Дали Тони Зен и Слаткар се скарани и зошто?! - Канал 5

Дали Тони Зен и Слаткар се скарани и зошто?!

Слаткар: „Јас со Панчо имав конфликт сега, пред 2-3 години!”

Дали Тони Зен и Слаткар се скарани и зошто?!

Гледајте „G Carpet” во недела, во 19:30 часот, со Тони Зен и Марко Слаткаристика!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Илјадници фанови се собраа на концерт во Вела Лука во чест на Оливер Драгојевиќ (ВИДЕО)

Во Вела Лука започна концерт за Оливер Драгојевиќ, по повод годишнината од неговата смрт.

Илјадници фанови се собраа на концерт во Вела Лука во чест на Оливер Драгојевиќ (ВИДЕО)

Според организаторите, настанот „Трага во бескрајот“ собра 30.000 луѓе.

Програмата ја отвори Петар Грашо. „Верувам дека нè гледа во оваа ноќ на полна месечина“, рече Грашо, а потоа ја отпеа „Моје прво пијанство“.

Кој настапува?

Централниот дел од настанот, концертот „Трага на крајот“, се одржува вечерва на пловечката сцена пред кејот во родната Вела Лука. Песните на Оливер ќе ги изведат Петар Грашо, Зорица Конџа, Нина Бадриќ, Матија Цвек, Ивица Сикириќ Иќо, Јаков Јозиновиќ, Марко Тоља, Ива Ајдуковиќ, Инес Тричковиќ и Клапа Ошјак. Концертот ќе биде емитуван во живо од Хрватската радио и телевизија, а по емитувањето програмата ќе продолжи со бендот „Анте Гело“.

@hypetelevizija.hr Sve je spremno za veliki koncert posvećen Oliveru Dragojeviću u Veloj Luci. Publika koja će događaj pratiti sa svojih plovila već se usidrila u luci i nestrpljivo čeka prve taktove poznatih melodija. Na pontonu na velolučkoj rivi nastupaju Nina Badrić, Tedi Spalato, Marko Tolja, klapa Šufit, Petar Dragojević, Marko Škugor, Dino Jelusić, klapa Kaše, Eli Žuvela, Antonio Serrano, Miroslav Tadić, Vlatko Stefanovski, Yvette Holzwarth i Ante Gelo ansambl. Biste li radije Oliverove pjesme slušali na barci ili na rivi s ostalima? Napišite nam u komentar. 📹: Čitatelj #hypetv #hypetvhr #hrvatska #velaluka #oliverdragojevic ♬ izvorni zvuk – HYPE TV HR - HYPE TV HR

Овогодинешниот настан започна во недела со концерт на бродот „Јадролинија“, каде што настапија Марко Тоља, Ива Ајдуковиќ и Марио Павлиќ, во придружба на бендот „Анте Гело“. Во вторник, во Ѓардино се одржа концерт насловен како „Младите пеат за Оливер!“, а подоцна истата вечер во атриумот на Културниот центар, книгата „Оливер - Сите нежни зборови на светот“ чиј автор е проф. д-р Зоран Цуриќ.

Програмата продолжува и во наредните денови. Во четврток, на пазарот пред црквата „Свети Јосип“ ќе се одржи концертот „Пријатели од балонот“, каде што ќе настапат Дражен Зечиќ, Ален Нижетиќ, Џулијано, Хари Рончевиќ и Перо Пањковиќ. Настанот завршува во петок со концерт на Нина Бадриќ и акустичниот оркестар „Анте Гело“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Две лица спасени од Охридското Езеро- возеле СУП даски на силен ветер

Со брза реакција езерската полиција спаси две лица во водите на Охридското езеро кои пловеле со даски и поради силниот ветер неконтролирано се оддалечувале од брегот.

Две лица спасени од Охридското Езеро- возеле СУП даски на силен ветер

Вчера (28.07.2026) во 19:55 часот во Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро во Охрид било пријавено дека две лица кои со „СУП“ даски пловеле во водите на Охридското езеро на околу 1000 метри од езерскиот брег, наспроти авто камп во Охрид, со извикување барале помош. Полициски службеници од езерската полиција, веднаш се упатени на посочената локација, по што на околу 2000 метри оддалеченост ги забележале двете лица на даските, кои се обидувале да го одржат пловењето и барале помош. Полициските службеници веднаш пристапиле и презеле мерки за нивно безбедно префрлање на полициските чамци, по што констатирале дека се работи за Е.С.(19) и И.А.(18), двете од Охрид, кои поради нагло влошување на временските услови со силен ветар и големи бранови, со даските се повеќе се оддалечувале и не биле во можност да се вратат на брегот. Тие безбедно биле пренесени во просториите на езерската полиција.

Со цел зголемена безбедност на вода, СВР Охрид и езерската полиција упатуваат апел до сите капачи и корисници на „Суп“ даски или педалинки да не се оддалечуваат од означените безбедносни зони и да ги почитуваат безбедносните мерки, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одржан вториот „Отворен ден“ во Општина Карпош

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, во рамки на активностите насочени кон унапредување на директната и непосредна комуникација со граѓаните.

Одржан вториот „Отворен ден“ во Општина Карпош

И овојпат беше забележан значителен интерес од страна на жителите на Општина Карпош, поради што “Отворениот ден“ траеше до 18:00 часот.

Повеќе од 120 граѓани ја искористија можноста за директна средба со градоначалникот Сотир Лукровски и со раководителите на општинските сектори, при што ги презентираа своите предлози, прашања, иницијативи и барања.

Преку ваквиот формат на директна комуникација, граѓаните имаат можност непосредно да ги посочат предизвиците со кои се соочуваат, да ги претстават своите потреби и да добијат конкретни информации и одговори од надлежните општински служби.

Општина Карпош останува посветена на транспарентна, отворена и двонасочна комуникација со граѓаните, со цел нивните предлози и потреби да бидат активно земени предвид во процесот на носење одлуки и креирање политики од локално значење.

И во наредниот период ќе продолжи практиката на организирање вакви директни средби со граѓаните, со цел дополнително зајакнување на соработката, навремено постапување по нивните барања и создавање пофункционална, поуредна и поквалитетна локална заедница.

Сектор за односи со јавноста

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер