Дали сте подготвени за квиз во кој среќата и знаењето се спојуваат? - Канал 5

Дали сте подготвени за квиз во кој среќата и знаењето се спојуваат?

Во „Седмо небо“ оваа недела наши финалисти се: Деан од Велес, Светлана од Крива паланка и Илчо од Скопје.

Дали сте подготвени за квиз во кој среќата и знаењето се спојуваат?

Возбудливо финале со најдобрите што не смеете да го пропуштите. Со Државна лотарија, среќата е единствена опција.

Во недела, 22:30 часот, Канал 5 телевизија. Бидете со нас!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства

Хашим Тачи и Јакуп Красниќи се осудени на по 25 години затвор за воени злосторства, Кадри Весели на 18 години, а Реџеп Селими на 13 години.

Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства

Судот: Не е докажано дека сториле злосторства против човештвото.

Во Специјализираниот суд во Хаг заврши изрекувањето на првостепената пресуда за четворица поранешни команданти на таканаречената ОВК – Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи – кои беа обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото поврзани со најмалку 407 приведени лица, од кои најмалку 102 биле убиени.

Тачи и Красниќи беа осудени на по 25 години затвор за воени злосторства во Косово и Метохија, додека Весели доби казна од 18 години, а Селими од 13 години затвор.

Судскиот совет соопшти дека обвинителството не успеало да докаже оти обвинетите извршиле злосторства против човештвото.

Атмосферата во Хаг е напната,поддржувачи на таканаречената ОВК се собрани пред судот, додека Албанци на еден плоштад во Приштина го следат изрекувањето на пресудата на голем екран.

Судскиот совет на Специјализираните совети во Хаг ги прогласи поранешните водачи на таканаречената ОВК – Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Реџеп Селими и Кадри Весели – за виновни за воени злосторства извршени врз цивили и лица кои не учествувале активно во непријателствата.

Според одлуката на Судскиот совет, обвинетите се виновни за военото злосторство на произволно лишување од слобода на 385 лица, сурово постапување кон 49 лица, мачење на 303 лица и за военото злосторство убиство на 96 лица.

Како што беше констатирано при изрекувањето на пресудата, обвинителството надвор од разумно сомневање ја докажа одговорноста на четворицата обвинети за гореспоменатите злосторства и нивното учество во остварувањето на заедничка криминална цел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Деклотетот на Џеј Ло

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез секогаш ги радува своите обожаватели кога објавува нови фотографии на социјалните мрежи, а ниту овој пат не беше поинаку. 

Фото: Деклотетот на Џеј Ло

Сите ги сакаат селфињата на „жешката“ Латиноамериканка.

Најмногу внимание привлекуваат нејзините лежерни изданија – какви што објавување во текот на летото, кога таа ден по ден воодушевуваше со својот избор.

Летото се ближи кон крајот, но славната Џеј Ло не се откажува од лежерните парчиња облека и од истакнувањето на својата извајана фигура, па така на една од фотографиите позираше во широка бела кошула и широки бели панталони што ѝ го истакнуваа струкот.

Но, сепак најголемо внимание привлече, длабокото деколте, бидејќи мегапопуларната пејачка нема ништо облечено под кошулата.

Летово атрактивната пејачка редовно ги радуваше фановите со фотки на кои во преден план бешѓе нејзиното деколте.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тешка несреќа на обиколницата кај Загреб, автомобил целосно смачкан (ФОТО)

Денес се случи сообраќајна несреќа на автопатот А3, меѓу клучката кај мостот на Сава и клучката „Загреб-исток“, во правец кон Липовац.

Тешка несреќа на обиколницата кај Загреб, автомобил целосно смачкан (ФОТО)

Поради сударот, сообраќајот беше целосно запрен накратко, што предизвика колона долга околу два километра. Возилата моментално се движат низ овој дел од автопатот со ограничена брзина од 60 км/ч.

Загрепската полиција за „Индекс“ потврди дека во несреќата учествувале два камиона и три патнички возила. Екипите на итната помош се на терен, но засега нема информации за загинати или повредени лица.

Еден автомобил целосно смачкан

Црвен шлепер директно удрил во задниот дел на бел автомобил; силината на ударот целосно го смачкала автомобилот и го заглавила под камионот, додека жолт камион со кран е позициониран веднаш до нив. Во далечината се гледаат запрени возила на итните служби, како и колона од автомобили наредени по лентата за застанување во итни случаи и по сообраќајните ленти.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер