Дали „стравот“ од камерите на Сејф Сити ќе воведе ред во сообраќајот ? - Канал 5

Дали „стравот“ од камерите на Сејф Сити ќе воведе ред во сообраќајот ?

Дали „стравот“ од камерите на Сејф Сити ќе воведе ред во сообраќајот а со тоа и помалку сообраќајни прекршоци? 

Дали „стравот“ од камерите на Сејф Сити ќе воведе ред во сообраќајот ?

Планиран да профункционира од 1 јануари, Сејф Сити во пробен период на ниво на Скопје веќе регистрира и до 11 илјади прекршувања дневно. Најголем дел од нив се за брзо возење, преминување на црвено и погрешно паркирање. Бројката за регистрирани прекршувања е алармантна, вели за РСЕ началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски.

-Ако со оваа интенција граѓаните не реагираат, ние де факто ќе се заглавиме со плаќање казни и со папирологија. Но јас се надевам дека после периодот на тестот ќе имаме втор период на тест, кога ќе ви стигне известување на домашна адреса дека сте згрешиле, со напомена дека ова е сепак период од 15 дена, тест, без платен долг, но да знаете дека ова ќе ви биде последно.-Сашо Топаловски – Началник на СВР Скопје.

Пред да профункционира Сејф Сити, неопходно е да се изменат неколку закони а за дел од нив постапката е во тек. Тие предвидуваат и сопственикот на возилото со кое е направен прекршок да добие известување на мобилен или на меил, со што се очекува да се олесни процедурата. Сообраќајниот инженер од битолскиот универзитет Стоимко Златковски вели системот ќе има ефект врз совеста на учесниците во сообраќајот особено ако е во комбинација со построги казни.

-Секако дека преземена одредена активност би имало ефект. Пожелно е како оружје на убиец се одзема, така да се одземе и возилото. Значајно повисоки и поригорозни казни, санкции и слично. Сите ние како луѓе пвеќе сме осетливи кога тоа материјално ќе го осетиме по џебот, мислам дека идејата за поригорозни санкции за прекршоци е во ред.изјави – Стоимко Златковски – Сообраќаен инженер.

Ние велиме честопати недај Боже да погрешиш во некоја европска земја, санкцијата е висока и со можни останати реперкусии, забрани за управување со одредени возила, забрани за влез во државата и сл. Се што се презема во тој поглед би дало резултат. Вака луѓето се осмелија да прават разно разни прекршоци и да знаат дека ќе има селективност дека е доволно некој со некаква активност тоа да го избрише.

Зголемите контроли со камери и казните, како и намалувањето на брзината во градски средини од 40 на 30 километри на час, придонеле во Хелсинки во финска минатата 2024 година да нема ниту една жртва во сообраќајна несреќа.

За разлика од европскиот просек пак, Македонија има двојно повеќе жртви во сообраќјни несреќи, речеси по 150 годишно. Последните две беа вчера на критичната точка во која новиот експресен пат Прилеп-Градско се вклучува на автопатот кон Скопје..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“

Во Тиват денеска се одржува  Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на Европската унија и Западен Балкан“, при што главен акцент ќе биде ставен на процесот на проширување на унијата.

Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“

Инаку Германија и Франција испратија нон-пејпер во кој предлагаат постепена интеграција на земјите од Западен Балкан со самитот ќе претседава Антонио Кошта, кој во изминатиот период ги посети земјите од регионот.

Домаќин на настанот е претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп за средба меѓу Путин и Зеленски?; „Не знам...“

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, синоќа изјави дека би било „одлично“ претседателите на Русија и Украина да се сретнат и да постигнат договор за прекин на конфликтот.

Трамп за средба меѓу Путин и Зеленски?; „Не знам...“

Коментирајќи го отвореното писмо на украинскиот претседател Володимир Зеленски за можна средба со рускиот претседател Владимир Путин, Трамп рече дека ја поддржува идејата за директен дијалог.

„Не знам. Мило ми е што можеби ќе разговараат за средба. Мислам дека имаме многу врска со тоа. Мислам дека би било одлично ако се сретнат - треба да го сторат тоа“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа, според Скај њуз.

Тој потсети дека претходно ја поддржувал идејата за трилатерален состанок, на кој би учествувале тој, Путин и Зеленски.

Претседателот на Украина синоќа испрати отворено писмо до претседателот на Русија, Владимир Путин, во кое вели дека Украина е подготвена за прекин на војната и директни преговори на ниво на лидери, а кратко потоа Кремљ соопшти дека Путин ќе биде информиран за писмото и дека Путин рекол дека ако Зеленски сака да разговара, може да дојде во Москва во секое време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ го одобри почетокот на преговорите со земјите од Западен Балкан за укинување на роамингот

Европскиот совет соопшти дека го одобрил почетокот на преговорите со Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора, и за вклучување во моделот „роаминг како дома“, односно укинување на роамингот со земјите од Западен Балкан.

ЕУ го одобри почетокот на преговорите со земјите од Западен Балкан за укинување на роамингот

Моделот „Роаминг како дома“ ќе им овозможува на корисниците од шесте земји од Западен Балкан да остваруваат телефонски повици, да испраќаат пораки и да користат мобилен интернет додека патуваат во странство без да плаќаат дополнителни трошоци за роаминг, под истите услови како и дома.по денешната одлука, Европската комисија ќе започне преговори со секоја од шесте земји на Западен Балкан. Пред да се вклучат во зоната „роаминг како дома“ секоја од земјите треба да спроведе законски измени и целосно да се усогласи со европското законодавство во областа на телекомуникациите.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски неодамна изјави дека укинувањето на роамингот меѓу Европската унија и Западен Балкан зависи од динамиката на унијата, а според оптимистичко сценарио, тоа би можело да се случи на 1 јануари 2027 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер