓу 50 и 70 отсто од територијата – од зоните под контрола на Хамас.

Потврдата уследи откако компанијата за сателитски снимки „Planet Labs PBC“ регистрираше топографски промени и ги достави снимките до агенцијата „Асошиејтед прес“ (AP); AP прва ја објави веста, пишува „Џерусалим пост“.

Сателитските снимки покажуваат дека во текот на изминатите неколку месеци се изградени повеќе од 23 километри од бариерата. Трасата се протега низ Појасот, често минувајќи низ области каде што некогаш се наоѓале палестински населби – населби што израелската војска (IDF) во меѓувреме ги срушила.

Со оглед на тоа што Појасот Газа е долг приближно 40 километри, а широк 11 километри на својот најширок дел, песочниот ѕид веќе покрива повеќе од половина од неговата должина. Сè уште не е познато дали Израелските одбранбени сили (IDF) планираат да го изградат ѕидот долж целата должина на Појасот.

Исто така, не е јасно дали целта е да се ограничи Хамас и повеќе од двата милиони Палестинци на приближно 30 проценти од територијата – каде што моментално се наоѓаат – или на 47 проценти, односно делот што му останал на Хамас по прекинот на огнот во октомври 2025 година.

IDF одбија да му дадат на весникот *The Jerusalem Post* дополнителни детали во врска со димензиите, спецификациите или целите на новиот ѕид. Во последните месеци, IDF постепено – и без поголеми борби – го потиснаа Хамас од линијата што опфаќаше 47 проценти од територијата кон онаа што покрива 30 проценти. Израелската војска наведува дека ова е одговор на фактот што Хамас не го започнал процесот на разоружување, предвиден за почетокот на 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер