Дали „Сухоите“ ќе летаат во Украина - од одбрана ниту негираат, ниту потврдуваат

Ќе летаат ли повторно речиси 20 години приземјените македонски „Сухој“ авиони, овој пат на украинското небо?

Од министерството за одбрана засега ниту ја потврдуваат, ниту ја демантираат информацијата која што ја објави порталот МКД.МК, дека авионите кои што земјава ги купи за време на конфликтот во Македонија, 2001та токму од Украина, за 4 милиони евра, ги прати како воена помош за Киев на фронтот со Русија.

Точните детали за сите три одлуки, нивната содржина и објаснување ќе бидат декласифицирани и транспарентно објавени. Со досега донесените одлуки, не се нарушува борбената готовност на нашата Армија – Велат од министерството за одбрана.

Ваквиот тип на застарено оружје нема да ни биде корисно, оти станува збор за гаражиран тип на воена опрема кој што не е користен години, смета Стојанче Ангелов, ветеран од 2001-та. Наместо да се уништи, подобро е таа воена опрема да се подари на Украина на која може да и се најде, оти за време на конфликтот во 2001 таа била една од ректите држави која ја снабди македонската армија со оружје, вели Ангелов. Во поглед на борбената готовност, порача дека Македонија е дел од НАТО.

-Со самото тоа што сме членка на НАТО, нашата безбедност е целосно гарантирана бидејќи нападот од било која држава врз Македонија, ќе биде напад врз НАТО и ќе се активираат механизмите на НАТО, – Стојанче Ангелов – Генерал/ директор на ЦУК.

Претходно деновиве беше објавено дека Македонија на Украина и донирала и 30-тина тенкови Т-72, што наиде на реакција од Москва... Премиерот Димитар Ковачевски на вчерашното гостување во вестите на Канал 5 за воената помош кон Украина порача дека земјава секогаш била на вистинската страна, велејќи дека и сега тоа го покажуваме, не само со воена помош, туку и со хуманитарна помош и со згрижување на бегалци.

-Ние секогаш сме биле на вистинската страна на историјата и нашата држава е членка на НАТО и имаме 100 проценти усогласено надворешна политика со ЕУ бидејќи сме држава која што води преговори за полноправно членство со ЕУ. Нашиот народ и нашата држава секогаш, во историјата на нејзиното постоење, сме биле на вистинската страна.- – Стојанче Ангелов – Генерал/ Директор на ЦУК.

Во јуни 2001 година, Македонија од Украина купи четири борбени „Сухој Су -25“ авиони, од кои три се едносед и еден двосед. Конструирани се за блиска поддршка на пешадијата, а за време на конфликтот имаа неколку дејства како поддршка на копнените безбедносни дејства на АРМ. Запаметена остана нивната акција во скопско Радуша..

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер