3Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
МакедонијаДали Советот на Народна банка три месеци носи нелегитимни и нелегални одлукиДали советот на НБРМ, највисокото тело на Централаната банка веќе три месеци носи нелегитимни и нелегални одлуки за монтераната политика ?!?!?!? Иако мандатот на двете вицегуррнерки, Емилија Нацевска и Ана Митреска, кои беа избрани во 2018 година истече лани на 22 октомври, а согалсно Законот за Народна банка ( член 55 ) не подоцна од 2 месеци, односно 22 декемрви, се уште не се избрани нивни наследници... Според законот изборот го прави Законодавниот дом, на предлог на гуверенрот. Иако јавниот оглас беше навреме објавен на почетокот на месец јули 2025 година, веднаш по доаѓањето на функција на сегашниот гувернер Траjко Славески – и натаму останува непознато зошто Славески не направил избор во рокот предвиден во огласот од 45 дена. Канал 5 упати писмени прашања до НБРМ на кој добивме одговор само дека предлогот од страна на Гуверенерот е испратен со Собранието, но без да се прецизира точен датум кога истиот е доставен, а не откриваат ниту пак кои се предлозите на Гувернерот. Од централната банка во одговор на нашите прашања велат: „Во однос на деталите што ги барате (точен датум, архивски броеви и поединечни имиња), станува збор за службена кореспонденција меѓу институции, која се води согласно утврдените административни правила и не е пракса да се споделува во рамки на тековна постапка. Постапувањето се одвиваше во согласност со Законот за Народната банка, како и со одредбите од Изборниот законик, при што беа почитувани ограничувањата што важат до објавувањето на конечните резултати од страна на Државната изборна комисија.“ – НБРМ. Велат од Народната банка, потенцирајќи дека биле испочитувани законски утврдените процедури. Од Законодавниот дом за Канал 5, пак велат предлогот кај нив ситгнал во текот на вчершаниот ден, но повикувајќи се на законот на Народна банка, член 55 став 3 велат се до именување на нов – членот чии мандат истекол ги има истите овлaстувања и ги извршува исисте задачи... „На 17.03.2026 година гувернерот на Народна банка до претседателот на Собранието достави Предлог за именување на двјаца вицегувернери на Народната банка и согласно Деловникот на Собранието Предлогот ќе биде пуштен во собраниска процедура.“ - Собрание на РМ. И покрај тоа што Славески, предлозите ги испратил вчера, во ист ден кога Канал 5 ги испрати и прашањата до НБРМ, сепак останува нејасно зошто речиси три месеци Советот работел со вицегурвнери на кој им е истечен мандататот и зошто навреме не биле избрании нивни заменици, чија процедура можела да се спроведе по одржувањето на локалните избори. А останува отворено прашањето и дали одлуките кои ги носел Советот по истекот на манадатот на вицегувернерките се легитимни и легални? Советот на Централната банка брои 9 членови, 4 се извршни, меѓу кои се и 3те вицегувернери на Банката, и 5 се неизвршни членови. Советот ги носи најзначајните одлуки поврзани со монетраната политика и политиката на девизниот курс. Извршените членови на Советот, односно вицегувернерите, ги именува Собранието на предлог на Гувернерот, а неизвршните, ги именува Собранието на предлог на Владата... Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураАКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зградаСо настанот „Бистро на еден ден", утре, 4 октомври, се затвора 21. издание на фестивалот АКТО. Во периодот од 12 до 16 часот, во дворот на Железничката зграда (ул. Борка Талески бр.26, Скопје) ќе се одржи интервенција во јавен простор, едукативна програма за деца, музичка програма и перформативно готвење во живо. Настанот БИСТРО НА ЕДЕН ДЕН претставува еден од серијата јавни настани/интервенции, развиени во рамките на едукативната платформа ,,Градот како сцена: Изведување на јавниот простор". Еден од главните фокуси во рамките на оваа платформа е активирање на просторот на киното во Железничката зграда, како потенцијален заеднички простор за пошироката заедница на граѓани. Програмата вклучува перформативен настан „Ручаме солидарно" - готвење со колективот ХНУ перформанс и SCEN[ски] дизајн, музички настап на Хана Корнети (12:00) и винил DJ сетови на Chvare (13:00) и SHEF SHEF (15:00). За најмладите е подготвена детската ликовна работилница „Креативна игра", а дел од настанот се и креативната работилница 5 до 12, The Dude Specialty Coffee, пиварата БАК, како и издавачките куќи ИЛИ-ИЛИ и Шарла. Влезот е слободен. Со овој завршен настан, посветен на заедницата и јавниот простор, 21. АКТО [26] ја заокружува петдневната програма, која вклучуваше изведба на перформативен радио есеј, Лабораторија за перформативно-просторни практики, предавање на проф. Радивоје Динуловиќ и доделување на наградата ДЕНЕС 2026. Проектот 21. АКТО фестивал за современи уметности е поддржан од Гете институт Скопје и Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија, како и преку проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт Фонд. Тимот на АКТО фестивал за современи уметностиТагови: АКТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски на „Мото Илинден урбан драјв“Безбедноста мора да биде пред адреналинот - наскоро „Безбеден град“ ќе може да препознава и неносење кацига.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети „Мото Илинден Урбан драјв“ фестивалот, кој од 1 до 4 октомври се одржува на паркингот пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, а чиј фокус, покрај промоцијата на мотоциклизмот, е подигнување на свеста за безбедно учество во сообраќајот. Во рамки на фестивалот се организираат тест-возења, работилници за безбедно управување со мотоцикл, едукација на почетници, правилна употреба на заштитната опрема, како и запознавање на учесниците со законските прописи од областа на сообраќајот. Во едукативниот дел од настанот е вклучен и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Тошковски ја поздрави иницијативата, потенцирајќи дека токму едукацијата, личната одговорност и почитувањето на сообраќајните правила се клучни за поголема безбедност на мотоциклистите, кои се меѓу најранливите учесници во сообраќајот. „Љубовта кон моторите, адреналинот и слободата што ја носи мотоциклизмот секогаш мора да одат заедно со одговорноста. Кацигата и заштитната опрема, почитувањето на ограничувањето на брзината и сообраќајните правила не се формалност – тие спасуваат животи. Затоа ваквите настани се важни, особено за младите и за оние кои првпат влегуваат во светот на мотоциклизмот“, истакна Тошковски. Министерството за внатрешни работи континуирано спроведува засилени акциски контроли во сообраќајот, вклучително и контроли насочени кон возачите на мотоцикли и мопеди, со посебен акцент на брзината, поседувањето соодветна возачка дозвола, употребата на заштитна кацига и почитувањето на останатите сообраќајни правила. Дополнителен исчекор во оваа област е системот „Безбеден град“, кој ги детектира и прекршоците сторени од возачи на мотоцикли, а со помош на вештачката интелигенција системот наскоро ќе може да ги казнува и оние кои не носат кацига и така го загрозуваат својот живот и животот на другите учесници во сообраќајот. Тошковски потенцираше дека резултатите од новиот пристап во сообраќајната безбедност веќе се видливи. Во првите девет месеци од годинава има 33 помалку жртви во сообраќајот во споредба со истиот период минатата година, односно околу 30 проценти помалку загубени човечки животи, додека бројот на повредени лица е намален за околу 19 проценти. Во позитивниот тренд се вклучени и сообраќајните незгоди во кои учествуваат мотоциклисти, а целта е тој тренд дополнително да се засилува. „Овие резултати не се само бројки. Зад секоја бројка стои човечки живот, семејство и нечија иднина. „Безбеден град“, засилените контроли, едукацијата и, пред сè, одговорното однесување на граѓаните покажуваат дека можеме суштински да ја промениме сообраќајната култура. Нашата цел е јасна – помалку незгоди, помалку повредени и што е можно помалку загубени човечки животи“, порача министерот Тошковски. Министерството за внатрешни работи ќе продолжи паралелно со превентивните активности, едукацијата, засилените контроли и примената на современи технологии, со единствена цел – побезбедни улици и патишта за сите учесници во сообраќајот.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter